Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.

|gor

Шмрчем амфетамин
Член од
12 јануари 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.503
A sipcite bile legitimirani pred da vlezat?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.258
Поени од реакции
36.048
Изгребан од лавовска шепа, избоден од трнлива роза, сеуште на нозе стојам, сеуште се борам.

Како што тргнала работава после долги напори во последниве години мислам дека лавовската шепа е на чекор да ги згасне Комити за навек, на голема жал...
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.014
Поени од реакции
7.730
Поздрав до Ханриевци ако уште не знаат дека изгубиле :ROFLMAO:
Која иронија од ко ги забрка полицијата си бегаат пеејќи О Сузана....аххахахаха и после пресврт за две минути два гола.
 
Vas ve legitimiraa pred utakmica?
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.014
Поени од реакции
7.730
Vas ve legitimiraa pred utakmica?
Мене лично не, од друга врата влегов....ќе кажат други членови шо како било, ама мислам дека немаше легитимирање.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.411
Поени од реакции
79.368
Изгребан од лавовска шепа, избоден од трнлива роза, сеуште на нозе стојам, сеуште се борам.

...
Браво момче!
Да се тепаш со Тајрелс и Ланистерс, у исто време, не е шала.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.278
Поени од реакции
41.864
Изгребан од лавовска шепа, избоден од трнлива роза, сеуште на нозе стојам, сеуште се борам.

Како што тргнала работава после долги напори во последниве години мислам дека лавовската шепа е на чекор да ги згасне Комити за навек, на голема жал...
mnogu jaka parola vi bese ovaa
 
ZelenoBel

Нова Битола
Член од
30 април 2013
Мислења
1.486
Поени од реакции
6.790
Не бараја ништо денес кај нас :)
Интересно беше Дивизијата се појавија 2-30 души, искрено не ги слушнав како навиват оти беа многу малце,се палеа многу се гледаше,кефој беа,и морам да кажам дека скоро сите беа полуматуранти.... извадија парола, копа смрди вие сте грди , така нешто... на шо му ги затнавме муцината со : На прсти се броите, во превод : НЕ ПОСТИТЕ ... После извадија тие уште една нешто демек контра на нашата од претходната недела, црна чума да ве сотре.... Поглупа парола немам видено некој да извади :D
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.766
Поени од реакции
12.937
Продолжуваат притисоците и заканите. Дури отидоа до таму да вметнат провокатори кои сакаа да иницираат инцидент, но се одигра многу паметно.
Долг е патот до слободата !!
 
ZelenoBel

Нова Битола
Член од
30 април 2013
Мислења
1.486
Поени од реакции
6.790
како мислиш провокатори?? ваши членови?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.411
Поени од реакции
79.368
Како што тргнала работава после долги напори во последниве години мислам дека лавовската шепа е на чекор да ги згасне Комити за навек, на голема жал...
Шала на страна (од претходниот мој пост), тажна вистина е ова што го збориш.

ВМРО имаше силно влијание врз групата, од самиот нејзин почеток (на партијата, не на групата, која е неколку години по стара од неа).
Ја имав среќата да бидам член и на двете, кога беа во нивниот почеток.
Можеби тоа влијание беше заслужно, за патриотската ориентација на групата, во тие денови (прва половина на деведесети). Комитите имаа сенс, во тоа време да препознаат вистински национални вредности, а тоа, тогаш не беше баш честа слика помеѓу граѓанството, на кое, на пример, му требаше да му се протне добро склопено прашање на референдумот за независност, поради тоа што референдумот немаше да успее, ако во прашањето немаше додадено "со можност за здружување". Во неколкуте години по тоа, имаше се и сешто, а власта, која владееше, беше позната по својата југоносталгија, која не ни ја криеше (види изјавите на Денко, Киро, од тоа време). Ова сето, го потенцирам, за да ја истакнам вредноста на една патриотски посветена група, каква што беа (и се) Комити, во тоа време, кога, верувале или не, да бидеш Македонец, во вистинска смисла на зборот, сеуште беше во очите на народот, еднакво на Бугараш (сето тоа, како остаток на 50-годишната пропаганда).
Од тогаш, па се до ден денешен Комитите никогаш не го сменија колосекот, дури ниту кога нивниот традиционален (да го наречам) покровител, без трунка срам ни перде, тоа го направи. Тоа е само сведоштво за нивната искрена ориентација, а воедно и сведоштво за природата на политиката. Без допир со групата, повеќе време, искрено не верував дека групата има сила (па дури и желба) да се спротистави на куропушачката политика на денешно ВМРО (кога се во прашање Албанците). Но тоа се деси и покрај тоа што тој отпор, во оваа, ваква држава, е сизифовски напор, кој им донесе на членовите само непријатности и проблеми. Да ја имаш за непријател власта денес, плус да ги имаш за непријатели нејзините миленичиња, за кои закони не важат, е стварно смела ориентација, која неминовно почива на искрени пориви. Нема друго.
Иако, предвидувањата со вака поставена ситуација, не се баш ведри, сакам да ви честитам и уште еднаш да истакнам дека сум горд што сум бил член.[DOUBLEPOST=1395599269][/DOUBLEPOST]
A sipcite bile legitimirani pred da vlezat?
ова како забанција го постави, така?
 
Последно уредено:

Од гледиште од страна за целава ситуација може да кажам дека ова е една од најжестоките сезони што ги снајде Комити.

Натпреварите на кои присуствуваа на ФК Вардар се бори на прсти. Првичниот метод кој го употребија беше со менување на обезбедување со затварање на трибини сето тоа изведено со подршка на управата и уфрлени падобранци со јасна цел. Видовме како се направи и паралено здружение Комити од страна на партијаши.

Се преброди и тоа. Единственото место во таква ситуација беше РК Вардар каде што Комити се собираа и ја одржуваа својата љубов кон клубот.

Како што кажав на друга тема законов им дојде како круна на нивните обиди за ставање под контрола на групата.

Сега со овој метод они имаат и институционална и законска основа да се обидат да ја згаснат навивачката група. И РК и ФК Вардар сега станаа забранета зона за Комити.

Еве нека каже некој дали денес на пирати или Чкембари или која било друга група им биле побарани лични карти. Дали некој реагираше што се пееше „Еби ги глупите каури“ на Градски. Јасно е како ден дека законот ќе си има селективна примена кон тие што не слушаат.

Факт е власта гази секој кој ќе и застане на патот. Имаа прилика од 8 години удобно да се сместат и да се всадат во секоја пора на општеството и не се запирливи. Затоа и такво мислење искажав, бидејќи кон оваа власт тешко дека некој може да и пружи отпор.

Овој Закон ќе си се примени таму кај што треба и кон тие што треба со една јасна цел, за тие што не слушаат да се соберат податоци и да им се укаже што ќе ги снајде нив и нивните најблиски.

Може сакаат да си создадат свој Вардар поради некој нивни ќеф по теркот на ЦСКА и Динамо тимовите кои биле формирани во социјалистичките држави од страна на режимот и армијата. Дефинитивно ситуацијата не е сјајна.

П.С.

Гледаме и каква медумска кампања се удри по Комити каде што се трудат по секоја цена да ги зацрнат во секоја негативна смисла. Целта е Скопјани да се срамат или да гледаат негативно на Комити.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom