Леле, омилените ми. Колку само можам да зборам и пак да не кажам се’.Кој приметил долго време ми беа аватар.
Прво и основно, ова е МЕТАЛ БЕНД, и тоа во вистинската смисла на зборот. Ќе најдете написи каде што им се доделуваат и други епитети со кои се пробува да се вметнат и во некоја друга група на музиката.
Ај од нивните почетоци, кои датираат во далечната 1989. Основач на бендот е Ричард Круспе. По игра на случајности и судбина, тој ги среќава Тил Линдеман, Оливер Ридел и Кристоф “Дум“ Шнајдер. Со победата на еден музички натпревар во 1994, се здобиваат со шанса да снимат албум.На истиот натпревар, се запознаваат со Пол Ландерс, кој соработува со Кристијан “ФЛАКЕ“ (не е флејк) Лоренц кој станува нивен заштитен знак, маскота. Со ова се финализира бендот, нивната постава и звук.
Околу името уште во почетокот постоеле контраверзии, така да и ден денес е дискутабилно што навистина значи. Првата и највероватната верзија е според името на една американска база, на која на еден аеро митинг се случила трагедија, се урнале авиони. Името на базата било Ramstein, без едно М. Но, едно големо НО, кога ќе се додаде тоа М што фали, се добива друго значење на името Rammstein. Кога ќе се преведе, значи “набивање камен“.
Вакви и слични контраверзии ги прати во текот на цела кариера. Нормално, сето тоа е плански направено. Обожуваат да си играат со зборовите, особено Тил кој е и автор на повеќето песни. Повеќето песни им се од личното искуство, но вметнуваат и делови од Гете во нивни стил, но го користат и старо германскиот јазик. Заради тоа, песните им се дво/тросмислени кога ќе пробаме да ги преведеме. Едноставно е фасцинантно како им успева тоа, уметници/поети во вистинската смисла на зборот. Заради тоа и имаат неколку пати ноќевано во затвор. Јуни 1999, во Масачусец, заради “оргијање“ со дилдо на сцена. А пак заради имиџот им се припишува и дека се симпатизери на нацистите. ГЛУПОСТ!!! Или пак со спотот на Mein Teil. Обавезно да го најдете и НЕцензурираниот спот за PUSSY
Јас ги открив сосема случајно, кога во 1997 год си го купив својот прв ЦД плеер. И во тоа време немаше торенти и сл, него се купуваа ЦД-а. Јас по некоја случајност отидов во тогашното ЦД Софи, во ТЦ Беверли Хилс, и си купив едно ЦД со Алтернативен РОК. Ма немој да ме јебеш, кој беше тој што ги беше ставил во таа група. Али АЈ, нема везе тоа, го преслушав цело ЦД и песната Du Hast ми влезе во уво од прва. Аууууу, кои се овие? Како да најдам нешто повеќе од нив? Која заебанција сум ја имал додека дознав нешто повеќе за нив, веќе излезе и третиот албум. Важно, вака-така, ги имав сите нивни песни. Албум не можеше да најдеш ни за лек. Затоа песна по песна ги собирав.
Првиот Албум што го имам од нив е Reise Reise и тоа оргинал. Поклон од еден пријател. Нормално, со ерата на торенти си ја комплетирав колекцијата.
Ај да се вратам малку пак на нив.
Од првиот албум (Herzeleid), песна број 1 ми е Asche za asche. Иако Du Riechst so gut е песна која ја открив како број 2 во минатото и е прекрасна, но “пепелот“ ми е некако појака. Само да знаете како звучеше на концерт во 2013 год. УХ, ПРЕЈАКО.
Албум број 2 е Sehnsucht. Од тука Du Hast и Buck Dich.
Третиот Mutter, и можеби најдобриот албум ги дефинира и како уметници, и како звук, и како луѓе кои секогаш размислуваат “надвор од кутијата“. Тука има еден куп одлични песни, така да едноставно ви препорачувам да го преслушате до крај.
Веќе тука копнеев да им отидам на концерт. И да не должам премногу, ќе ги скокнам следните албуми (Reise Reise, Rosenrot и Liebe ist fur alle da) и ќе кажам дека во 2010 и 2013 бев на нивните концерти во Белград. Секој од нив беше ко оргазам. Двата беа комплетно различно конципирани, така да нема да кажам дали првиот или вториот бил подобар. Ама за вториот имам и сведоци.
@ION ,
@Nessa Alcarin беа со мене. И
@zigi812 да не го заборавам. Концерти без грешка, организирани до минута. Евентуално може да се промашат 2-3, али не и повеќе. Гласот на Тил е ист ко на снимките. Нема тука преработување за да се добие ефектот. Се’ е оргинал. А богами и со пиротехниката се “оргинал“. Не постои некој друг кој користи толку многу пиротехника. Од крилата за Engel кои од врвовите исфрла оган од 4+ метри (2010 год), до кровот на Арена, па до пламено-фрлачите на гитарите. Ух, морници ми поминуваат и сега кога ќе ми текне.
Ауууу, цела страна сум напишал, а тек почнав. Е па кога е така, ДОСТА Е, нели?
Уживајте во
Rammstein-Белград 2013, особено 19мин