Го цитирав Стеф, но нека биде прашањево за сите вас тука поупатениве од мене.
Во кратки црти имам моја аптека и сакам да почнам да продавам вакви суплементи (протеини, аминокиселини, топачи на масти и така натаму). Меѓутоа немам појма што би донела и што би се трошело. Прашање до вас е што обично користат луѓево, кои аминокиселини, протеини и слични производи би требало да ги имам за почеток? Како им се движат цените, мислам што е скапо а што ефтино? Зошто вака кога ги гледам јас цените мене се ми е скапо и ако поаѓам од мене јас тоа никогаш не би го купила т.е. никогаш не би дала толку пари за вакви работи, но постојат луѓе што ги користат, па ако не ви е тешко ќе ве замолам за инфо.