Корелација меѓу начитаност и ароганција?

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Проста е темата ама има за зборување.

Дали начитаност, само-прокламирана експертност или професионално прокламирана експертност, на одредена тема ве прави арогантни кога зборувате со луѓе кои немаат толкаво знаење на темата?

Дали пробувате да му објасните на говорителот каде греши и која е вистината или во старт одбивате разговор кога ќе приметите дека некој не знае нешто?

Што правите кога ќе влезете во дебата со некој кој не се разбира а воедно и тера дебата со инаетливи претпоставки направени пресубјективно со многу малку научни докази и искуство за истото? Дали продолжувате да му објаснувате и колку време ви треба за да сфатите дека се што ќе кажете е бесполезно?

Дали на крајот од муабетот ве гледаат како арогантна личност само поради тоа што нивното его е повредено од поради тоа што сте му укажале на говорителот дека скоро се што мисли дека е така - е грешно?

Дали има подобар начин за завршување на муабетот за да не изгледате како некој со преголемо его? Agree to disagree?

---------------------------------------------------

Од друга страна, дали некогаш сте биле во дебата со некој кој навидум не ви личел на експерт на одредено поле само за да ви каже дека се што во кое сте верувале не било точно? Дали ви сметало тоа?

Споделете искуства и мислења.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
У првата секунда проценувам дали праам муабет со отворен или затворен соговорник.
Ако сака само да си каже у шо веруе, слободно, тука нема дискусија.
Ако е отворен и сака да ја чуе и другата страна шо мисли, праиме муабет.
Не убедуем више ништо никого, некако ни сам не се осеќам доволно убеден.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Проста е темата ама има за зборување.

Дали начитаност, само-прокламирана експертност или професионално прокламирана експертност, на одредена тема ве прави арогантни кога зборувате со луѓе кои немаат толкаво знаење на темата?

Дали пробувате да му објасните на говорителот каде греши и која е вистината или во старт одбивате разговор кога ќе приметите дека некој не знае нешто?

Што правите кога ќе влезете во дебата со некој кој не се разбира а воедно и тера дебата со инаетливи претпоставки направени пресубјективно со многу малку научни докази и искуство за истото? Дали продолжувате да му објаснувате и колку време ви треба за да сфатите дека се што ќе кажете е бесполезно?

Дали на крајот од муабетот ве гледаат како арогантна личност само поради тоа што нивното его е повредено од поради тоа што сте му укажале на говорителот дека скоро се што мисли дека е така - е грешно?

Дали има подобар начин за завршување на муабетот за да не изгледате како некој со преголемо его? Agree to disagree?

---------------------------------------------------

Од друга страна, дали некогаш сте биле во дебата со некој кој навидум не ви личел на експерт на одредено поле само за да ви каже дека се што во кое сте верувале не било точно? Дали ви сметало тоа?

Споделете искуства и мислења.
Ретко коа егото дозволуе да нешо заврши со agree to disagree. 99% од случаевите завршуе со општа туча и се врти муабетот на лично ниво, се додека попаметниот не попушти и ја смири топката.
Денес е ретко да се прифати дека двајца може да имаат различни мислења и да остане на тоа.

У првата секунда проценувам дали праам муабет со отворен или затворен соговорник.
Ако сака само да си каже у шо веруе, слободно, тука нема дискусија.
Ако е отворен и сака да ја чуе и другата страна шо мисли, праиме муабет.
Не убедуем више ништо никого, некако ни сам не се осеќам доволно убеден.
Од денес и ја се откажуем.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
1. Дали начитаност, само-прокламирана експертност или професионално прокламирана експертност, на одредена тема ве прави арогантни кога зборувате со луѓе кои немаат толкаво знаење на темата?

Се трудам тоа да не се случи. Секој соговорник се трудам да го сослулушам. А дали успевам секогаш во тоа, не можам сам да проценам

2.Дали пробувате да му објасните на говорителот каде греши и која е вистината или во старт одбивате разговор кога ќе приметите дека некој не знае нешто?

Ретки се тие кои ништо незнаат. Секој човек има одредено знаење. Но ако мислам дека за нешто греши се убедувам да му објаснам.

3. Што правите кога ќе влезете во дебата со некој кој не се разбира а воедно и тера дебата со инаетливи претпоставки направени пресубјективно со многу малку научни докази и искуство за истото? Дали продолжувате да му објаснувате и колку време ви треба за да сфатите дека се што ќе кажете е бесполезно?

Не мислам дека било што е „ бесполезно “. Нашиот Народ вели - Еден муабет - еден век

Мислам дека прашањата кои ги поставуваш наликуваат на „ психолошки тест “ и не ми е јасна целта.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Со ова сум се соочил многу пати и најчесто сум добивал коментари „абе ај ти знаеш“ или пак подсмевање демек еве многу знам и тоа било лошо. Но сепак повеќе пати сум приметил дека изгледам арогантен, кога едноставно се држам до тоа што знам а соговорникот тоа не го знае и не сака да го прифати. Луѓето имаат проблем со тоа што не прифаќаат дека некој друг може да знае повеќе од нив на која било тема.

Решението за ова да не настане е едноставно - ако видиш дека те слуша и е расположен за прифаќање на нештата и дека можеби греши - супер. Но ако почнува со сечење на муабетот или подсмевање, боље откажи се, зашто на крај - ти ќе излезеш глупиот.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.437
Статус кво, кој к*р со темиве... :D

Е сеа вака... Гадот добро го тоа произнесе, некаде тука сум и јас.
Ароганцијата си е од карактер, читал ти или не. Но може и да се стекне ако нешто набрзинка се пројде на матерјалот и се сфати суштината, но не и длабочината (која пред се` зависи од факторот - време). Ти ако прочиташ и ако капацитетот на тоа да го свариш и да ти седи во меморија е сличен на оној на златна рипка, поголема е шанса да те пукне ароганција. Зошто? Затоа што пред се` сите тие што се лупаат со многу матерјал и факти набрзинка го прават тоа со единствена цел - претенциозност во голема мера. Заболени се од егото кое им било повредено во раните времиња при некоја депата кај што испаднале магариња и сеа почнуваат во смисолот на Fight club да покажуваат „знаци“ на начитаност. А во принцип за година дена ништо нема да знаат.
Тој што сака да се унапреди за себе - и искључиво ужива во напреднувањето а не во покажувањето, шансите да биде арогантен се далеку помали. Тој можеби нема да го прифати туѓото мислење, можеби ќе има конзервативни сфаќања по некои теми, но првично тргајќи за себе и знаејќи дека другите не може да ги убеди, тој ќе го зачува своето мислење а туѓото барем ќе го испочитува.
 
S

StormRage

Гостин
Технички карактер или не, секој може да биде арогантен ако веќе стигна до тука. Ако осетам дека сум на некој степен над соговорникот се обидувам да му објаснам дека греши и си стојам цврсто на ставот. Ако е обратно, знам да седам и слушам за истото.
Е се дешава нешто како „врска немаш“ коментари, па фино лепо и културно I'm like, fuck you I'm off и така завршува... паметниот попушта а будалите го владеат светот јбг :)
 
Л

Лигеја

Гостин
Во една тема одамна дебатиравме ми се чини...дали со знаењето растело егото,да,така мислам дека беше.Јас верувам дека е вистина тој исказ само ароганцијата е многу поразлична и произлегува од самата позадина на човекот.Има луѓе кои ги интересира да научат или пак сослушаат и покрај тоа што веќе имаат знаење во врска со темата на разговор.Тоа се добри дипломати,пријателски настроени луѓе со тимски дух или пак ако ништо друго основен респект кон туѓото мислење и најчесто одлично домашно воспитување.
Лично мислам дека е глупост со глава ѕид да удираш,најчесто повеќе ме нервираат луѓе кои не се интересираат да прашаат и да научат од некој кој повеќе знае од нив туку површно и завидливо се трудат да те саботираат со менување на теми односно префрлање на топка на нивни терен затоа што во тоа они се добри.
За завршување на дискусијата мирно треба само да се има осет за дипломатија,малку шарм,малку харизма,малку на нивни терен па враќање на свој,малку спротната сугестија и сила на убедување.Всушност им ''продаваш'' знаење а не ''солиш памет''.Ако налеташ на тврди глави тогаш помагаат само дипломатија во комбинација со факти.Ништо друго.

Го најдов...во темата ''Што е его и како да се елиминира''

Јас мислам дека кога расте знаењето,расте самоувереноста,ароганцијата а со тоа и егото.Потребата да се укаже и наметне мислење е сосема рационална и логична со самото тоа што егото ги дефинира силните и способни луѓе а да напоменам дека и кај животните ја има истата појава било во одмерување на физичка сила,интелегенција или снаодливост.Цел живот сум сметала дека ароганцијата треба да биде заслужена и да има основа.Таквите луѓе се лидери а останатите ги следат по сопствена волја или изнудена покорност.Да не навлегувам во макијавелизмот.Егоцентричните луѓе многу подобро ги штитат своите интереси и се наметнуваат но според мене се додека имаат добра позадина зад себе алудирам на знаење и умешност а во спротивно излегуваат смешни и ја иритираат околината.
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.224
Поени од реакции
7.307
Претпочитам на теми на кои сум добро поткован да разговарам со луѓе кои имаат еднакво или приближно познавање на темата. Не сакам да објаснувам.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: imp
Ф

Флеш

Гостин
Најголем проблем е култура на дебата ..... Најчесто е со ќутење или присилно наметнување ...... Многу ми смета кога некој едноставно не се изјавува дека греши во некој дел ... ок јас погрешив во препоставката ... тоа е дебата ...... едната страна има право а другата страна воошто не одговара соодветно дека погрешил .... јас го практикувам тоа кога грешам, згрешив,признавам .... Правам муабетот да е правилен без наметнувања ..... се има случено навистина кога се нема бон-тон едноставно да не се знае контрола да се има и као шо спомна Исак ..... арогантно однесување .....
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.633
Поени од реакции
31.842
Во последно се помалку и помалку се обидувам да дискутирам за некои работи, некако ми се смачи и од тоа.
Обично кога почнува дискусијата од старт можам да проценам во кој тек би се одвивала, дали личноста има одреден став кој ќе треба да го потврди со зборови, или пак нема заклучено мислење околу тоа прашање па обично тогаш следува оној дел каде преку поголем број прашања го поттикнуваш да размислува и да носи одредени заклучоци, да формира став.
Друга е ситуацијата каде се соочува човек со тврдоглав соговорник. За нештото да биде полошо, може истиот да не го слуша твојот глас, туку да си го слуша само внатрешниот. Ти му објаснуваш нешто, а тој ја размислува својата следна постапка и прашање/одговор, шо да е.
Обично сум смирен при дискусијата, и да знам дека во таа област нештото го владеам подобро од соговорникот, го ислушувам па тек после го изнесувам она на кое стојам. Некогаш се случува не по моја волја, но ако од старт сметам дека ептен ја подутнал работата околу прашањето, да го прекинам и да пробам да го натерам да размисли поинаку. Обично само тогаш се вметнувам и не дослушувам иако често пати внимавам при ваква реакција, колку толку, ако можи да се избегне. Нема потреба од ароганции и ставање во подолна ,,положба" на соговорниците. Може вие да бидете перфектни во таа област, но да има мал дел кој ви излетал, па согоровникот иако општата слика не ја владее како вас, сепак делчето ќе ве натера да размислете и за таа празнина која можеби и не сте ја сетиле. Разговорот е добар и наведува на размислување, но во последно како што кажав, се повеќе и повеќе молчам и сакам да слушам.

Два примери од факултет.

Помлади професори кои постојано го имаат она ЈАС во дискусијата, јас вака, јас така, ова направив, тоа, пишував за списание во странство, предвидов то то и тн и тн, монолози кроз текот на часот.

Најѕвер професор кој во текот на предавањето ги шија овие помладиве, но збор не гугнал за себе, а може да ти раскаже од состојките во кока кола, па до материјалот од кои се прават монетите во некоја држава.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Шешељ не ми ич симпатичен како фаца, ама има од него една интересна, која отприлика оди вака:
Ако си паметен и арогантен, тоа е убаво. Ако си глуп и арогантен тогаш изгледаш поглуп од тоа што си.
Во право е.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Животот е прекраток да го трошам со арогантни санс:P оф а бичови.
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
Начитаноста сама по себе неможе автоматски да ве направи арогантен во никој случај. Тоа би значело дека секој човек кога ќе стигне до една граница што се вика начитаност и дека станува арогантен?! И обратно, дека начитан човек неможе да биде чил? Фак лоџик!

Е сега, ако начитаноста неможе да направи по автоматизам арогантен, одредени животни ситуации можат. Пример?
-Пример, се разбираш во нешто т.е. некоја работа(начитан во одредена област), и ти доаѓа некој некомпетентен, најчесто притоа и не многу и ти се запнува да дебатира со тебе пробува да те разубеди, у себе си вика: ако е тој сручен кога врска си нема, а и згора на се, неговата упорност е поголема и од неговата глупост. Верувам дека секому му се десило нешто вакво или слично нешто. И кога ќе ти се закачи овој упорниов, единствен начин да го откачиш е да примениш доза на ароганција во говорот, зашто таквите обично не се разбираат од добар збор и ако пробаш да се разбереш ко луѓе, никад нема да ти попушти.
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
180
Начитан човек ретко е арогантен напротив би рекол дека начитаниот е скромен додека обично оние што се прават дека се начитани и незнам какви се арогантните бидејќи немаат појма за што кажуваат а сето тоа го кријат со ароганција.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom