Корелација меѓу начитаност и ароганција?

Член од
14 февруари 2013
Мислења
584
Поени од реакции
704
Убаво е да му се помогне на некој што не знае. Човечки е и пријателски. Дали ќе те гледаат како арогантен човек, или човек што се фали (бидејќи се разбираш од многу работи кои тие не ги сретнале), веќе произлегува од интелигенцијата и карактерот на човекот со кој разговараш. Има некои те гледаат како у смисла ги сожалуваш, или им се правиш паметен користејќи ја нивната лоша ситуација. Воедно, не сфаќаат дека ти всушност не си некој кој се прави паметен, или некој кој прочитал 20.000 книги... Ти може да си начитан и да имаш фонт на зборови, но само со читање не се стекнува искуство, добро срце и здрав разум. Тоа е животна лекција.
Не е се во образованието, туку тука е и животното искуство, природната интелигенција, карактерот на човекот, неговото добро срце и неговото правилно гледиште на работите.
Кога човек ќе ги спои мудрото и правилно размислување + неговото добро срце + сопствената висока интелигенција и стекнатото искуство од многу животни ситуации, се добива неверојатен конечен исход, а тоа е паметен и мудар ум кој правилно размислува и функционира. И секако она најважното - добродушен човек!
Секако, и тој „стекнат“ ум може да се надогради и да научи нешто ново кое дотогаш не го сретнал.
Човек учи додека е жив! Дури и научникот може да научи од просјаците на улица работи кои дотогаш не ги сретнал, а се вредни во животот...
 
Член од
3 август 2012
Мислења
431
Поени од реакции
1.012
Тоа што некој има знаење или да не речам се начитал на некоја тема не го прави арогантен. Го прави начитан. Е сега, како ќе го споделува тоа со другите и како се доживува еден начитан човек себеси, тоа е друга приказна. Има полоши од тие начитаните, тие малце што подчитнале и тука цел свет е нивен.
А најлоши мислам дека се оние со титула, со некое звање кое со жед за знаење го именуваат тоа себичното во нив да се прават (бидат) попаметни од сите. Тука мислам дека лежи тоа најарогантното. :D
 
Член од
31 август 2013
Мислења
149
Поени од реакции
338
Најначитаните луѓе што ги познавам (луѓе со стотици прочитани книги) се најненапорните и најмалку арогантни. Имаат што да кажат, ама кажуваат кога има кој да ги слуша. Јас, на пример, имам исто така прилично прочитани книги, што професионално, што приватно, читам сѐ и сешто, сѐ ме интересира, не сум ни срамежлива ни повлечена, напротив, ама во дискусии многу често се повлекувам пред арогантни луѓе. Не дека не можам да излезам на крај, ама некако, со годините, сфатив дека не вреди :). Арогантните, посебно оние кои место аргументи користат иронија и јачина на глас, не вредат доволно да трошам со нив време и енергија за дискусија. Сум имала ситуации кога сум бранела некој став т.е. факт за кој ми викале „А бе ај, нема врска...“ и слично и на крај кога сум докажувала со напишан аргумент значи од книга, документ или слично (ах, младост лудост, на што сум трошела енергија :P) арогантниот соговорник да не се повлече, туку да запне „па немаат врска овие, па ова треба да се смени, па што ако е тоа официјално правило, глупости...“ и тоа нели, како по правило, типот што е арогантен е лаик во некоја област којшто негира нешто кажано од докажан експерт во областа.
Навистина сум убедена дека начитаноста нема врска со ароганцијата, ниту е правопропоционална со неа, туку зависи од карактерот на човекот. Има арогантни луѓе кои се убедени дека за сѐ се во право, а немаат ни половина книга прочитано... Одамна имам расчистено со себе дека оној кому ароганцијата му е најголемиот аргумент едноставно, не е достоен да полемизирам со него. Знаете како велат, ако ѝ дадете шанса на некоја будала, ќе направи сѐ за да ве спушти на свое ниво и да ве победи на свој терен.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Ароганцијата е ствар на несигурност. Сите арогатни луѓе што „ја омекнале“ својата силна страна и покажале надвор од темата блискост и дружба, лично на мене ми оставиле впечаток за длабока несигурност и преиспитување во секоја нареден чекор како и надменост, сила и моќ за сувишни работи врз кои неарогантен човек останува индиферентен и „не фрла мрсули“.

Човек што чита и го разбира прочитаното е добар говорник, со одреден став, елокванција и цврсти аргументи зад кои стои и ги тврди. Доколку начитаниот човек не е добар соговорник и ги чешла работите како што нему му одговара тогаш изнесувањето на мојот став ќе биде сосема доволно, бидејќи убедувањето и наметнувањето само за да се исправи туѓата грешка, автоматски ме префрла на ниво што не е соодветно за добра и здрава дискусија.
 
.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781

Ја не би рекол дека ароганцијата е ствар на несигурност. Зашто некој кој е апла бољи и поуспешен од некој друг или груги не е битно, би се осекал несигурен? Не гледам како искажувањето супериорност на некоја личност која е видлива и докажана, би била демек несигурност? Е сеа дали ароганцијата е ок или не тоа зависи од тоа каква ароганција е, дали е ароганција без основа, односно лажна самоувереност то е стварно глупо и без везе. Дури и ако супериорноста е поддржана со факти пак немислам дека треба да се омаловажи некоја личност само за да се докаже надмоќ, али исто така и не сметам дека ако некој е супериорен треба да се спушти на сечие ниво, и да тактизира по секоја цена само за некој не се осека инфериорно.
Немој да кажеш дека ти не си била арогантна? Немој да кажеш ти или било кој од овде на форум дека не се осека супериорен над некој? Па секој ден се врти муабетот леле колку глупи луѓе има, а шо значи тоа? Не е тоа ароганција и супериорност? Ти мислиш дека треба да се ставаш себеси во ист кош со секој?
 
Глуп е констатација, арогантен е надмоќен и дрзок човек кој мора по секоја цена да наметне став и да исправи туѓа грешка за да го задоволи своето его. Постојаната жед за задоволување на своето его е поттикнато од несигурноста за постојано некој да се докажува на погрешниот начин. Едни како состојба на своето его ги влечат конците од позитивно упатените критики врз база на одредено постигнување, проект или реализирана цел, а останата багра се храни со продлабочена неподносливост кај луѓето со кои контактираат.

Смешна ми е дискусијата околу заслуженоста на титулата во Македонија. Успешноста ако ја мерам заради одредено звање пред името и презимето, за мене е грешно перцепирање на реалните работи и општествено - вистинската структура и хиерархија. Впрочем, колку поголем гад и нечовек си толку повисоко ти е местото во општеството. И тоа е одобрено од широката маса, и затоа станува масовна потреба за промовирање на нови и идни вредности околу успешноста, одобрувањето на ароганцијата и моќта како орудие кое што е вперено во туѓи човечки животи и судбини.
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821

Ако некој е арогантен тогаш не е супериорен има една многу слаба точка- суета.:)
 
.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Глуп е констатација, арогантен е надмоќен и дрзок човек кој мора по секоја цена да наметне став и да исправи туѓа грешка за да го задоволи своето его. Постојаната жед за задоволување на своето его е поттикнато од несигурноста за постојано некој да се докажува на погрешниот начин. Едни како состојба на своето его ги влечат конците од позитивно упатените критики врз база на одредено постигнување, проект или реализирана цел, а останата багра се храни со продлабочена неподносливост кај луѓето со кои контактираат.

Смешна ми е дискусијата околу заслуженоста на титулата во Македонија. Успешноста ако ја мерам заради одредено звање пред името и презимето, за мене е грешно перцепирање на реалните работи и општествено - вистинската структура и хиерархија. Впрочем, колку поголем гад и нечовек си толку повисоко ти е местото во општеството. И тоа е одобрено од широката маса, и затоа станува масовна потреба за промовирање на нови и идни вредности околу успешноста, одобрувањето на ароганцијата и моќта како орудие кое што е вперено во туѓи човечки животи и судбини.
Прво зашто ми е глупа констатацијата? А второ зашто одма ја мешаш македонија и хиерахија?
Ти сакаш да кажеш дека досега никогаш не си се осетила супериорна над некој? Дека сакаш да си во секој кош заедно со секакви луѓе?
Ја неможам да сфатам која е потребата сите да се добри? Сите да се еднакви? Секој ден се плука по оној кој ви стои до рамо, или ќе ви забие некој нож у грб и демек вие сеуште мислите на општото добро?
Одма квази психологии за тоа како секој сто е самоуверен и арогантен е демек лош? За некој да каже дека некој е арогантен или супериорен, тогаш тој треба да се осека инфериорен, таква е хиеархијата, постоела и уште постои а по мое и треба да постои
 
fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
256
Ајде да кажам лично за мене. Обожавам кога зборувам со начитани и некој што ја познаваат ситуацијата, обожавам и со оние кои не ја разбираат ситуацијата, а најповеќе обожавам односно преферирам кога зборувам со некои кои имаат контра став од оној мојот а ја разбираат ситуацијата. Накратко и ќе објаснам на што ги базирам моите ставови :

- Кога зборувам со начитани кои што ја познаваат ситуацијата можам да споделам мислења за ситуацијата кои ќе бидат разбрани и нормално одговорени. Преферирам дискусија на такво ниво.

-Кога зборувам со оние кои не ја разбираат ситуацијата задоволство ми е нешто да објаснам, е сега тука проблемот е и начинот на кој ќе ја објаснам својата констатација, дали ќе биде про или анти настроен, затоа секогаш се трудам да кажам што мисли и другата страна (контра моето мислење што имаат) за случајот. На крај излегува дека сум добро разбран. Има една добра тактика, на секое ПРО давај Контра. 2:2

-Кога зборувам со оние кои имаат контра мојот став целта ми е условно кажано да се издигнам во дискусијата со тоа што ќе дадам јасни ставови односно критики кои би го „поразиле“ ставот на спротивната страна. Интересно е што во такви дискусии можеш да ја видиш ситуацијата од друга перспектива, да видиш како он размислува и одма сваќаш на што се таложат ставовите контра твоите.

Лично за мене :)
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Прво зашто ми е глупа констатацијата? А второ зашто одма ја мешаш македонија и хиерахија?
Ти сакаш да кажеш дека досега никогаш не си се осетила супериорна над некој? Дека сакаш да си во секој кош заедно со секакви луѓе?
Ја неможам да сфатам која е потребата сите да се добри? Сите да се еднакви? Секој ден се плука по оној кој ви стои до рамо, или ќе ви забие некој нож у грб и демек вие сеуште мислите на општото добро?
Одма квази психологии за тоа како секој сто е самоуверен и арогантен е демек лош? За некој да каже дека некој е арогантен или супериорен, тогаш тој треба да се осека инфериорен, таква е хиеархијата, постоела и уште постои а по мое и треба да постои
Не е глупа твојава констатација, туку констатирање е кога ќе утврдиш дека нешто или некој е глуп. :D
(Не) еднаквоста не е стимулирана само од општеството, многу фактори се вклучени и ја конструираат. Инаку ти се супериорен над циганот, јас над тебе, професорот над мене, оној од другиот континент над него и тоа формира еден систем на подредување на нештата по реален основ. Арогантниот човек мисли дека над се` е супериорен.
Конташ?
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
671

А што во случај кога еден доктор по реален основ е над пациентот ама покажува и надменост само према истиот. Граничи ли тоа со ароганција или е сосема нормално затоа што е супериорен?
 
Или примерот со директорот.
Потребно е да утврдиме дали е нормално доктор да се однесува надмено?
Затоа што освен докторот и шоферот на автобус е супериорен над 30 други животи, пилотот над стотици, политичарот над илјадници... Супериорноста не треба да биде подлога за ароганција. Оттука јасно ми е зошто горенаведените се ароганти, единствено со исклучок на пилотот.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.399
Поени од реакции
38.885
Ароганцијата треба да е заслужена , во спротивно си wannabe доктор Хаус.
 
.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Или примерот со директорот.
Потребно е да утврдиме дали е нормално доктор да се однесува надмено?
Затоа што освен докторот и шоферот на автобус е супериорен над 30 други животи, пилотот над стотици, политичарот над илјадници... Супериорноста не треба да биде подлога за ароганција. Оттука јасно ми е зошто горенаведените се ароганти, единствено со исклучок на пилотот.
Значи супериорност е надреденост, повисок степен на развој, повисока положба у социјална, биолошка или интелектуална смисла, а тоа ти шо го кажуваш за шоферот и пилотот и политичарот е job description не е супериорност.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Значи супериорност е надреденост, повисок степен на развој, повисока положба у социјална, биолошка или интелектуална смисла, а тоа ти шо го кажуваш за шоферот и пилотот и политичарот е job description не е супериорност.
Многу е просто, не постои човек што знае се`, па според тоа не постои супериорност во таа смисла. Со правилно толкување на зборот „супериорност“ (предност, надминување) доаѓаме до заклучок дека одреден човек надминал друг човек во одредено поле на знаење, а не во се`. Не постои такво нешто.
Докторот ако е надмоќен во полето на медицината над пациент (шофер), истиот тој ќе биде надмоќен над 30 патници со самото седнување зад воланот, а меѓу нив ќе се наоѓа доктор. Секако, ова важи доколку предмет на дискусија е човечкиот живот. Двајцата се моќни, во две различни ситуации и во две различни области, али суштината е таа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom