Музичко име на тапет : Coldplay

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Бидејќи немаше никаков предлог ново музичко име на тапет: Arctic Monkeys

Arctic Monkeys е формирана во 2002 година од страна на Алекс Тарнер(главен вокал,гитара),Џејми Кук(гитара),Ник О'Мели(бас гитара,пратечки вокал) и Мет Хелдерс(бубњеви).

Нивниот прв албум Whatever People Say I Am, That's What I'm Not објавен во јануари 2006, стана најбрзопродаваниот албум во историјата на Британската музичка историја поминувајки го Definitely Maybe на Oasis. Нивниот втор албум Favourite Worst Nightmare објавен на 23 април 2007 во првата недела се продава во повеќе од 225 000 копии.

Награди:
Best British Album and Best British Group at the BRIT Awards in 2008.

Жанр: Инди рок,психоделичен рок,пост-панк.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.441
Брао Скај за темава (y)

Според мене Манкис се најдоброто нешто што и се случило на музичката сцена во последните можеби 10 години. Нема подобри, поенергични, поразновидни луѓе кои се појавиле во последно време. Нема човек што ги слушнал, а да не ги свиѓа, за сечиј вкус се наоѓа добра песна :LOL:. Ако се најде барем и еден хејтер на темава ќе го паљим со бенѕин :вонзем:.

Јас почнав да ги слушам уште од кога излезе When the sun goes down и се вртеше спотот на МТВ Адриа, ама дете тогаш, што разбирав, ми беа онака-мех, рок бенд, не сум јас за такви работи :pos:. Не дека не ми беше убава песната, ама уште не ми беше времето тогаш да ги засакам со цело срце. После, кога излезе вториот албум, тотално ме освоија со Fluorescent Adolescent, па едно сабајле начекав Top 10 at 10 на MTV и почнав и официјално да се декларирам како нивни фан. Памтам дека на прво место беше Fake Tales и се чудев како тоа некоја песна да е подобра од Fluorescent...:pos:. Humbug кога излезе ми беа малку чудни, не го сакав баш најмногу албумот на почеток, многу голема промена имаше од веселиот и брз стил на првите 2 албуми, ама сега можам да кажам дека е можеби нивен најдобар, во тесна битка со AM. Е, сега очекувам и тука да се развие дискусија за стари версус нови Арктик Манкис, ама јас повторно ќе останам на ставот дека не се sellouts и дека едноставно менуваат стил и експериментираат и нормално се во потрага по нови фанови.

За сите оние за кои Манкис се тотални анонимуси (освен се разбира Do i wanna know, неа и најзакоравените турбофолкери кои А не разбираат од Арктик Манкис, ја објавуваат и ја слушаат) најтопло ви препорачувам да истражувате и да не останувате само на една песна, бидејќи не се бенд со само една добра песна. Почнете од првиот албум - највесел е и ќе ви го крене расположението за 5 минутки.

Да одберам омилена песна - не можам. Топ 10, исто така тешко. Во зависност од расположението-можам, ама генерален топ 10, тешко. А, видеа? Каде без видеа :D. Прво една споредба меѓу настапите во живо сега и на почетокот:
2005

2013
Различно е во многу погледи, се гледа недостатокот на енергија, ама тоа е неминовно. The boys grew up, they're proper men now. Евидентно е дека сега се курчат на сцена. Да, се курчат ама им се може. Со Do i wanna know направија рок химна која според мене е еднаква на Smells like teen spirit, Whole lotta love и сите епски безвременски песни. По 10-20-30-50 години песна по која ќе се памети овој период ќе биде токму нивната песна. И јас би се курчел на нивно место, а и кој не би кога би знаел дека цел свет го слуша. Тоа што е Smells like teen spirit за 90тите, тоа е Do i wanna know за оваа декада. Мило ми е што живеам во овој период и сум современик на Арктик и што ќе можам на внуците да им кажувам за тоа, исто како што сите тинејџери од 90тите ќе го кажуваат тоа за периодот на Курт.

Многу голема пауза без песна :D.
За крај, морници ме лазат кога ќе ја слушнам публиката како ечи :drk::love:

Заборавив, сепак можам едно нешто да издвојам како омилено :D . Matt Helders повеќе од Alex Turner :LOL:. Ептен ми е срцка, сите погодени, дотерани на сцена, тој по тренерки, ко од дома да го собрале :pos:.[DOUBLEPOST=1394503072][/DOUBLEPOST]
Награди:
Best British Album and Best British Group at the BRIT Awards in 2008.
Истиот успех го повторија и годинава, а и во 2007 :).
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Некаде 2007-ма некаде отприлика прв пат ги слушнав по препорака на еден другар. Тогаш ми беа добри, ама не ни се замарав да побарам нешто повеќе од нив. Имаше супер песни на тој албум но не ми беа нешто што би ме задржало. После некое време реков „Ај да слушнам што друго имаат“ и симнав уште 2 албуми. Вториот им беше онака добар. Не беше нешто посебно, ама не беше ни лош. Третиот разочарење. И толку. Престанав да ги слушам комплетно. Некни си помислив да пробам уште нешто од нив, можда се опраиле, пуштам нешто од новиот албум и сеа знам дека нема воопшто да ги ставам некогаш у плејлиста.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Беа таман, сега се испедерија маскимално. Пример за бенд со промашена музичка еволуција. Ни созревање ни крастајци, ПЕДЕРАНА глупа, тупа :D

Првите два албуми се ОК, весели, динамични, ја освежија сцената како што доликува. И со таа формула имаа успех и прифатеност од публиката. Извадија хитчиња во своето време, онака добри за урлање и забава низ ноќните кафичи кои милуваат рок музика. Ги даваат чат пат на Vh1, некогаш MTV и беше забавно и интересно, но пред се, беше природно.

Со наглото менување на албумот и визијата на бендот, заминаа у курац. Постојат бендови кои си го тераат тој кремопедерски рок и јаки си се во тој правец на кремопедерана, овие сега улетаа и сакаат демек да ги престигнат, но и за тоа не ги бива бидејќи не почнаа како така, па сега демек се ,,дефинираат" дополнително(жими к..) се дефинираат. Овие идат нешто како кремоП, но со малку поаматерска жичка оти имаа некоја даска на која рипнаа од едно нешто во друго нешто. Од последниот албум, освен Ду Ај ванна НоУ која е само добро мелодична песничка, другото не го бива за такво. Ептен ептен лошо! Не да сум хејтерски настроен, ама и после 3 слушање да не ми легни и збоди слух некоја песна...лошо е, сум испитал преиспитал. Ко некои шо престанаа да го гледаат Декстер после 4-та сеозна, јас официјално престанав да ги слушам после последниот албум. Си има убави бендови и понатаму без нив.

За она добра добра добра стара времена.

 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Јас само ќе се надоврзам на турви одозгоре. Првите албуми ми се ок. Ду ај уона ноу е ебено заразна и потајно ја обожавам. Другото од последниот албум ми е пф. Напраен за продавање, за лесно освојување на тинејџерките и текстови шо нив ги гаѓаат. Музиката исто плитка.

Те весела песничка од порано.

 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Koментирајте море, ајдеееееее.
 

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Do I Wanna Know песна на последнава декада? Ма немој да ме јебеш бре :icon_mrgr: Песнава ми е најпреценетото нешто во последнава година, не дека е толку лоша, туку по 10 пати на ден ја гледам на фејсбук шо дури и одбивна ми стана...
Инаку, не ги имам асолно преслушано дечкиве, на listen list ми се уште :icon_mrgr:, само Why do you only call me when you high им ја знам, и таа ми е онака..meh...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.951
Поени од реакции
8.302
Не сум коментирал на темава никогаш ,ама кога се во прашање Артик Манкис ќе искоментирам иако не ги слушам премногу
eдна од низдата добри песни на групава

Последниот албум не сум го слушал целосно

но од она што су слушнал и им е супер е ова

 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.441
Do I Wanna Know песна на последнава декада? Ма немој да ме јебеш бре :icon_mrgr: Песнава ми е најпреценетото нешто во последнава година, не дека е толку лоша, туку по 10 пати на ден ја гледам на фејсбук шо дури и одбивна ми стана...
Инаку, не ги имам асолно преслушано дечкиве, на listen list ми се уште :icon_mrgr:, само Why do you only call me when you high им ја знам, и таа ми е онака..meh...
Пу, сето хејтеришта сте се збрале :place:

Кажи друга песна шо е во секоја смисла подоминатна?
 

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Пу, сето хејтеришта сте се збрале :place:

Кажи друга песна шо е во секоја смисла подоминатна?
Што подразбираш под подоминантна? Попопуларна? Ако збораме за популарност Биберот е најпопуларен :icon_mrgr:

Ете Скај кажа дека првиот албум им бил најбрзопродаван албум на сите времиња во Британија.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.441
Што подразбираш под подоминантна? Попопуларна? Ако збораме за популарност Биберот е најпопуларен :icon_mrgr:

Ете Скај кажа дека првиот албум им бил најбрзопродаван албум на сите времиња во Британија.
Мислев на песна на декадата. Според тебе која е од рок жанрот?
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Мислев на песна на декадата. Според тебе која е од рок жанрот?
Рано не е за декадава? :)

Прво мене што ми текна од одма, е песнава, ако добро размислам можеби ќе се премислам, но во секундава останувам со овој ум.

 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Инаку братов има и соло албум, поакустичен е, ок е, ништо претерано, али ок за одмор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom