Драга Кајгана,
Знаеш ли како се чуствувам... се чуствувам како парче земја, остров кој сите го гледаат, но никој несака да стапне на него. Се чувствувам како една одаја во која секој влегува си ја кажува својата мака, таму и ја остава, а потоа си заминува.... на никого не му е битно дали таа одаја треба да се одржува, дали таа одаја ќе се сруши..... сите на таа одаја гледаат како на нешто кое има јаки темели, се ќе трпи, но и ќе ќути. Се чувствувам отфрлено, но не поради тоа што на некого сум му нанел зло, туку отфрлено затоа што сум премногу добар, а останатите тоа не го ценат.
Многу сум среќен што сум искрен, што не сум дволичен и лицемерен, но гледајќи дека луѓето не ја ценат таа искреност сум тажен, тажен сум што не сум научен да бидам добар глумец и лицемерен, па да можам со секој и секого да комуницирам. Навикнат сум да гледам добри луѓе, не сум навикнат да гледам лоши луѓе.......
Одсекогаш кога ќе сум сретнел лош човек сум гледал да го избегнам, но тоа било така затоа што не сум сакал да го повретам и со помислата дека ако бидам добар нема да се сврти кон мене.
Но всушност баш ние добрите луѓе сме биле целта на лошите луѓе, целта која треба да биде исполнета, на тој начин што ќе те повредат.
Многу ми доаѓа тешко кога оние кои највеќе ги сакаш ти кажуваат дека ти си оној кој треба да се потисне, да му попушти на лошиот, кривиот и неправедниот само за тој да не биде повреден. Секогаш јас сум тој што треба да попушти и да се повлече за другиот да не биде повреден.
Но баш тој, другиот е оној неправедниот, лицемерниот, дволичниот кој во очите на останатите, во очите на оние кои мене ми значат зацртал слика дека е добар и праведен, а јас знаејќи колку и да се трудам тоа да им го кажам, докажам, на крајот секогаш повторно неправедниот е Ок, а јас не.
А всушност што сум јас, јас што сум... мене ме гледа ли некој, на мене мисли ли некој..., ако секогаш нешто преминувам без да биде оштетено. ако секогаш прогледувам низ прсти тоа незначи дека јас сум суштество без чувства... и јас сум човек кој има чувства..., зошто тоа никој не го гледа, туку секој го гледа начинот на кој гледам да се одбранам.... јас не сум крив што не живеам лабаво и што се замарам со тоа што ќе биде утре, зошто секогаш пред нешто да направам јас гледам тоа да биде сигурно и цврсто, зошто ако падне знам дека ќе нема кој да го придржи за да не падне.... тоа е така зошто сум научил да се бранам од секоја можна опасност која може да ми наштети и тоа пред таа да дојде.
Кога ќе избувне некој проблем дали дома, дали на работа сите велат како овој може да го средува и премине тој проблем без око да му трепне, онака ич не се замара, а уствари никој незнае како мене ми гори под нозе и како срцето забрзано ми бие, чувствувајќи болка во градите, како од страв шеќерот во крвта ми паѓа и почнувам да се тресам.... на никога за тоа не му е гајле за тоа мене како ми е, затоа што за мене сите мислат дека сум доволно силен и дека се можам да претрпам.
Но и покрај тоа што во мене се гори и од потиснатост плаче секогаш има една светла точка која секогаш кога и да ми е тешко ме поткрева, секогаш ме придржува. Тоа е мојот Бог, Христа и светците.... сите тие ми даваат желба и сила за понатаму да продолжам. Секогаш кога ми е тешко тие се оние кои јас ги молам, а тие ми помагаат. Знам дека еден живот има и дека тој живот треба максимално да се живее и исполни со убави моменти, нешто во кое ќе уживаме.
Јас со сите сили се трудам животот се подобар и подобар да го направам, но колку и да е тешко сепак имам желба, вера и надеж дека ќе успеам.
Пишувајќи го ова плачам, затоа што само јас знам како е тоа да го доживеам и почувствувам.
Но сепак ми е мило што имам цел во животот, мило ми е што се трудам со сите сили да ја исполнам таа цел. Јас не барам ништо повеќе од тоа да живеам убав човечки живот, не барам ништо повеќе од тоа целото мое семејство да се здрави и живи, од тоа да имам куќа во која ќе живеам со мојата идна жена и моето семејство, со моите деца. Не барам ниту да сум бизнисмен, ниту да бидам познат... едноставно барам да имам нормален, среќен и мирен човечки живот исполнет со среќа, радост, здравје и смеа.
Не губам желба, вера и надеж, затоа што тие се оние кои ме крепат во мојот живот. Затоа секогаш ќе гледам напред и ќе се трудам во мојот живот да одам на се подобро и подобро