Дали ви е гајле што другите мислат за вас?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dynamo
  • Време на започнување Време на започнување
D

Dynamo

Гостин
Дали ви е гајле што другите мислат за вас ?
-Очекувам ваши одговори.
 
Последно уредено од модератор:
Не. Едноставно не се замарам со тоа што кажал и што мисли петко, станко за мене... од секогаш постоеле, постојат и ќе постојат луѓе чие хоби е да се занимаваат со останатите околу нив, а ти колку и да се трудиш да бидеш добар за да имаат за тебе добро мислење, они тоа нема ни да го приметат, едноставно ќе си тераат по свое со свое мислење за тебе, а не за тоа каков си навистина ....... на таквите не треба да му придаваш внимание, едноставно Живеј го животот и биди тоа што си :)
 
Да гајле ми е.
 
Ми е гајле, но не до таа мера да сум опседната со тоа и да гледам на сите да им угодам. Свесна сум дека не можат сите да ме сакаат, исто како што јас не можам сите да ги сакам.
Порано се дешавало да ме погоди кога ќе слушнам дека некој кажал/мисли нешто лошо за мене. Сега поретко.
И не им верувам на оние што велат дека воопшто не се замараат за тоа што мислат другите за нив. Луѓе сме, во нашата природа е да сакаме да оставиме добар впечаток, разликата е во тоа што некои вложуваат многу труд во тоа, а некои едноставно сфаќаат дека е невозможна мисија и не се потресуваат премногу.
 
Нормално дека на секој "му е гајле" што другите мислат за него. Кој мисли поинаку е во заблуда околу тоа како функционира човечката психологија.
 
528323_389145364556068_1886093912_n.jpg


Нека трепка сликчево на темава. На сите му е гајле што мислат другите, со таа разлика шо имаш нијансирање, некои се опседнати со што мислат определени луѓе, идоли кон кои се стремат да се доближат или улижат, некои се опседнати буквално со се шо мрда како зборува и како гледа на нив, вторава група полека полека ја напуштам...
 
Ако не ви е гајле кој што мисли за вас, зашто тогаш секое сабајле има по 20 пријавени мислења? :свиркам:
 
Кај мене е едноставно, жените ме сакаат и посакуваат мажите ме мразат не можам тука многу да смемам па не се ни секирам.
 
На мене лично да. Сакам луѓето да имаат позитивно кон просечно мислење за мене затоа што не глумам пред другите и сум тоа што сум а истовремено свесен сум за своите доблести и слабости. Не ми пречи толку некој отворено да има лошо или негативно мислење за мене затоа што со дијалог би можеле нешто да разјасниме, проблемот е она трачарското јадење фецес зад грб и отворен хејт додека пред тебе ти се супер колеги/другари или што и да е.
 
Ми е гајле само една личност што мисли за мене другите smiley-finger004.gif
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom