Генерално сум презадоволен од серијава, сценографија, режија, музика, целата меланхолична атмосфера си беше екстра.
Каркоса одлично претставено, морбидност на високо ниво, сцените и режијата ежење но како некој членови и јас очекував малце повеке на крај, останаа неразјаснети некој работи околу култот и не остана само ликот со лузната туку Татл фамилијата е сеуште вмешана во ова значи они фатија еден лик што е подоле од нив, што лесно ке се замени со друг психопат или meta psychotic како што го нарече Раст во првата епизода
И на мене исто не ми се допадна сцената на крај кога Раст почна да филозофира за задгробен живот, филозофии што потполно ги демантираше со неговите теории претходно па малце ми го заебаа ликот, и метафората со тоа дека светлината сепак победувала што во самата серија тоа се демантира со тоа што Татл фамилијата сеуште ке си ги прави тие грозни работи и психопатот ке биде заменет со друг, значи крајот малце исфорсирано хепи, но како и да е, генерално одлична серија, презадоволен сум.