Ми треба ваш совет ..... добив од пријател ,ми изгледа ок план за вежбање тежински вежби .... слабеење праам , намалување на килограми .... од 105 кг > 80 кг посакано ... 171 см .... вол ... ок ....

Супер ли се вежбиве,супер ли е планот според вас, дополнувања , измени треба ли ?! СМетам на вас дека имате далеку поголемо искуство ....
Не знам колку е паметно тежински тренинг и кардио заедно да правиш. Не сум сигурен дека би го издржал тоа, судејќи по твојата физичка состојба. Без навреда, и ја се ставам во истата група

183цм/100кг сум.
За тоа што сакаш да го постигнеш, најдобро е да вежбаш по програма што има 3 дена тежински тренинг и 3 дена кардио тренинг (преку еден ден) и седми ден одмор. Таква програма е Power 90. Се вежба 12 недели, од кои првите 6 недели го вежбаш
овој тежински тренинг, а вторите 6 недели
овој. Кардио вежбите се
овие. На крајот на кардиото се прават стомачни. Разликата кај кардиото меѓу првите и вторите 6 недели е тоа што во вторите 6 недели некои вежби повеќе пати се повторуваат и тренингот е подолг, а на крајот наместо 100 се прават 200 стомачни (по 20 повторувања наместо 10 од секоја вежба).
Кога ќе ги поминеш 12те недели, можеш да почнеш друга програма или да продолжиш со истите вежби од вторите 6 недели, само со зголемени тежини. Ѕирни што вежби има, можеш да ги симнеш и видеата да видиш, па ако ти се свиѓа можеш да почнеш.
Јас од пред некој ден почнав пак со оваа програма. Порано ја имам вежбано неколку месеци и за тоа време од 105 се симнав на 95 кг. Да ми беше посредена исхраната, ќе имав и поголеми резултати. Така да ако имаш средена исхрана, мислам дека можеш со оваа програма да си ја оствариш зацртаната цел.
И да, најдоброто кај оваа програма е што можеш да вежбаш во домашни услови. Се што ти треба се 2 еднорачни тегa и сопствената тежина.
