Ако имало дефект некаков мислам дека барем ќе имале време да се јават да пријават за дефектот а они ништо, плус ако има експлозија нормално е да има и парчиња од авионот а они ништо засега неможат да најдат. Мене највеќе ми личи на самоубиство незнам зошто, некој пиша на предходните страни искусен бил пилотот 30+ години имал во летањетво ама никогаш не се знае што му било во главата.. цел живот да го поминеш во авионот не е мала работа.
Да, да, јас пишав дека имал 30+ години искуство и над 18,000 саати вожња. Иначе, исто како што спомна некој вчера, не мора експлозијата да е филмска и се да се распрсне, може да е многу мала која би му оневозможило на авионот да продужи со летање...
Не е туку така до пилотот, а биле двајца.Скоро секојдневно работат по 13-15 саати, реално се уморни ама таква реакција од нив тешко.Имаше таква
несреќа во ноември, ама една во милион ситуации.
Последниот контакт бил во 01:22, а официјално е прогласен за исчезнат во 02:40.Претпоставка е дека при нормална брзина стигнале до копното на Виетнам (иако е контрадикторно со вртењето назад).
Ама 3-4 дена да не најдат никаква трага...или барањето е на погрешно место.
Патем, Нова Македонија:
Малезискиот авион цел на тероризам?
Судбината на 239 лица што патувале на релацијата Куала Лумпур - Амстердам и понатаму е непозната. Властите стравуваат дека станува збор за тероризам, особено поради тоа што неколку патници патувале со лажни пасоши
Indeed, многу е чудно зашто пилотот пробал да се врати назад кога авионот бил на само 80 километри од Виетнамскиот брег. Доколку пресметал (претпоставка) дека мора што побрзо да слета поради дефект, не е логично да се враќа назад кон Куала Лумпур.
Ако може некој да потврди, колку што знам јас авионите за слетување се спремаат кога ќе стигнат на 50км од пистата?[DOUBLEPOST=1394461180][/DOUBLEPOST]
Според најновите сознанија на истрагата, пет патници се чекирале за лет, но во последен момент го повлекле багажот од авионот и се откажале од патувањето.
http://netpress.com.mk/misterijata-prodolzhuva-pet-patnici-se-chekirale-pa-vo-posleden-moment-go-otkazhale-letot/
...двајцата сомнителни патници купиле карта во еден правец од Пекинг кон Амстердам, каде требале да заминат во саботата. Во Амстердам тие требало да се разделат, и едниот да патува до Франкфурт, а другиот до Копенхаген.
Во меѓувреме, малезиските власти соопштија дека го идентификувале едниот од двајцата патници, без да соопштат повеќе детали во врска со него. Единствено се наведува дека сомнителниот патник не е од Малезија.
http://a1on.mk/wordpress/archives/295947
Малце се постари овие информации но, во ред. Колку што јас разбрав, тие 5 патници кои првично се чекирале за летот, воопшто не ни ги подигнале багажите назад, туку истите багажи биле вратени од лицата од аеродромот.
Што се однесува до тие двајца патници, се знае дека патувале со украдени или фалсификувани пасоши. Едниот личел на Балотели, но не можеле да заклучат од која националност се. Но како што спомна некој вчера, не би им давале голема важност на тие со фалсификувани пасоши, ако имаме во предвид дека илегалните имигранти во тие простори и на таков начин се вообичаена појава.[DOUBLEPOST=1394461348][/DOUBLEPOST]И ова, не ми е јасно, зашто екипите го бараат авионот кај Е регионот? Нели авионот наводно се срушил кај што ми е заокружено, најверојатно во тој радиус и се наоѓа?
EDIT:
Кога веќе ги спомнавме тие 5 патници што букирале, а не дошле. Ја би поставил следново прашање: Кој човек би платил авионска карта и не би се качил на авионот... Освен ако знае дека нешто лошо ќе се случи?
UPDATE:
Hong Kong’s Air Traffic Control Center reported on Mar 10th 2014 around 17:30L (09:30Z) that an airliner enroute on airway L642 reported via HF radio that they saw a large field of debris at position N9.72 E107.42 about 80nm southeast of Ho Chi Minh City, about 50nm off the south-eastern coast of Vietnam in the South China Sea and about 281nm northeast of the last known radar position. Ships have been dispatched to the reported debris field.
Излеа ќе го најдат.