Исчезна малезиски боинг, лет MH370 со 239 патници

  • Креатор на темата Креатор на темата Ficiani
  • Време на започнување Време на започнување
Не би давал многу значење на лицата со лажни пасоши, шверцување во ЕУ со лажни пасоши е прилично стандардно за тие простори.

Друг авион во нивна близина контактирал со исчезнатиот авион 10 минути откако ги снемало од радарот, едвај се слушале, најверојатно пилотите носеле маски за кислород.
http://www.nst.com.my/nation/genera...lot-i-established-contact-with-plane-1.503464
Ништо не е сигурно....

There were a lot of interference... static... but I heard mumbling from the other end. He said he thought nothing of it, as the occurrence (of losing contact) was normal, until it was established that MH370 never landed. If the plane was in trouble, we would have heard the pilot making the Mayday distress call. But I am sure that, like me, no one else up there heard it.[DOUBLEPOST=1394393545][/DOUBLEPOST]
Никогаш до сега терористи не краделе пасоши, се иделе на тотална опременост, овие да не биле мигранти. Ама па сега тука е сумљиво што не може ако се тие оргиналните сопственици етнички државјани или се работи за натурализирани странци (тие со изгубените пасоши).

Обично овие што се прекуоекански летови често налетуваат на јата птици што може да завршат во моторот, а моторот во оган и треба да лета со еден мотор, да се врати назад што е побрзо или да изведе маневар со слетување на локација погодна. Ама ова не е хеликоптер па тек така да слета, евентуално ако има нешто база во близина стара и долга патека.

Авиособраќајот е еден од најбезбедните, ама понекогаш статистиката вели и дека се прават мали пропусти. Едно црево да се запуши, неизбежна е катастрофа.
Со еден мотор авионот може да лета без проблем колку што знам...Ова со птиците исто е можно. Е сеа за птици и во двата мотора.... Не ми се верува. Башка, птици на 35,000ft? :/ Уште ме чуди и пробувам да спојам логика, зашто пилотот направил маневар за враќање од каде што полетал.
 
Последно уредено:
Не ми се верува. Уште ме чуди и пробувам да спојам логика, зашто пилотот направил маневар за враќање од каде што полетал.
Дефект. А ако пресметал дека поблиску му е да слета таму од каде што тргнал, и јас би се вратил т.е. ако нема друго место како алтернатива во близина.
 
Дефект. А ако пресметал дека поблиску му е да слета таму од каде што тргнал, и јас би се вратил т.е. ако нема друго место како алтернатива во близина.
Тоа ја оправдува и теоријата на истражувачите дека авионот всушност се урнал во морето при тој маневар.. Но најверојатно не поради пилотска грешка.
 
Тоа ја оправдува и теоријата на истражувачите дека авионот всушност се урнал во морето при тој маневар.. Но најверојатно не поради пилотска грешка.
Ама ако моторот еден бил дефект тоа би било кобно. Не верувам дека со еден мотор би можело да се направи таков остар маневар.
 
Ама ако моторот еден бил дефект тоа би било кобно. Не верувам дека со еден мотор би можело да се направи таков остар маневар.
Зошто мора да е остар маневарот.
 
Ама ако моторот еден бил дефект тоа би било кобно. Не верувам дека со еден мотор би можело да се направи таков остар маневар.
Ау не, не верувам дека пилот со 30+ години искуство и толку часови летање би направил наква аматерска грешка. И покрај тоа што авионот со години летал по 16 часа на ден, и на последната проверка било све безпрекорно со авионот, ипак ке типувам на несреќен дефект на авионот. Али, ако не го најдат потонат за недела дена, е тогаш ќе стане чудно.
 
наведуваат украдените пасоши на терористички акт, но тие сакат да се пофалат со тоа а досега никој не ја превзема одговорноста , така да најверојатно не е.... но чудното е зошто нема сигнал од црната кутија...
 
Зошто мора да е остар маневарот.
Ау не, не верувам дека пилот со 30+ години искуство и толку часови летање би направил наква аматерска грешка. И покрај тоа што авионот со години летал по 16 часа на ден, и на последната проверка било све безпрекорно со авионот, ипак ке типувам на несреќен дефект на авионот. Али, ако не го најдат потонат за недела дена, е тогаш ќе стане чудно.
Јас ќе типувам на дефект на моторот. Еве со Paint пример ќе пробам да објаснам според тоа што видов видеото и траекторијата:
Црвената е како летал, и после одма како завртел и жолтата најверојатно како сакал да иде, тоа го нареков остар маневар. По таа логика би тргнал надоле затоа што авионот бил голем и полн со патници. Би се префлила тежината на него се. А после жолтата полукружна е според мене како требал да заврти и сивата како би требало пополека да врти и да се враќа. Е сега ако немал контакт со кулата не би требало да го проба тоа, затоа што по таа траекторија би имало други авиони. Ама би летал пониско од вообичаеното, не знам на коллку беше висината нормална. Се е џабе ако немаш комуникација со Кулата, може само така ризик и да земеш уште еден цел авион на душа.
Untitled.png
 
Брат дали мислиш дека пилот со 30 години летачко искуство не знае како правилно да смени правец на авион... ?
 
Што се десило во тие секунди каде што немално ни време да побара помош, односно она мејдеј мејдеј? Едно објаснување, како што прочитав, е немањето на никакви докази за авионот, односно делови, било поради наводна експлозија во mid-air што би го објаснила изненадното прекинување на врските, но логично би било да има делови од авионот расфрлани низ морето, ако се случила таква експлозија нели?
Пробај ти да викаш „Мејдеј, мејдеј, мељд...еии....еии...„ со пиштол во уста.

Сериозно, експлозијата не мора да биде филмско-распрснувачко-сеуништувачка. Експлозијата може авионото доволно да го оштети за да го урне, без притоа да го разнесе, по што истиов би потонал во едно парче и без многу површински остатоци.
 
Обично овие што се прекуоекански летови често налетуваат на јата птици што може да завршат во моторот, а моторот во оган и треба да лета со еден мотор, да се врати назад што е побрзо или да изведе маневар со слетување на локација погодна...
Јас колку што знам (а знам понешто) птиците се опасност само при полетување и слетување. Се разбира, освен ако не си баш сигурен дека знаеш видови на птици што летаат во јата, на висина од 9 до 12 километри. ;)
 
Брат дали мислиш дека пилот со 30 години летачко искуство не знае како правилно да смени правец на авион... ?
Види, може искуство да имаш и 100 години, ама ако не знаеш да се снајдеш во ваква или стресна ситуација ј*беш га, секунда е битна за реакција. Се е можно и зависи до човек.
Јас колку што знам (а знам понешто) птиците се опасност само при полетување и слетување. Се разбира, освен ако не си баш сигурен дека знаеш видови на птици што летаат во јата, на висина од 9 до 12 километри. ;)
Дај ми позиција на авион, висина, ветар, метеролошки извештај, со колку гориво летал, последен ремонт, промена на делови итн.инт. Ова се нарекува првични претпоставки. Може и на метеролошки и балон да налетал. Мудрецу. ;)
 
Претпоставките не се битни, јасно е дека на крај ќе го обвинат пилотот за да не има многу истраги после за техничките прегледи и на Боинг да не им паднат акциите. Терористички напад неможе да е, едноставно у денешно време неможе никакво оружје и бомба да се внесе у авион, нема теорија, посебно не у држави како Сингапур и Кина. И да има неколку лица внатре со некакви намери неможат да влезат у кокпитот за да го срушат авионот. И многу други работи наведуваат кон тоа да не е терористички напад, како шо кажав никој не превзеде одговорност, заложници, преговарања и такви работи немаше. Јасно е дека се работи за некоја експлозија, декомпресија и затоа неможеле да зборуваат пилотит, маски носеле.
Подоцна шо се десило може да нагаѓаме само, ќе покаже црната кутија ако ја најдат, пошто треба да се активираат многу бродови и подморници како за Ер Франс а тоа кошта пари. Како и да е ќе го обвинат пилотот на крај. Бог да ги прости загинатите.

Несреќи се случуваат, поголема е шансата сега седејќи дома да ми се случи нешто отколку секој ден, буквално секој ден да летам и да ми се случи нешто. Секогаш вакви срања се случуваат пред да одам негде, за да морам да се тресам додека не послужат алхохолот. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom