Hannibal

  • Креатор на темата Креатор на темата Alex Baratheon
  • Време на започнување Време на започнување
Јасно ми е зошто и е мал рејтингот. Ја тупат, особено со психолошката карта. Мене најмногу ме нервираа рендом случаите што ги решаваше Вил. И патем, заборавија дека Фишбурн има жена во серијава? Две епизоди го тупеа дека била болна, ова она. После тоа 10 епизоди, Фишбурн гајле нема, а и жена му ја нема богами.

Инаку ми се допадна последната сцена од сезонава, фејс ту фејс.
 
Незнам која е причината, ама серијава е единствена која ми предизвикува дремка додека ја гледам и можам комотно да си заспијам после 15 минути гледање. Некако многу е монотона. Престанав да ја гледам пред 3-4 епизоди. Можеби ќе ја догледам во текот на летото ако нема што друго да се гледа.
 
Остана некој да гледа Декстер 2.0 ?

Дај кажете нешто за финалето, јас ја баталив на 10та епизода ама ме интересира како се заврши сезоната ?
 
Интересно заврши :D
Јас редовно си ја следев, онака колку да пополни време, а и ќе продолжам заради изместените фаци и органите :D
 
Јас уште мислам дека Hannibal е едн од најдобрите нови серии годинава. Само ми сметаше што имаше 2-3 епизоди што беа како да се извадени од процедурална драма и не беа воопшто поврзани со главната приказна.

Инаку, глумата беше феноменална, особено од Хју Денси во последните две епизоди. Се надевам дека ќе биде номиниран за Emmy. Ентони Хопкинс е легенда и феноменален актер, ама мислам дека Мадс подобро го глуми Ханибал. Не треба да прави звуци како Хопкинс за да те натера да почуствуваш страв.

Инаку, за финалето немам коментар. Најдобра епизода од целата сезона, посебно последната сцена.

tumblr_mowhdujvqQ1rilyjuo1_400.gif

tumblr_mowhdujvqQ1rilyjuo2_400.gif

:cuc:
 

И шо беше сега она со Crawford? Таков спојлер во трејлер, глупости. Инаку, освен тоа, супер изгледа. Едвај чекам да почне пак. Вистина уникатна серија, не е типично срање како мнозинството на серии за сериски убијци.
 
да ви се приклучам во темава? Ќе ме примате. Симната прва сезона, според трејлерот е одлична. Па, здравје боже вечер ќе ја стартувам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom