Hannibal

  • Креатор на темата Креатор на темата Alex Baratheon
  • Време на започнување Време на започнување

Еве го трејлерот за третата сезона, која за жал ќе треба да ја чекаме до летото, оти глупаците од NBC не научија дека така само си ги убиваат сериите. Ај, можи нема таква судбина да има и Ханибал.
До крај на летото??? Не требаше сега во јануари да искочи? :confused:
 
До крај на летото??? Не требаше сега во јануари да искочи? :confused:
Требаше сред-сезона или како и да е, при крај на февруари да почни, ама ја турнаа за на лето.

Плус, Ричард Армитаџ ќе биде дел од третата сезона. Во линкот има мал спојлер, ама ако знаете нешто од филмовите/книгите, не е голема работа.
 
11008540_863541393668632_279711820290632305_n.png

Хајп!

Плус, Закари Квинто ќе гостува во третата сезона! Многу јак ансамбл се собра, едвај чекам.
 
Утре почнува :vozbud:
Сега ја пуштам последната епизода да ја изгледам уште еднаш и да се спремам за новава. Се надевам на уште повеќе бруталност :D

 
Сaмo штo пoтрoшив 45 минути гледaјќи пoгрешнa епизoдa :tapp:
 
Rqj4Fat.png

Милина беше.

После епизодава убеден сум дека ич не се потребни Вил и компанија, можат само со Ханибал да ја туркаат серијата. Не дека нема да е добра неизбежната брканица на Вил и Ханибал, ама воопшто не би ми сметало ако цела сезона ја посветат на шетањето на Ханибал и Бедилија низ Европа. Speaking of which, се надевам дека ќе продолжат со флешбек сцени, одлично се вклопија со сегашноста а и сепак служеа како дополнително развивање на ликовите. Ептен ми фалеше, многу ми е ќеф дека чекањето се исплати. Дефинитивно е една од најдобрите серии во моментов, срамота е шо има толку мала гледаност.
 
Bonsoir :D

Супер пoчетoк. Целo време мрaчнo и нaпнaтo. Флешбек сцените беa ептен пoгoдени, супер ќе биде aкo ги имa низ целa сезoнa. И дa, се сoглaсувaм декa и без Вил би билa дoбрa.
 
Баш и прилега Европа на серијата, ама мене пак ми недостига Вил. Што знам не сум нешто ептен задоволен од првата епизода.
 
Мене многу подобра ми беше првата епизода. И денешнава не беше лоша, ама сепак Ханибал ми е многу подобар лик од Вил.
 
Ги изгледав сите сезони последниве 5 дена, никогаш до сега немам гледано маратонски но оваа дефинитивно ми фати око. Првата сезона беше најтензична и сепак мислам дека тука требаше и да заврши, Ханибал да биде убиен и толку, пошто ова веќе нема смисла, не дека е тапа серијава но губи на квалитет дефинитивно, премногу убиства се случија. Не можам да ја сфатам ни конекцијата меѓу Вил и Ханибал, каква е нивната врска, Вил сака да го фати но не сака да го убие а овој сака да го изеде, мислам дека и Вил наскоро ќе почне да убива како него, у последнава епизода се виде тоа поготово, иако мислам дека тој почна да се менува откако го уби тој мајмунот што носеше оклоп од коски.
 
Ако ништо друго серијата си ја задржа визулената перфекција од приказната не сум многу задоволен бидејќи премногу едноставно изгледа ова со убивањето на луѓето во неговиот дом во центарот на градот.
 
NBC has canceled ‪#‎Hannibal‬!
 
NBC has canceled ‪#‎Hannibal‬!
Некако очекувано ми беше ова после последната реченица од последната епизода кога Ханибал рече дека ќе мора да го изеде Вил
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom