Hannibal

Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
Hannibal е нова серија на NBC, чија прва епизода беше емитувана вчера и беше пречекана со позитивни рецензии кои на IMDB и донесоа оценка 8/10.​
Во главните улоги се Mads Mikkelsen, Hugh Dancy и Laurence Fishburne, а создавач на серијата е Bryan Fuller.​
За што се работи:​
Will Grahaм ( Dancy ) е вешт и надарен психијатар кој исто така работи како консултант и профилер во ФБИ. Тој чувствува невообичаена емпатија. За него, тоа е и благослов и клетва. Со таа способност, тој може да ја врши својата работа, но исто така се сочувствува со убијците по кои трага, што дополнително го отежнува неговиот живот.​
Jack Crawford ( Fishburne ) е директорот на Одделот за Бихевиорлани Науки во ФБИ и стар соработник на Graham. Тој не сака да го изразува Will на непотребни трауми, но многу често е приморан да го стори токму тоа, бидејќи младиот психијатар е еден од ретките луѓе кои можат да помогнат во истрагите.​
Hannibal Lecter ( Mikkelsen ) е познат психијатар кој по молбa oд Crawford, станува дел од истрагата како форензички консултант, но и со цел да го анализира Will. Докторот крие тајна: Тој е всушност е еден од луѓето по кои трагаат Graham и Crawford. Генијалниот сериски убиец има сопствена агенда со ФБИ, посебно со Will.​
Како што реков, првата епизода "Apéritif" беше емитувана вчера, па еве го моето мислење:​
Одличен старт за одлична серија. Кога прв пат слушнав за серијава, бев голем скептик и мислев дека Холивуд пак рециклира добри филмови и создава глупи серии. Кога излезе трејлерот, ме заинтригира и си реков да и дадам шанса. Кога почнаа да излегуваат првите рецензии пред неколку дена, кои имаа главно добри оцени, знаев дека серијата ќе биде потполно спротивно од тоа што го мислев на почетокот. Првата епизода ме остави само со позитивни импресии, а рецензистите која имаа привилегија да ги гледаат и следните три епизоди тврдат дека тие се уште подобри. Се надевам дека вака добро ќе тера цела сезона.​
Многу ми се допаѓаат актерите. Сите тројца се одлични во своите улоги, ама најголем впечаток ми остави Mads. Не сакам да го споредувам со Anthony Hopkins, бидејќи двата глумат потполно различни верзии на Hannibal. Мислам дека Mads го продлабочува ликот на Hannibal. Го прави пореален, полош и пострашен.​
Сценариото и дијалозите со одлично напишани и секоја сцена е елегантно изведена, а серијата успева да долови и тензија и страв кога тоа е потребно.​
За крај, ви оставам трејлер:​
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Ја ќе го ставам првиот трејлер што излезе, чисто ради песната :X3:
Туку, уште сабајле ја симнав епизодата, ама не ја гледам додека не си легнат сите. Тоа мора да се ужива максимално. И да, ептен големи очекувања иам, се надевам нема да се разочарам.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Јас до пола ја изгледав и сериозно ме бендиса. Тек па ко ќе ја изгледам до крај мераци ќе биде, осеќам. Вил Греам е ликот. Одличен избор и направен профил.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Ја изгледав првата епизода и презадоволен имав некои нејаснотии :D но разјаснивме гарант добро ке се развива : D
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.549
Поени од реакции
52.342
Уфф, ќе се гледа и ова. Супер е првава. (y)
 

sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.231
Поени од реакции
337
Хмм обид да се профитира на од склоп на стари добри филмови...хммм скептик сум ама ајде да видиме како ке се развива.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Ќе почне на AXN и обавезно ќе ја гледам. Да покрие додека стигне Шерлок. :)
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Од новите серии што почнав да ги гледам единствено House of Cards можам да кажам дека беше одлична !

Оваа има солиден старт иако има премногу клише моменти, се надевам дека ќе можам да ја ставам во рангот на првата ама не ми се верува се повеќе мислам дека ќе се разочарам како во случајот со The Following !
 

Uchiha Sasuke

Sharingan User
Член од
21 март 2013
Мислења
3.618
Поени од реакции
7.379
Ептен е убава серијата и може да ми кажите и мене торент:)
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Пристоен Ханибал е за сеа Микелсен, ќе видиме како ќе се развива.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.660
Пристоен Ханибал е за сеа Микелсен, ќе видиме како ќе се развива.
За жал само ова ми беше мене пристојно.

Американизирана до крај, а ништо не го вели тоа ако не Фишбурн. Катастрофа кастинг, дури хипстерот шо се тресе е лош избор, иако признавам, покажуваше некоја искра одвреме навреме. Рано е за приказната да зборам. Се надевам инаку дека ќе избегнваат клишеа и да ја продаваат серијава преку форсиран маркетинг место сама да се продава преку квалитет. Останува да видиме, пилотот изгледаше како рандом епизода од сред сезона, не како пилот, ама затоа сега се потпирам на слоу билд ап пак. Останува да видиме.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
^
Најчесто кога земаат "популарен" лик целта е да се направи shitload of money. Така да јас очекувам во глобала серијата да се претвори во кака. Сепак сакам да го видам "Ханибал моментот".
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.660
^
Најчесто кога земаат "популарен" лик целта е да се направи shitload of money. Така да јас очекувам во глобала серијата да се претвори во кака. Сепак сакам да го видам "Ханибал моментот".
Такоџе, сите сакаме да го видиме Ханибал моментот. Знаат што се продава, и ние знаеме дека знаат што се продава и упорно мислиме дека овојпат ќе ги екранизираат, одново или не, ваквите ликови ќе биде за да биде подобро од оригинал сторијата/книгата/филмот, дека овојпат не, нема да е за пари. Така се залетав и за Бејтс Мотел ради Псајхо, така се залетав за Ханибал сега, еве прееска спуштив да видам Ripper Street за Јаck the Ripper.. I might as well може да станам сам психопат за КОНЕЧНО некое барем океј искуство :вонзем: налет аматерскиве обиди.. :)

Боље да ја продужам Декстер, и да гледам Дебра како сака да го ебе, и да не ми пречи дека првите сезони беа океј, место вака време на овие да губам, али хеј, Надежда последна умира. Најмлада била меѓу сестрите. :D
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Такоџе, сите сакаме да го видиме Ханибал моментот. Знаат што се продава, и ние знаеме дека знаат што се продава и упорно мислиме дека овојпат ќе ги екранизираат, одново или не, ваквите ликови ќе биде за да биде подобро од оригинал сторијата/книгата/филмот, дека овојпат не, нема да е за пари. Така се залетав и за Бејтс Мотел ради Псајхо, така се залетав за Ханибал сега, еве прееска спуштив да видам Ripper Street за Јаck the Ripper.. I might as well може да станам сам психопат за КОНЕЧНО некое барем океј искуство :вонзем: налет аматерскиве обиди.. :)

Боље да ја продужам Декстер, и да гледам Дебра како сака да го ебе, и да не ми пречи дека првите сезони беа океј, место вака време на овие да губам, али хеј, Надежда последна умира. Најмлада била меѓу сестрите. :D
Џаба Надежда шо последна умира, коа Цофа е одена одамна. Ама ајде, како и сите други Верка секогаш постои за мене, може и Љупка ќе се јави.:rolleyes:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

На врв Bottom