Одземање коли

  • Креатор на темата Креатор на темата Rockey.1
  • Време на започнување Време на започнување
Ова мислам дека е можно само ако некој качи рандом патник кој уствари е лажен па овај даде пари на старт па после креираат случај со полицијата на пунк. Иаку ако качиш некој автостоп кој ти е попат за онака да не возиш сам не верувам дека можат да ти местат ваков случај иако и тоа не е за подценување... во секој случај некој да плаќа лиценца а некој да зафркава па и не е фер од друга страна... туку слишнав ќе прават и зафрканции со праќање по автобус работи зошто мкпошти губела промет, е тука е проблемот. Пример Прилеп-Скопје никоја пошта нема да ти однесе пратка за 50-100 денари во рок од саат и пол. Ќе треба да пратиш минимум 300 и тоа од денес за утре...
 
Ако јас патувам сам, со мое возило од Скопје за Струмица и примам уште 3 патници кои ќе ми платат и со тоа учествуваат во трошокот за гориво, јас сум направил општествено корисно дело - бидејќи наместо да четворица возиме коли, трошиме бензин и ја загадуваме природата , ние штедиме
 
ова и те како функционира во Украина
Дури многу повеќе од општествениот транспорт( јавниот превоз)- секој секого качува во кола (за пари) ем ќе стигнат побргу ем им е поевтино и нит закон ни бутур - се’ во корист и за добро на граѓанинот
 
Последно уредено:
кои ќе ми платат и со тоа учествуваат во трошокот за гориво

Со ова си станал див таксист, барем за полицијата.

општествено корисно дело

Општествено корисно е и да ги запалиш сите пајак возила сосе рампите, ама е незаконско.
 
Општествено корисно е и да ги запалиш сите пајак возила сосе рампите, ама е незаконско.
Законски или незаконски нешто може да биде во држави кај што владеат законите. Кај нас не владеат законите туку коекакви партии. Затоа зонско сеуште постои, затоа се случува Топлификација и ред други работи
Некој „ предводник “ мисли така и така и така и се прави така да биде.
 
Не сум чул такво нешто за таксисти што му правел услига на пријателот како што горниот пост што прочитав,но само знам дека ако човекот што увезувал кола од странство со ЦОЛ таблица и дека не смее да превезува патници додека трае со цол се до официјална МК регистрација во спротивно се казнува и запленува возилото.
 
Од се извлеков закључок дека полиција ги тресе во ранковци и крива паланка затоа што таму се градоначалници од опозицијата.
 
редовно качувам автостоп, еднаш ме запраа и прашаа. Двајца во кола бевме им кажав дека сум го качил кај Катланово. Чичкото го обаждарија дека одел пешки по автопат 40еврики а мене ништо, ме опоменаа дека запирање на автопат е казниво со закон...
 
Како законот разликува на пр. ако сме се собрале четворица другари и со една кола одиме до Солун на шетање и при тоа сме ги поделиле трошоците за бензин наспроти некој што редовно за пари врши див превоз до Солун ? Првиот случај никако несмее да биде казнив . :eek:
 
За опишаната проблематика побарајте во одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај, не најдов пречистен текст од законот!
Дали е ова тој закон?
http://www.kss.mk/files/zakon_za_prevoz_vo_patniot_soobrakaj.pdf
Овде нема одредби за одземање на возилото, туку само парични казни
Член 99
Со парична казна од 5.000 до 40.000 денари ќе се казни за прекршок
физичко лице, ако:
1) врши јавен превоз без лиценца (член 4 став 1);
 
Ни полицијата не го поштува законот.
 
Како законот разликува на пр. ако сме се собрале четворица другари и со една кола одиме до Солун на шетање и при тоа сме ги поделиле трошоците за бензин наспроти некој што редовно за пари врши див превоз до Солун ? Првиот случај никако несмее да биде казнив . :eek:
и од кади би знаеле полицијата дали тие платиле или не ...
 
Дали е ова тој закон?
http://www.kss.mk/files/zakon_za_prevoz_vo_patniot_soobrakaj.pdf
Овде нема одредби за одземање на возилото, туку само парични казни
Член 99
Со парична казна од 5.000 до 40.000 денари ќе се казни за прекршок
физичко лице, ако:
1) врши јавен превоз без лиценца (член 4 став 1);
Тоа е основниот текст, после тоа има неколку измени и дополнувања.
Регистрирај се на странава и можеш да си ги симнеш сите измени и дополнувања на законот.
Еве ти линк од законот:
http://www.pravo.org.mk/documentDetail.php?id=211
Обрни внимание на измените и допoлнувањата на законот од 14.02.2013 година, посебно на членовите 29 до 34.
Или пак консултирај си го другарчето @Fringe , он е поупатен од мене во однос на последните измени и дополнувања на СИТЕ закони!!!:D:D:D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom