Според новите мерки кои што се применуваат од транспортерите се бара да вложат во еуро 5 и еуро 6. Сите останати возила под еуро 5 остануваат да возат низ Македонија, Балкан и Турција. Цифрата на тие возила кои остануваат во функција на Балкан е поголема неколку пати од новите возила за Европа. Главен трошок за одредување превоз е нафта и релација. Нашиот среден сектор најмногу увезува од Балкан. Значи тоа се тие кратки релации, каде најбитен момент доаѓа амортизацијата. Македонија стана тотално неисплатлива, на една релација Скопје-Струмица имаш повеќе штета него ќар. Да не зборам за релациите Бугарија-Македонија, Албанија-Македонија, Србија-Македонија, Црна Гора, Грција - Македонија, Косово, Истанбул. Цените се исти, условите се изменети. За 5 евра војна се води за цена, за 5 евра. За регистрација на влечно возило со приколка секој годишно одвојува 2000 евра. За тешко товарно возило патарината е 10 евра. Само дневно од транспорт во државата се слеваат илјадници евра. И како награда за тоа добиваш автопат Велес-Скопје, Велес-Гевгелија и сите останати патишта во Македонија. Една гума е 400 евра. Само една гума е колку релацијата Солун-Скопје, Софија-Скопје. Нормално е да се зголемат цените. Како транспорт зголемува цени така фирмите зголемуваат цена на производ. Во една дестинација две гуми да оштетиш ти си во була месец дена. А неможе да не влезеш во кратер на Велес-Катланово, нема шанси една дупка да не промашиш, а само влекачот напред на возилото има 6 гуми, кај е приколката. Кај се останатите делови кои чинат стотици евра и работна рака. Транспортот е најскап дел од секој производ. Во формирање на производ влегува со 10%. Ако тој го покачиш, готови се. И да знаеш една од причините што ни оди лошо е што моментално транспортот влага некаде и со 20% со 30% а слушнав и со 50% во производ. Ќар дали им останува на фирмите и 1 денар од производ. Фактурата за робата им е 1000 евра, транспортот 1300 евра.
Автопатите нема да го поефтинат транспортот Минхен-Штип исто како и Штип-Минхен. Автопатите и патиштата ќе ги задржат цените на нормално ниво и ќе го намалат притисокот врз фирмите кои се врши. Во локал е најбитно да имаат добра цена, бидејќи локалот (низ Македонија) е фактички прехраната на населението. Дневно се разнесуваат шеќер, брашно, огрев, дистрибуција итн. Целата роба која стасува од Еу иде во Скопје и се транспортира потоа низ Македонија. Ако цената до Скопје ти останала иста, во Македонија ти се покачува од тура. Пример кога се формира цена на транспорт од Еу земја се дава до Скопје цена. На цената до Скопје на фирмата увозник и додаваш 100 евра плус до Штип и околни градови на Скопје, 150 Струмица и 250 евра до Охрид. А капацитетот е намален, работат со мали пратки, а не цели шлепери. Така да една палета роба да има и да ја однесеш до кај нив од Скопје ги чини поскапо одколку да им ја донесеш од Германија. Колку да имаш за споредба една палета од Холандија до Скопје се носи за 150 евра. Епа ти пресметај дали се исплатат автопати до Охрид, Штип, Струмица, Гевгелија, Битола црна точка стана. А ќе речеш едно парче земја сме, два на два.
Претходно спомена колку ќе им сменело 1000 денари од тура на газдите. Дали ти знаеш колку пари се тоа 1000 денари од тура драг мој и со кој капацитет се разнесуваат тие производи? Само од Источна Македонија дневно излегуваат 10 камиони * 1000 денари од камион =10 000 денари. Утре уште 10 000, другиден уште десет и така доаѓаш до една застрашувачка сума.
На еден шлепер роба да речам градежен материја фирмите имаат 400 евра очекуван профит и тоа они работат со најголеми маржи во Македонија моментално, за да подели плати, струја, изведба, возила и таму сите основни работи кои се за фирма. Сите останати сектори се многу испод по камион. И тоа ако им ги платат нели со знак прашалник.