Бебиња и се за нив, грижа, играчки, поплаки, совети итн...

Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.029
Поени од реакции
954
Епа ајде да прашам јас што ме мачи.
Бебево ми има 4 месеци. Јас во јули ќе се вратам на работа.
Страв ми е да не плаче многу кога ќе ме нема, да не е преврзана многу. Како вие сте се справувале со ова?
Zavisi sto planiras od koga ke trgnes na rabota, dali gradinka,dali zena da go cuva, dali imas nekoj doma penzioner, so kje moze da go prifane. ako odi vo gradinka ili da go davate zena da go cuva uste pred da trgnes na rabota, ke pocnes da go nosis, prviot den najdobro eden cas da ostane, pa da vidis koga ke go zemes sto ke ti kazat, dali bara nacin da se adaptira, naredniot den ke go ostavis dva casa...i taka :)
i jas mnogu se nervirav koga zena mi i zavrsi porodilnoto, pa morase da barame nacin, zosto doma site sme na rabota, moite imaat uste godini do penzija. najdovme zena sto zivee vo blizina, go nosime kaj nea. sega odlicno se prilagodi kaj nea.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496

Свекрва ми ќе ја чува.

не ги држете многу на цуцли децата, манете им ги што порано како Subzero што направил, придонесуваат за неправилен загриз понатака :)

туку за темава и јас го чувам почесто братучед ми, сега година ќе прави и обожава да лази, некни додека отворам врата на мајка му и татко му, тој успеа да излази до веце и да брца во отворот за канализација :facepalm:
Абе и јас сакам да не е толку со цуцла ама како? Ако не заспие доејќи, заспива нишајќи со цуцла.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Свекрва ми ќе ја чува.

Абе и јас сакам да не е толку со цуцла ама како? Ако не заспие доејќи, заспива нишајќи со цуцла.
Ама не, мора да е со цуцла овој период, 4 месеци има, како да не е :) само што побрзо да се отараси од неа, да не се навикнува, зошто има случаи каде детето и на 2 години, 3 е со цуцла и после мора протези да носи прво за оправање на загризот.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.613

Педијатрите не препорачуваат користење на цуцла лажалка воопшто. Пред една недела бевме на трибина која редовно, еднаш месечно, како дел од бесплатните предавања за трудници ја организираат од Клиниката за гинекологија во Клинички центар - Скопје, со педијатар и анестезиолог. Педијатарот јасно и тоа неколкупати напомена дека воопшто не треба ни да се заучуваат бебињата со цуцла лажалка. Таа препорачува дури и наместо користење цуцла и шише за дохранување (доколку има потреба од тоа), да се користи лажичка или шприц. И тоа не само заради искривувањето на вилицата, туку и од хигиенски причини. Секако - доколку некој успее да ги издржи сите плачки без да му стави цуцла в уста на бебето.
 
За хигиенски мислам дека би било претерано зошто полесно се билда имунитетот aко детето постепено го изложуваш на бактерии. Сеа не во ѓубре да седи цуцлата па во уста да ја пика ама за домашниве бактерии не е страшно. Така една уфилмана роднина што ми е, на ќерка и ништо не и даваше, ја чуваше како во стаклено ѕвоно како мала, буквално се мораше стерилно да биде и еве го девојчево сега има 9 години и само по болници е, првиот ветар да задува болна е. Или само фаќа некои алергии. Истото е и со чистење со кирби машини, не се препорачува често чистење со нив поготово ако се има мали деца дома :D
 
За тоа се сложувам комплетно. Дури и ме изненади што педијатарот дури и препорачува детето да се изнесува од дома уште првиот ден после исписот од клиника. А не како што викаат старите - 40 дена да не го изнесуваш од дома. На тој начин не само што билда имунитет, туку и се спречува ризикот да заболи од некоја потешка форма на жолтица, зошто фототерапијата бил најефективен лек против жолтицата. Затоа на бебето му е потребно да биде на сонце.

Плус - уште една причина зошто хранењето на шише со цуцла не било добро за деца кои се дојат: кога детето влече од дојката, од неа отпрво излегуваат само по неколку капки млеко по секое влечење, подоцна и по некој тенок млаз млеко. Ако детето го дохрануваш со цуцла, ќе се навикне на тоа без напор да добива храна, затоа што од цуцлата излегува многу поголем млаз на млеко отколку од дојката, и нема да сака да цица. Ова е уште една причина зошто педијатарот препорачува лажичка или шприц за дохранување, наместо цуцла и шише. Секако - доколку е потребно дохранување.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Педијатрите не препорачуваат користење на цуцла лажалка воопшто. Пред една недела бевме на трибина која редовно, еднаш месечно, како дел од бесплатните предавања за трудници ја организираат од Клиниката за гинекологија во Клинички центар - Скопје, со педијатар и анестезиолог. Педијатарот јасно и тоа неколкупати напомена дека воопшто не треба ни да се заучуваат бебињата со цуцла лажалка. Таа препорачува дури и наместо користење цуцла и шише за дохранување (доколку има потреба од тоа), да се користи лажичка или шприц. И тоа не само заради искривувањето на вилицата, туку и од хигиенски причини. Секако - доколку некој успее да ги издржи сите плачки без да му стави цуцла в уста на бебето.
За да не се откаже од цицање, се препорачува наместо шише - да се храни со лажичка.

А во врска со цуцлата лажалка - браво за сите родители кои успеале да не ја користат. Јас без неа не знам што би правела. Помага кога бебето плаче да се смири, а и за полесно да заспие. Еве сопругот мој како бебе користел цуцла и палец не вадел од уста, па совршени заби има.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.923
Поени од реакции
41.896
Беа неразделни другари цел ден во устата. Му ја исеков цуцлата он ја стави и осети дека не му е како што треба. Имаше плачење ама потоа заедно со него ја фрливме на кучето и кажавме чао. :icon_lol:
Една недела одевме кај кучето да види дека повеќе ја нема.
Изгледа многу е слатка цуцлата. :D

526951_4842281783984_1995176319_n.jpg
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Хахахаха, прва убава работа денеска што ми се има случено/видено. Иначе тапа ден. Ама сликава, закон!

Беа неразделни другари цел ден во устата. Му ја исеков цуцлата он ја стави и осети дека не му е како што треба. Имаше плачење ама потоа заедно со него ја фрливме на кучето и кажавме чао. :icon_lol:
Една недела одевме кај кучето да види дека повеќе ја нема.
Изгледа многу е слатка цуцлата. :D

Прегледај го приврзокот 86096
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Koј мерак е темава со толку едуцирани татковци. :)

Јас гледајќи колку сестра ми заглави со двете деца слушајќи ги старите околу неа, се повеќе сум секој родител подобро да се едуцира од книги ама од друга страна денешните педијатри ми се премногу теоретски поставени, како да изгубиле осет со праксата. И не, бебето не треба да се изложува на никакви надворешни фактори пред 40 дена, не од адет туку зошто нема никаков развиен одбрамен механизам. Повеќе ветер да ги фати од што треба може температура да качат. Нема потреба од такво челичење, туку постепено да се адаптира на се.

Секогаш детето би било најдобро чувано ако се водат сите по инстикт, ретко кога тој греши.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Не гледам причина зошо да не се изнесува надовор освен поради суеверијата. Али да се изнесе надвор доколку е убаво времето, да се прошета, не да се оди у кафич на кафе, или у мол некој каде што има 1 000 000 луге, или секоја будала шо ке те види на улица да го зема во раце и да му дише (не дај боже да го баци) и сл. Иначе обична шетња не само што нема да му штети туку и добро ке му дојде.

Иначе во право си, јас се водам по правила, жена ми по инстинкт и ретко кога греши. Значи го осеќа 2 дена пред да се разболи, уште додека е здрав и го носи на лекар, и нормално си поминува со некое шурупче и сл. Еднаш, еднаш само не се водеше по инстинктот и го послуша докторот и завршија у боница со инекции и 300 срања.... пу пу пу да не подречам, тоа беше прв и последен пат.

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.862
Поени од реакции
4.814
Епа ајде да прашам јас што ме мачи.
Бебево ми има 4 месеци. Јас во јули ќе се вратам на работа.
Страв ми е да не плаче многу кога ќе ме нема, да не е преврзана многу. Како вие сте се справувале со ова?
Ne se sekiraj ...Na cetiri meseci seuste te poznava samo po mirisot...Nekade posle 9iot mesec im se razviva custvo za prepoznavanja i emocii!
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Не гледам причина зошо да не се изнесува надовор освен поради суеверијата. Али да се изнесе надвор доколку е убаво времето, да се прошета, не да се оди у кафич на кафе, или у мол некој каде што има 1 000 000 луге, или секоја будала шо ке те види на улица да го зема во раце и да му дише (не дај боже да го баци) и сл. Иначе обична шетња не само што нема да му штети туку и добро ке му дојде.

Иначе во право си, јас се водам по правила, жена ми по инстинкт и ретко кога греши. Значи го осеќа 2 дена пред да се разболи, уште додека е здрав и го носи на лекар, и нормално си поминува со некое шурупче и сл. Еднаш, еднаш само не се водеше по инстинктот и го послуша докторот и завршија у боница со инекции и 300 срања.... пу пу пу да не подречам, тоа беше прв и последен пат.
Ама и самиот наброја многу фактори кои треба да се исполнат за да се изнесе бебе помало од месец и пол, на тоа и јас мислев. :) Многу го сфаќаат буквално излегувањето од дома и бунтовничкото во себе, па се докажуваат дека бебето не треба да се чува во стаклено ѕвоно, и му закачуваат настинки уште нестабилизирано од доаѓањето на овој свет. Имав комшика, она беше ултра бунтовна, па на три недели отидоа на одмор и после со месеци беше во Козле.

Затоа и реков по инстикт и со усул кога се толку малечки. Нема потреба херои на три месеци да бидат, цел живот е пред нив. :)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060

Јас исто така се согласувам со CafeDelMar... наместо да се носи детето надвор во првите 40дена би можело да се вади на балкон по малку, колку да се адаптира. Сепак старите не биле толку глупави, има причина зашто рекле да не се вади детето надвор до 40 дена ,само што не биле доволно образовани па ја отстапиле причината на суеверие.
 
Член од
31 август 2013
Мислења
149
Поени од реакции
338
За поголемиот имав добра педијатарка, со искуство и со знаење, жената ме советуваше дека бебе не треба надвор да се носи ако дува ветер (дури и не многу, ама носи прашина, алергени и сл.), ако има магла, ако има голема влага (на пр. ако врне)... И никако да не се шета по тротоари со количката! Ми потенцираше дека нивото на кое лежи бебето е пониско од она на кое ние дишеме и таман сите издувни гасови се задржуваат на таа височина (зашто, нели, потешки) и дека грев ја фаќа за бебињата кои ги гледа како ги шетаат мајки/баби/татковци по булевар на пр. во Аеродром навечер. Демек „воздух да го фати“, ама вика- сѐ ќе го фати освен воздух така.
За цуцла-јас и двете ги израснав без цуцла. Финтата е едноставна-ако не им даваш цуцла, нема да бараат :). Малку е помачно за мајката, ама тоа беше мојот избор. Другарка моја во исто време имаше бебе, од прв ден од болница со цуцла, и навистина заспиваше само со цуцлата најчесто, ама затоа и Х други проблеми излегуваат од цуцлата. Според мојата логика, за која не велам дека е единствено исправна, ама си е моја :) , инстинктот за цицање е за јадење и лажењето на тој инстинкт (и на мозочето, воедно) со цицање на празно не ми се допаѓа. Може некогаш потешко ми заспиваа (како што ми велеа, зашто без цуцла), ама барем немавме плачки заради цуцлите. Јас двете си ги доев и цуцла не користев за ништо, ако ептен требаше нешто да се даде-само со лажичка. Шише со цуцла дури после 6-7 месеци воведував.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom