Детето како си расте поминува низ фази... и така сѐ додека сосема не побелиме во косата
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
. Звучи може чудно, ама навистина од една фаза се прелева во друга и тоа е најнормално. Напорно, ама нормално. И НЕ-фазата е нормална и тоа е некаде на таа возраст, меѓу втората и третата година. Детето учи тој период дека има и сопствена волја, став, и испитува како тој став влијае врз околината. Значи, што ќе се случи ако на пример каже „НЕ“ или НЕ САКАМ“... Предизвикува емоции кај тие околу него и интересно му е. Секако дека тоа го прави сосема несвесно. Посебно лошо ќе реагира на наредби. Прво, во тој период, гледајте да не мора да прекине некоја активност што ја сака за да прави нешто друго-на пример „Ајде остави ги играчките и дојди да јадеш“... Аха, ќе ги остави, ама во сцена од американски филм. Па нормално дека му е поинтересна играта од јадењето. Верувам дека има и моменти кога се прави дека не слуша што му се зборува. Been there
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
. Веќе развиваат тинејџерски особини, како на пример-испитување на границите до каде може да оди со однесувањето, или како неговото однесување влијае на другите. Во англискиот јазик имаат израз "terrible twos" и тоа не е за џабе, имал некој мака, па го смислил
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
. Во тој период можни се и хистерични испади, познати како тантруми. На пример, не му е исполнета некоја желба во моментот и тоа почнува неутешно да плаче, дури и легнува на патос, вреска, не дава да го допрете... (за ова најдобар лек е - игнорирање, колку и да звучи чудно). Детето само не знае како да ги изрази своите емоции, прво, не зборува толку или зборува многу малку, а второ, емоциите го збунуваат и реагира така. Најважна финта е самоконтрола-обидете се да не ве нервира. (Или барем правете се дека не ве нервира
![Јазиче :P :P](/styles/default/xenforo/smilies/tongue.png)
). Кога сакате да направи нешто, најдете тактика. Што помалку реченици со зборот „не“, на пример како „не оди таму“, „не го фаќај тоа“, „не трчај“... Кога му се обраќате, клекнете пред него, да ви бидат очите на исто ниво и за да сте сигурни дека ве слуша. Може да пали ако место „не трчај“ се каже (на пример) „Ајде да одиме убаво, да видиме кој поубаво шета“. Исто пали ако му се предложи избор, дури и привиден. На пример, кога ќерка ми се тегне и не сака да оди да мие раце, знам да ѝ предложам привиден избор „Сакаш да се измиеш со течниот сапун или со обичниот?“ И обично заборава дека не сакала да мие раце и се насочува кон понудениот избор. Тоа пали и кај поголеми деца, инаку, Син ми е поголем, па ако на пример не сака салата, јас прашувам „сакаш да ти ставам салата во чинијата со јадењето или во посебна чинија?“ . Значи, го игнорирам тоа дека рекол дека не сака, му нудам избор и обично ми успева. Децата сакаат да мислат дека имаат избор, дури и најмалите. Место „собери ги играчките“ - „ќе ги собереш сам играчките или јас да ти помогнам?“ или „ќе ги собираш играчките во оваа или во оваа кутија?“ Е сега, секое дете е различно, па треба да му се најде финтата, ама кај секое нешто успева.