Аднан Бабајиќ победи на Операција Тријумф.
Знам - ќе речеш: тоа не беше српско шоу, туку шоу во кое учествуваа неколку екс Ју држави, ама и ова е исто шоу во кое учествуваат неколку екс Ју држави.
Не е тоа поентата - интересно е што на ваквите „балкански“ шоуа, иако секогаш се зборува дека ќе победи Србин, јас не памтам дека тоа се случило. Исклучок беше првиот српски Идол, кога победи Цвета Мајтановиќ, но тоа шоу всушност и не беше копродукција, зошто во тоа време Србија и Црна Гора беа една држава, а не две. Наредната година, на вториот Идол, победи Црногорката Мина Лаличиќ, а во финале се натпреваруваше против нашата Ноне Неделковска. На Операција Тријумф, кое беше Српско-Хрватско-Босанско-Црногорско-Македонско шоу, победи Босанец. Сега на X Factor ќе победи Македонец (најверојатно, иако јас не би сакал). Значи прашањето е - кога победил Србин, а не кога победил Босанец?