DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Z

zmej gorjanin

Гостин
Стигнавме на темава Гравити и Обливион да ги споредуваме. А ја стигнав до заклучок дека луѓето ретко сакаат да укључат мозок и од прва ако не им е све тоа фино сервирано, се класифицира ко глупо и досадно. Ама кога ќе ги прашаш дали се филмски ентузијасти, ќе си добиеш мислење на долго и на широко. :) Нормално е секој да има свој вкус, но причините поради кои се критикува филмов ми се смешни.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Gravity ми е џабе потрошено време за што искрено се каам, а и изборот за Сандра Булок како главна улога која не престана да писка од почеток до крај, беше уште поголема утка. Единствено што ми е мило е тоа што филмов го гледав дома и не дадов пари за у кино, а баш се мислев, тоа ти е среќа во несреќа.
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.711
Поени од реакции
12.710
Позз хејтери :cool:
Иначе не дека е лош филмот...али дека заслужува да биди спомнат со најдобрите филмови годинава ??? Или дека бил револуцинерно добар ?!?! Сценаријото беше тиња....Должина на филмот-тиња ....Глумата ништо посебно не се истакнува, али за тоа пак е сценаријото криво.... Едина добра работа во него се специјалните ефекти, што пак, на Хобитот може само вода да му носат...така да, ни еден оскар не заслужува...
Најдобар филм зеде ? Не.
Најдобра женска улога ? Не
Сценаријо ? Не ни беше номиниран

Што освои ? Режија, што никој не рече дека не е добра :), и останатите „технички“ оскари. Сумасумарум, пак тиња :icon_lol: Позз:icon_mrgr:
 
Последно уредено:

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.197
Чудно како ги потценувате "техничките" оскари. Не е само седни на компјутер и направи два клика. Гравити заслужено најнаграден филм годинава.Тоа што не доби најдобра женска улога заслужено, затоа што Кејт Бланшет беше феноменална. За најдобар филм се знаеше уште пред да излезе 12 години роб. Таков филм поминува за најдобар, како лани Линколн. А да беа навистина такви, ќе се збогатеа со оскари за улоги, сценарио, техничка обработка.
Филм од нецели 90 минути најоскаровски. Е тоа е уметност.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Најфорсираниот филм , кој е толку досаден и со извонредно глупо сценарио , може да се надевам на технички Оскари а и тие не ги заслужи!
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.726
Поени од реакции
52.663
Како е досаден филмот бе? Ај да траеше два, два ипол саати ко сите други и да има непотребни сцени па да ви бил досаден. Се си е супер склопено во 90 минути во кои можете да седнете и да уживате додека ги гледате.
Сигурно на повеќето на кои не им се свиѓа, не им се трошеле повеќе од 700 мегабајти за филмот па и си го пуштиле на лаптоп да го гледаат. Епа не е до филмот :)
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Свака час за ефекти, ама џабе ко сценариото е тиња, целата прича е ептен обична, површна, предвидлива од сам почеток. Аматеризам. Барем да погинеше Булок ќе беше поинтересно.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.197
Зарем помислата дека човек е сам оставен во вселената, во цела вселена, не е необична, фантастична, морбидна, прекрасна помисла од која се наежува кожа?

Готово овде, не сакам да испаднам како напален фанбој, менуваме тема.
12 years a slave.


Излезе на убава снимка и повеќето веќе го гледавме, па ако се развие дискусија како во случајот со Gravity, супер.
 
G

grande-juve

Гостин
Да, веќе позната ни е приказната за робовите, можеби токму поради тематиката го лапна оскарот, ама нема никави дилеми кај мене дека филмот беше одличен. Ништо не беше слабо во филмот, од глумата, до музиката, сценариото, режијата... напротив. И тоа што најмногу ме освои, прекраснo снимените кадри од природата, природната убавина во контраст со човековиот болен ум... плус неверојатната вистинита приказна и тоа е тоа.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.431
Поени од реакции
6.078
Да, веќе позната ни е приказната за робовите, можеби токму поради тематиката го лапна оскарот, ама нема никави дилеми кај мене дека филмот беше одличен. Ништо не беше слабо во филмот, од глумата, до музиката, сценариото, режијата... напротив. И тоа што најмногу ме освои, прекраснo снимените кадри од природата, природната убавина во контраст со човековиот болен ум... плус неверојатната вистинита приказна и тоа е тоа.
Se e toa tocno sto si go napisal no nemase nisto vau vo filmov, site bea dobri, scenite dobri, dijalozite dobri i se na se dosadno dobar film. Bukvalno nisto ne se izdvoi, nemase nisto sto bi te ostavilo bez zborovi ili pak scena koja ke ja pamtis dozivotno...
 
G

grande-juve

Гостин
Bukvalno nisto ne se izdvoi, nemase nisto sto bi te ostavilo bez zborovi ili pak scena koja ke ja pamtis dozivotno...
Приказната за главниов лик? Тоа му е главна карта на филмов и кај мене запали, плус со горе споменатото. Не викам дека е ремек дело, ама дефинитивно 9ка по мои стандарди
 

Kajgana Shop

На врв Bottom