DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Многу неоправдан хејт читам тука за филмот, посебно за приказната. Па немој да ме јебеш бре, приказната е сосема добра дури и гледам оправдано е додадено трилер во жанрот на филмот иако јас пред да го гледам мислев дека е само драма.

Како може да ви биде досаден и тоа не ми е јасно никако, речиси на секои 15 минути имаше по некое ново случување ако не и на помалку.

Не е обичен сај-фај филм бидејќи приказната е многу веројатна за разлика пример од ѓубре како Прометеус, ете кој го нема гледано Аполо 13 нека го изгледа па ќе сфати дека навистина некои луѓе преживеале слична ситуација во вселената.

За крај мал квиз, која е државата на сликата


Египет :)
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.711
Поени од реакции
12.710
Многу беше тежок квизот :icon_lol:
Иначе не дека е лош филмот...али дека заслужува да биди спомнат со најдобрите филмови годинава ??? Или дека бил револуцинерно добар ?!?! Сценаријото беше тиња....Должина на филмот-тиња ....Глумата ништо посебно не се истакнува, али за тоа пак е сценаријото криво.... Едина добра работа во него се специјалните ефекти, што пак, на Хобитот може само вода да му носат...така да, ни еден оскар не заслужува...
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
+1 за режија.
Иако повеќето филмови не ми се гледани, уште сега можам да се кладам дека Куарон зема за режија.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.197
Само што го изгледав. Gravity е револуција. Чиста перфекција е филмот, ја исчитав цела дискусија и ме потсетивте на форумските критики кои еднаш ги прочитав за The Straight Story (кој патем нема никаква сличност со филмов) кои гласеа "абе единствено интересно беше кога косалицата побрзо одеше", значи се пропушта суштината на филмот кога приказната ви е под очекувањата, или во најлош случај - немало приказна (?), а цела борба на човекот (како и душата на старчето Straight) е прикажана тука, без некоја спектакуларност, она најприродната и најкатастрофалната, како сликата која змеј горјанин ја постирал на минатата страна. Симболиката. Gravity е цела симболика. Настрана од тоа што визуелно е спектакуларен, не знаев во што попрво да гледам, ги премотував сцените назад за да успеам да заприметам и доживеам повеќе. Саундтракот е одличен исто така. Штета што не го гледав на кино. Ова е вистинско доживување. Куарон мора да земе оскар. Од мене има 10.

Она што е пострашно денес е тоа што сите наоѓаат некои маани колку само да имаат причина да ги мразат филмовите. Ова е некој нов тренд и нов бран на критичари кои од секој нов филм очекуваат да биде најдобриот филм што го гледале.
п.с. Дарвинова награда за животно дело GOES TO Igorchete. Бидејќи после Одисеја не смеат да се прават сци-фи филмови. Фала му на Бога што постои Вил Ферел.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.663
Поени од реакции
14.538
Како може да ви биде досаден и тоа не ми е јасно никако, речиси на секои 15 минути имаше по некое ново случување ако не и на помалку.

На речиси секои 15 минути имало некое ново? Па у Пијанист се дешаваше нешто побрзо!
 
G

grande-juve

Гостин
Тоа бе Џимеј, ти знаеш како да го тоа кажеш, борбата со себе, борбата против цела вселена... повеќе од од доволна приказна. Штета у кино што не си го фатил, беше епик:)
Gravity (2013)

Првата 10-ка за 2013. Ме одушеви филмов, доживување плус соживување. Сандра Булок според мене растури, чувствата што ги имаше нејзиниот лик ги имав и јас, а за тоа дефинитивно допринесе и неверојатната реалност, ја мислев стварно во вселена го снимале, 2-3 пати паника ме фати:D. Да не зборам за кадрите... мераци.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.110
Поени од реакции
9.050
Абе кога од еден Gravity направивте култен да биде тоа се кажува до кое ниво е Холивуд со оскариве. Заеби и симболики и се кога филмот е досаден, ова доаѓа од чоек на кој му се допадна Аmour (2012) или 2001: A Space Odyssey. :D Значи немам ништо против артистички филмови и такви ценам, но еден аматерски и ефтин Europa Reports беше далеку поинтересен од Gravity!

Навистина единствено нешто што го вади филмов е глумата на Сандра и визуелните ефекти. Толку.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Gravity e ремек дело, од идеја до реализација, визуелни ефекти, глума, приказна. Можеби најдобриот од поновите SF , во рангот на Одисеја 2001.

PS Europa Report е евтино срање, не препорачувам да си го губите времето со него.
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.711
Поени од реакции
12.710
Gravity e ремек дело, од идеја до реализација, визуелни ефекти, глума, приказна. Можеби најдобриот од поновите SF , во рангот на Одисеја 2001.

PS Europa Report е евтино срање, не препорачувам да си го губите времето со него.

Баш ме интересира што е тоа што те разочара во Europa Report, покрај тоа што нема A class актери/актерки, и мултимилионски буџет...
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.026
Баш ме интересира што е тоа што те разочара во Europa Report, покрај тоа што нема A class актери/актерки, и мултимилионски буџет...

A sto ima? Ni tenzija, ni povrzuvanje so nekoj lik, ni interesna kreativna prikazna.
Ne sfakam zaso prasinava okolu Europa Report.
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.711
Поени од реакции
12.710
A sto ima? Ni tenzija, ni povrzuvanje so nekoj lik, ni interesna kreativna prikazna.
Ne sfakam zaso prasinava okolu Europa Report.

Хах, вкусови претпоставувам .... Некои сакаат нешто колку толку оригинално а кај некои сеуште палат клишеа
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.026
Хах, вкусови претпоставувам .... Некои сакаат нешто колку толку оригинално а кај некои сеуште палат клишеа

Хех, невкусови претпоставувам.. јас сеуште го немам гледано Gravity, го чекав блу а сега чекам пригода за на тв.

За колку-толку оригинално.. не се согласувам, фората е премногу пати видена, ништо иновативно, ништо креативно.

А за инди, нискобуџетни филмови.. не сум без ич гледани, ама ајде, да не си ги мериме во песок. :)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
њот, кога ќе се мења името на темата, доста беше хејтање за гравити, давај нешто друго
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.026
њот, кога ќе се мења името на темата, доста беше хејтање за гравити, давај нешто друго

Koга јас ќе го изгледам. :D

Се шегувам, обично ставам некој за кого ќе се развие дискусија во генерална ако не стави џими во меѓувреме. Немам јас идеја моментално.
Освен да идеме со некој оскар-номиниран? Слободно предлагајте увек.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom