Украина нажалост не може да добие помош од САД поради огромниот отпор на американците за било какво влегување во војна. Босна, Косово, Авганистан, Ирак, Либија предизвикува желба кај домашното население владата и претседателот конечно да се свртат кон побитните работи-домашната економија, социјалната правда, стандардот кај населението. Истоштени се од воени интервенции, а да, воедно им е смачено нон стоп да се мешаат во било која криза и да изиграваат полицаец на светот само за да бидат омразени и етикетирани како светска сатана број еден.
И тоа создава нерешителност кај европските земји и страв. Не знаат што да прават кога САД нема намера да им помогне.
Договорот од 1994 година, како и самото меѓународно право ќе си остане прегазено. Rules are meant to be broken.
Инаку најидеално решение, пред влезот на руските трупи ќе беше одржување на предвремени избори, да се види што и како ќе стојат работите понатаму. Друго, штета би било да се повтори корејското сценарио и поделба на државата на два дела, иако мнозинството е ист народ со различна вера.