- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 40.398
- Поени од реакции
- 118.819

Ланскиот победник во машка конкуренција е Рафаел Надал, кој во финалето го победи Делпотро после долга и тешка битка во три сета, со 4-6 6-3 6-4. Делпо водеше и со брејк во вториот сет, но не успеа да издржи и да го освои својот прв Мастерс во кариерата. Во женска конкуренција Шарапова ја освои титулата, лесно и убедливо во два сета против Возниацки, 6-2 6-2.
Квалификациите во женска конкуренција почнуваат утре, а првото коло во среда, а кај мажите квалификациите во вторник, а првото коло во четврток. Сега за сега учеството го откажа Давид Ферер, а неизвесни се и Делпотро, Нишикори и Хас. Делпотро скоро сигурен сум дека нема да настапи ради хроничниот проблем со зглобот на левата рака.
Прв носител ќе биде Рафаел Надал, кој патем ја брани и титулата, како што споменав погоре. Овој турнир треба да даде јасна слика во каква форма се најдобрите тенисери, бидејќи од она што можеше да се види после Австралија сликата не беше никако позитивна. Надал го освои турнирот во Рио но со доста лоша и просечна игра, Ноле се мачи со својата форма, Мареј се распаѓа после операцијата, единствено Федерер колку толку покажува подобри знаци во однос на претходната сезона, но и неговата форма не е на врвно ниво.
Ќе биде добро да се види што ќе направат Димитров и Чилиќ, тенисери кои одлично ја започнаа 2014 и од кои многу се очекува оваа сезона.
Најмногу титули во машка конкуренција има Роџер Федерер-4, а во женска конкуренција повеќе тенисерки имаат по две титули, а тие се: Серена Вилијамс, Шарапова, Клајстерс, Хантукова, Навратилова, Мери Џо Фернандез, Штефи Граф и Линдзи Девенпорт.
П.с. Ждребот ќе биде одржан утре, така да нека го вметне модераторот во воведот кога истиот ќе излезе.
Последно уредено: