Океј, знам дека е глупава темата.
...
има ефтини перници од по 300 денари, а има и баеги поскапи.
Во што е разликата меѓу овие? Навистина ли поскапите нудат поубав сон и појше време тераат?
Ова воопшто не е глупа тема за разговор.
(освен можеби моментот за „траење„ на перниците)
Перници со ергономски облик се права работа. Важното е да го задржуваат обликот, но сепак да се меки и удобни. Не мора да бидат екстра големи како старинските перници, но добро е да не бидат ни ептен мали перничиња. Должината е небитна, ширината е битна.
Материјалот е исто така многу важен, по мене латекс е најдобар избор заради следниве карактеристики:
- најдобро ја задржува формата а сепак е мек и удобен (по ова е подобар од мемори пената, која секогаш е премека и не ја задржува формата така добро)
- Латексот не задржува топлина и лесно се лади (по ова е многу подобар од мемори пената, која многу го загрева местото под главата, и уште полошо -не се лади лесно кога ќе ја преместиш главата на поладен дел од перницата). Ова е најизразено во летно време.
Се на се, латекс е права работа. Мемори пената е ОК ама латекс бирам пред мемори пена во секое време.
Ќе слушнеш разни мислења, но ретко од некој што пробал перници од двата материјали. Тоа е затоа што и латексот и мемори пената прават неспоредливо подобри перници од класичните перници. Скоро секој што сменил од класична перница на вакво нешто е презадоволен во однос на старото и нема намера да гледа понатаму (што има и подобро).
Така да, прошетај разгледај и инсистирај да ја пробаш перницата. Не се брзај (ако е можно, ако не е... иди на друго мест) и види што ти е поудобно и кој материјал држи многу топло. Ако имаш пари купи и од латекс и од мемори пена, па едната нека остане за помошниот лежај, за на одмори, за викендица или за поклон.
Истото важи и за дебелината на перницита, пошто и тоа е лична преференца, за некои се поудобни пониски, некои сакаат повисоки перници. Опција е и да се земе поплитка/пониска перница па да се подигне евентуално со мека подлога (на пример од мемори пена, или сунѓер).
Латекс има предност пошто е појак материјал и во него се бушат отвори со што се допринесува за циркулација на воздухот.
Јас лично имам латекс перници од Оптимо и сум многу задоволен од нив. Оценка 9/10
(10/10 е резервирана оценка која уште никаде не сум ја дал )
http://www.optimo.si/sl/index/article?path=/catalogs/2012
Имам и од мемори пена, ама тие ги користам како помошни перници, главни перници за спиење ми се латекс перниците од Оптимо.