Струмички карневал

Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.383
И до колку сабајлето трае тоа? И зошто нигде немаше маски кога бев сега викендов? :mad::mad::mad: Во Џордан влагам и три ипол маски и све за женски. По бутиците сите бев нигде нема. Прашав во еден дуќан во чаршијата и таа ми вика дека само во Џордан имало. На друго место нема. Вие маскенбал правите а маски немате за продавање, што маскенбал ќе е тоа? :mad:
Си се збунил нешто ти момче, не правиме ние маскенбал, туку карневал. Маскенбал прават Скопјани и Прилепчани ,каде сите се супермен,бетмен,принцеза и ѓавол со купени маски од продавница. Кај нас маските се спремат рачно, во домашни услови претежно , се купува материјал се шие, се употребуваат разни нешта кој ти се наоѓаат по дома и се малку инвентивност/креативност ќе имаш уникатна, и интересна маска. Ако ти е толку дојдено до перика и мустаќи маска од продавница, почекај до Среда/Четврток ќе извадат повеќе бутици и продавници, секоја година вадат 2-3 дена пред карневалот кога почнуваат да доаѓаат луѓе од страна.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.382
Поени од реакции
38.796
Маски има во Комфи Ангел. Се наоѓа на улица 4 Јули , или полесно да ја најдете кажете му на таксистот да ве однесе кај Вил Хил кладилницата во Глобал , одма спроти кладилницата е дуќанот ќе го видите , излогот е цел со маски. Ова за тие што не се од Струмица а сакаат да купат. Имаме останато уште 30-40 маски целосни значи , облека и глава.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Колко шо знам, Боро Чорба ќе бил. Ама не ме фајки за збор. Така ми кажа едно другарче, демек ќе работил таа вечер там...
Каде ова?

Дечки а детскиот карневал кога е? Во недела?
 

Big Bull

ОК
Член од
23 август 2008
Мислења
562
Поени од реакции
393
На пладне, нели? И дали некаде можам да кушам бебешка маска?
02.03.(недела) 2014 година:
- Традиционален Детски карневал по повод “Прочка“ . ул. “Благој Мучето“ и плоштад “Гоце Делчев“ – 11 часот

А за маски незнам да ти кажам каде се продаваат.
 

UNKNOWN_ARTIST

Blue is the colour!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
892
Поени од реакции
555
Каде ова?

Дечки а детскиот карневал кога е? Во недела?
Ова, под плоштадот. Сабота вечер, главната карневалска вечер. Ќе видиш, има 4 места да се симнеш под плоштадот. Ваљда ќе налетеш на некој струмичанец да си прашаш. :D Ама сигурно ќе налеташ на некое од нив, а можно е и карта да се плаќа, како што беше минатата година, ако добро се сеќавам.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ова, под плоштадот. Сабота вечер, главната карневалска вечер. Ќе видиш, има 4 места да се симнеш под плоштадот. Ваљда ќе налетеш на некој струмичанец да си прашаш. :D Ама сигурно ќе налеташ на некое од нив, а можно е и карта да се плаќа, како што беше минатата година, ако добро се сеќавам.
Ама чекај, значи кафиќ е тоа или отворено место? Ако е кафиќ, како се вика?
 

UNKNOWN_ARTIST

Blue is the colour!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
892
Поени од реакции
555
Ама чекај, значи кафиќ е тоа или отворено место? Ако е кафиќ, како се вика?
Паркинг простор е, а за карневалите не е дозволено паркирање, така да, секоја година праваат забава.
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.198
Поени од реакции
959
ФОТО+ ВИДЕО: Струмичкиот плоштад „украсен“ со луна парк реквизити
26.02.2014 | 16:38

Струмичкиот градски плоштад денес доби неколку реквизити за љубителите на екстремности и адреналин. Како што може да забележите и од фотографиите во моменов се монтираат реквизити налик на големите луна паркови, како за помладите така и за повозрасните. Веќе е поставен и испрoбан т.н „ranger“ кој се врти за 360 степени. Како изгледаше пробата на „rangerot“ погледнете на следниот линк.

Од фотографиите погледнете во каква забава ќе уживате наредните денови кога градот ќе живее во екот на Карневалот.






















http://strumicadenes.mk/foto-video-strumickiot-plostad-ukrasen-so-luna-park-rekviziti/

 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Маски има во Комфи Ангел. Се наоѓа на улица 4 Јули , или полесно да ја најдете кажете му на таксистот да ве однесе кај Вил Хил кладилницата во Глобал , одма спроти кладилницата е дуќанот ќе го видите , излогот е цел со маски. Ова за тие што не се од Струмица а сакаат да купат. Имаме останато уште 30-40 маски целосни значи , облека и глава.
Е браво бе сега кажуваш. :ROFLMAO: Јас цела сабота ја утепав претходнава барајќи маски низ Струмица. :mad:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom