Улогата на Русија во македонската историја

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Иако темава ја отвараме во форумот историја таа не треба да биде ограничена на историските настани туку севкупната улога на руската политика во однос на Македонија - директно и индиректно.

Ќе се обидеме да ги наведеме сите позитивни и негативни моменти без пристрасност кон аргументите - нашиот најголем предизвик :)

Генерално впечатокот за Русија е многу ограничен и во голема мера обликуван од:
1. Во минатото од политиката на СФРЈ ( Самоволието на Тито и декларативната неутралност)
2. Во независна Македонија од политиката на Западот (НАТО, ЕУ интеграции, зависност од САД)

Стереотипното размислување во Македонија е поделено на „демократскиот напреден Запад, каде што благосостојбата е загарантирана“ и непознатиот Исток каде “владее мизерија, тоталитарни режими и кои редовно ја имаат улогата на “лоши момци“ во Холивуската продукција“.

Се надевам дека после дискусијава ќе го отвориме умот кон една поинаква перцепција за Русија.

Разговараме на субјективна тема. Дали Русија е добар сојузник си знаат молдавците, украинците и србите.

Таа оска Русија-Србија-Грција од секогаш ме загрижувала.

Имам неколку прашања за љубителите на Русија.

1.Како Русија и помогнала на Македонија во минатото?

2.Во 1945 година Тито (Хрват), сакајќи да ја ослабне Србија, од Вардарска Бановина создава СР Македонија.
Во 1947 година Тито, од истата причина, се договара со Георги Димитров од Бугарија, за припојување на Пиринска Македонија кон СР Македонија, признавање на македонскиот јазик и народ и припојување на западните делови од Србија (Ниш и Пирот) кон Бугарија?
Тој договор можеше да ја смени македонската историја.
Кој го запира тој договор пред да се оствари?

3.Која беше таа виша сила што во 1991 не спаси од окупација на Србија и Грција?
Како така лесно добивме независност?
Како плановите на Милошевиќ и Мицотакис за поделба на Македонија, не се остварија?
Која беше таа сила што им рече НЕ?
1.Како Русија и помогнала на Македонија во минатото?
Руските предлози за независна Македонија:

1. Во октомври 1829 година, на состанокот на комитетот на царот Николај Први, од страна на руското раководство била разгледана и можноста за евентуално распаѓање на турската империја, при што бил разгледан предлогот доставен од тогашниот грчки национален деец Јоанис Каподистрија.

Овој предлог (во кој Македонија била замислена како самостојна држава), на состанокот го изнел рускиот министер за надворешни работи Дашков:

- Македонија (која требало да ја опфати територијата на цела тогашна Румелија, заедно со околните острови т.е. територијата на цела етничка Македонија и делови од денешна Бугарија, Тракија и Тесалија);

Во тоа време Каподистрија бил руски гроф и своевремено државен секретар за надворешни работи на Русија.


На истиот овој состанок на руското раководство бил поднесен уште еден предлог, овој пат од рускиот гроф Булгари, кој предложил помали граници на замислената македонска држава:

- Македонија (заедно со северниот дел од Албанија и дел од Тракија, сè до реката Марица);

2. Во 1908 година во Ревал се сретнаа англискиот крал и рускиот цар. Двете големи сили постигнаа договор што требаше да доведе до автономија на Македонија. Англискиот министер за надворешни работи Едуард Греј изјави во домот на општините дека Англија покренала иницијатива за назначување на генерален гувернер во Македонија.

3. Во октомври 1912 година, Рускиот претставник во Софија, Нехлјудов, испратил допис до министерот за надворешни работи во Санкт Петербург, во којшто го искажува мислењето дека најдобро е Албанија и Македонија да бидат автономни и да бидат ставени под закрилата на Големите сили.

Значи ова се три директни инволвирања на Русија за создавање на македонска држава.

2.Во 1945 година Тито (Хрват), сакајќи да ја ослабне Србија, од Вардарска Бановина создава СР Македонија.
Во 1947 година Тито, од истата причина, се договара со Георги Димитров од Бугарија, за припојување на Пиринска Македонија кон СР Македонија, признавање на македонскиот јазик и народ и припојување на западните делови од Србија (Ниш и Пирот) кон Бугарија?
Тој договор можеше да ја смени македонската историја.
Кој го запира тој договор пред да се оствари?
Иницијаторот за создавање на балканска федерација меѓу СФРЈ и Бугарија е Москва.
Планот пропаѓа поради апетитите на Тито да ги потчини бугарските претставници. Бугарите ја напуштаат оваа идеја.

Во врска со гео-политиката по завршувањето на 2 С.В. договорот за цртање на границите е направен меѓу В. Британија и Русија во т.н. Договор за Процентите меѓу Сталин и Черчил за тоа како да се подели Југоисточна Европа во сфери на влијание.
Имаме посебна тема:
http://forum.kajgana.com/threads/Договор-за-поделба-на-југоисточна-Европа-Балканот.42945/



3.Која беше таа виша сила што во 1991 не спаси од окупација на Србија и Грција?
Како така лесно добивме независност?
Како плановите на Милошевиќ и Мицотакис за поделба на Македонија, не се остварија?
Која беше таа сила што им рече НЕ?
На ова прашање очигледно само ти го имаш одговорот :)
Не гледам како е ова поврзано со негативната улога на Русија која ја застапуваш.


Наредната точка ќе биде „Како Русија и отпомогнала на Македонија“.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Русија од секогаш си ги гледала своите интереси. Не за џабе Русија и ја формира и помага Бугарија која цело време и врти грб (примери има многу). А преку Бугарија, Русија сака да дојде до Јадранот (проектот Бугарија на три морета ака Сан Стефански)... По лесно од ова амин да се изразам. Гео-политиката на Русија во однос на Балканот е ср*ње. А, ако се трескате дека Русија и помогнала на Македонија, мавнете барем посилно главите. А сега колку е заинтересирана ќе видите по кракот за гасот. Одвај изделуваа барем малце.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Русија од секогаш си ги гледала своите интереси. Не за џабе Русија и ја формира и помага Бугарија која цело време и врти грб (примери има многу). А преку Бугарија, Русија сака да дојде до Јадранот (проектот Бугарија на три морета ака Сан Стефански)... По лесно од ова амин да се изразам. Гео-политиката на Русија во однос на Балканот е ср*ње. А, ако се трескате дека Русија и помогнала на Македонија, мавнете барем посилно главите. А сега колку е заинтересирана ќе видите по кракот за гасот. Одвај изделуваа барем малце.
А чиви интереси треба да ги гледа? САД чиви интереси гледа, Македонски?
 
Последно уредено:
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
[quote="Hip.Hop_MKD, post: 6452853, member: 50213"]Русија од секогаш си ги гледала своите интереси. Не за џабе Русија и ја формира и помага Бугарија која цело време и врти грб (примери има многу). А преку Бугарија, Русија сака да дојде до Јадранот (проектот Бугарија на три морета ака Сан Стефански)... По лесно од ова амин да се изразам. Гео-политиката на Русија во однос на Балканот е ср*ње. А, ако се трескате дека Русија и помогнала на Македонија, мавнете барем посилно главите. А сега колку е заинтересирана ќе видите по кракот за гасот. Одвај изделуваа барем малце.А чиви интереси треба да ги гледа? САД чиви интереси гледа, Македонски?
Да бидаме реални, Р. Македонија секаде гледа да се упика ама никој не ја рецка. Убаво рече @puno за тоа еднаш.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Да бидаме реални, Р. Македонија секаде гледа да се упика ама никој не ја рецка. Убаво рече @puno за тоа еднаш.
Незнам што ти е поенатата на постов, ама за разлика од нашите соседи кои за последниот век 5-6 пати смениле страна, Македонија води доста конзистентна политика. Во нашите напори кон НАТО и ЕУ и покрај многубројните сопки што ги добивавме од истите. Не е дека не не рецкале, туку ние сме имале граница на достоинство. За разлика од другите.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.578
Поени од реакции
5.173
Да бидаме реални, Р. Македонија секаде гледа да се упика ама никој не ја рецка. Убаво рече @puno за тоа еднаш.
Па да, треба да избират меѓу Грција и Македонија. И Русија и западот ја одбраа Грција.

Најдобар пример за тоа колку деструктивна е подршката на Русија е Албанија(беше), Северна Кореа итн.

Југославија сета позитивност што ја имаше е заслуга на западот.[DOUBLEPOST=1393240367][/DOUBLEPOST]
Незнам што ти е поенатата на постов, ама за разлика од нашите соседи кои за последниот век 5-6 пати смениле страна, Македонија води доста конзистентна политика. Во нашите напори кон НАТО и ЕУ и покрај многубројните сопки што ги добивавме од истите. Не е дека не не рецкале, туку ние сме имале граница на достоинство. За разлика од другите.
Сигурно се шегуваш...
Големите сили не изберат нас, ние не ги избериме нив, ова за дете би требало да биде јасно...
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Па да, треба да избират меѓу Грција и Македонија. И Русија и западот ја одбраа Грција.

Најдобар пример за тоа колку деструктивна е подршката на Русија е Албанија(беше), Северна Кореа итн.
Во кој момент од своето опстоење Русија ја подржала Албанија а? Советскиот Сојуз е држава која нема врска со Русија. Исто ко да го израмниш Косово со политиката на СФРЈ.

Југославија сета позитивност што ја имаше е заслуга на западот.
Само што скапо не кошташе тоа после.


Сигурно се шегуваш...
Големите сили не изберат нас, ние не ги избериме нив, ова за дете би требало да биде јасно...
Или те окупираат на некој начин, или си нивни сојузник. За да влеземе во НАТО треба само да ги соблечеме гаќите и да си прифатиме друго име и идентитет.
 

red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
825
Најдобар пример за тоа колку деструктивна е подршката на Русија е Албанија(беше), Северна Кореа итн.
Не е баш така, има и позитивни примери. Таков пример е договорот меѓу Русија и Ерменија во кој Русија гарантира националната безбедност на ерменците заради правото на русите да користат воена база во Гjумри каде е базирана 102 руска военна база.
http://ru.wikipedia.org/wiki/102-ја_россијскаја_военнаја_база

Овој договор помеѓу Русија и Ерменија ja попречува експанзивната политика на Азарбејджан која се вооружува со брзо темпо поради големите приходи од нафта и природен гас. Ерменија не може да одговори на ова темпо поради недостатокот на развиена економија и природни ресурси. Единствениот сојузник на ерменците е Русија поради тоа дека Турција која смета азерите за братски народ е членка на НАТО. Токму поради руската воена база во Ерменија и договорот за соработка меѓу двете земји турците и азерите кои се историски непријатели на ерменците си кjутат и се со врзани раце.

Големите сили не изберат нас, ние не ги избериме нив, ова за дете би требало да биде јасно...
Многу си во право за тоа.
 
Последно уредено:
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
Епа ај баталете минатото зашто сега РУСИЈА не ни помогне нешто
Во глобала зашто не биде иницијатор за некој словенски,славјански,источен сојуз
Русија никогаш не не сакала а ниту не сака
Тие јадните како иде време може ке останат само една држава која ке живее на стара слава благодарение на нуклеарките
 
Член од
17 декември 2012
Мислења
272
Поени од реакции
182
1. Во октомври 1829 година, на состанокот на комитетот на царот Николај Први, од страна на руското раководство била разгледана и можноста за евентуално распаѓање на турската империја, при што бил разгледан предлогот доставен од тогашниот грчки национален деец Јоанис Каподистрија.

Овој предлог (во кој Македонија била замислена како самостојна држава), на состанокот го изнел рускиот министер за надворешни работи Дашков:

- Македонија (која требало да ја опфати територијата на цела тогашна Румелија, заедно со околните острови т.е. територијата на цела етничка Македонија и делови од денешна Бугарија, Тракија и Тесалија);

Во тоа време Каподистрија бил руски гроф и своевремено државен секретар за надворешни работи на Русија.
Во 1829 единствен министер за надворешни работи е Неселроде, Каподистриjа дури и формално веке не е министер (во 1822 е отстранет неформално, во 1827 - формално). Дашков (коj од сите, ги има неколку во тоа време?) има други положби.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
For Russian lovers

ЗАД ПОДЕЛБАТА НА МАКЕДОНИЈА СТОЕЛА ЦАРСКА РУСИЈА

Руската дипломатија ја предопредели судбината на Македонија, вели д-рВладо Поповски



Наспроти македонските стремежи за создавање на сопствена држава, Царска Русија планирала и настојувала Македонија и нејзиниот народ да ги подели или да ги приклучи кон една балканска држава. Тие настојувања се јавиле уште од крајот на 18 век и траеле се' до поделбата меѓу Србија, Бугарија и Грција. Таа никогаш не ги земала предвид ниту македонските интереси, ниту стремежите на македонските субјекти. Напротив, нејзе и бил трн во око македонското револуционерно движење. Таквиот нејзин однос кон македонското прашање остави најдлабоки траги предопределувајќи ја судбината на Македонија и на македонскиот народ. Ова се сознанијата до кои може да се дојде врз основа на најновите докуменити од руските архиви.

„Русија, во својата балканска политика, најпрво, Македонија ја вклопуваше во нејзиниот проект за Голема Грција, потоа, до 1870 година, во проектот на Голема Србија – од Дунав до Места – а по 1870 година во Голема (Санстефанска) Бугарија. На крајот, разочарана од неблагодарноста на владите на тие државички и соочена со противењето од другите европски сили; соочена со нереалноста на тие проекти, Русија зазема радикално подруг курс – курс кон делење на Македонија во корист на балканските држави (на Србија, Бугарија и Грција) под контрола на својата политика и во склад со своите државни интереси“, вели д-р Владо Поповски кој ги проучува документите од тоа време.

Според него, Царска Русија до појавата на Македонската револуционерна организација презела неколку драматични и крути чекори со кои оневозможила било какви изгледи за успех на македонскиот фактор за негово црковно, политичко и државно обособување. Таа решително го притиснала султанот да не дозволи каква и да е процедура и перспектива на Македонците за црковна еманципација од Патријаршијата и од Егзархијата, за обнова на Охридската архиепископијата, или за Унија со Ватикан во настаните од 1872-1874 година. Под притисок на самиот император, руската окупациска војска во Бугарија подготвил војничко задушување на Кресненското востание, а во 1886 година започнала да го разработува планот за постигнување сојуз на балканските држави во чија основа стоела делбата на Македонија. Од тогаш па натаму, Русија воспоставила контрола над политичките процеси на Балканот и специјално над тие во Македонија.

“Посебно, по појавата на Македонската револуционерна организација Русија стана мошне сензибилна кон македонските настани знаејќи, без пардон, да го спречи несаканиот развој на ситуацијата во Македонија или, во интерес на својата политика, да внесе нови моменти во таа ситуација кои, спонтано, воопшто не би се развиле“, подвлекува д-р Поповски.

Нејзиниот курс за делба на Македонија таа настојувала да го обезбеди од непредвидени и несакани настани и процеси, а таков, не толку непредвиден, колку несакан процес, бил развојот на македонското ослободително движење во ликот на Македонската револуционерна Организација (ТМОРО, ВМОРО, ВМРО).

„Македонската револуционерна организација која се афирмира како општ и суверен представник на македонското население за создавање посебна македонска држава, со самото тоа, за рускиот фактор стана опасен противник и омразен субјект. Од тука па натаму руската официјална политика ќе постане мошне груба во односот кон македонскиот фактор, а овој ќе ги доживее своите најдраматични моменти и периоди, масовно пожртвувајќи се и, конечно, губејќи ја битката за своите цели и за интересите на Македонија и нејзиниот народ“, додава Поповски кој подолг период копа по руските архиви од тој период..

Првиот судир меѓу македонскиот и рускиот фактор по Берлинскиот договор се случил во 1896 година по акциите во Македонија што ги направиле врховистите (Македонскиот врховен комитет) и по аферите кои покажале дека целата провинција е покриена со мрежа на тајни комитети, кои го подготвуваат населението за востание и за добивање политичка автономија на Македонија. При такви околности, таа побрзала да ги усогласи работите во својата дипломатија строго дисциплинирајќи ја во врска со својата политика кон Балканот и кон Македонија. Како реакција на акциите на македонските комитети, министерот за надворешни работи, грофот Муравјов, им издал наредба на своите дипломатски претставници во Бугарија и во Србија, да престанат со каква и да е соработка со тие комитети и својата работа да ја насочат единствено со турската влада и со владите на балканските земји. Истовремено во 1897 година, Русија склучила тајна спогодба со Австро-Унгарија со која се договориле на Балканот да се создаде уште само албанска држава а другите делови, меѓу кои и Македонија, да бидат поделени на балканските држави. Во остварување на таквата политика најголема пречка и била внатрешната македонска организација.

„По повод на предпоставеното можно востание во Македонија, министерот за надворешни работи на Русија грофот Муравјов многу јасно и тврдо ја дефинирал руската намера кон македонските револуционери и кон нивната внатрешна организација. Тој во доверливо писмо до рускиот дипломатски представник во Софија Бахметев од 3 декември 1898 ќе напише: „...Доколку, сепак – на македонските водечки дејци им успее да кренат востание во Македонија – тогаш од страна на Русија тоа движење нека не се надева ниту на сочувство ниту на помош. Напротив – Императорската влада ќе биде присилена да им предостави полна слобода на репресивните дејствија на турските власти во правец на поништување во самиот зародиш на револуционерните замисли на Македонците, и во примерното казнување на главните основоположници на востанието“, објаснува д-р Поповски, цитирајќи ги документите.

Истовремено Русија настојувала да востанови легална база за српските интереси и претензии во Македонија вршејќи притисок врз Султанот да постави српски митрополит во Скопје. Рускиот претставник во Белград Чариков, тогаш ќе изјави дека со именувањето на српски митрополит во Скопје веќе се создадени Срби во Македонија, и ќе констатира и еден парадокс, а имено дека во Стара Србија (се мисли на Македонија) немало ниту еден Србин, туку дека имало само Бугари и Грци затоа што султанот таму не поставил српски митрополит, туку поставил само бугарски и грчки митрополити.

“Сознавајки, дека работите се движат кон блиско и (по)општо востание во Македонија, планирано за пролетта 1903 година и, констатирајќи дека силата и настојчивоста на ВМРО ги надминала сите очекувања, Русија многу сериозно се свртела кон дефинирање на дипломатскиот ангажман и на мерките потребни за заштита на рускиот план за решавање на балканското и македонското прашање. Преку министерот за надворешни работи, грофот Ламздорф, и највисоките по ранг во цивилната листа Капнист, Зиновјев и Нелидов, специјалисти за балканското прашање, и со дипломатските претставници во Белград и Софија, Чариков и Бахметев, Русија ја поставила платформата и шемата за постапување на својата дипломатија по македонското прашање. Во тој правец, грофот Ламздорф, на 28 октомври 1902 година се обратил, до грофот Капнист, амбасадор во Виена, со став дека Русија е подготвена ’врз база на начелата на договорот од 1897 година да размени мислења за натамошните чекори во врска со македонските работи’. Врз база на тие начела (да се создаде уште само Албанија од Скадар до Јанина, а другите делови на Османската држава, вклучително и Македонија, да бидат поделени на околните балкански држави) грофот Капнист на 17/30 ноември 1902 година, испратил тајна депеша под бр. 71 за подобрување на работите во Македонија. Рускиот дипломатски претставник во Белград Чариков додал неколку појасненија и заедно ја промовирале платформата за односот на руската дипломатија кон македонското прашање на крајот на 1902 и во наредната 1903 година“, вели д-р Поповски.


Карикатура на англиски весник од 1876 година насловена како „Кучиња на војната“
Според Поповски, од документите можело да се вид дека Русија, задржувајќи го курсот од договорот со Австро-Унгарија од 1897 година за делба на Македонија во полза на трите балкански држави, не покажала попустливост кон македонското ослободително движење и не се повела, ниту по веќе афирмираните македонски интереси и субјекти, ниту по мислењата и сугестиите на дел од своите дипломати од средното ниво кои не биле запознаени со ставовите на највисоките врвови, вклучително и со позицијата на императорот, а кои предлагале автономија за Македонија.

„И во виорот на Балканските војни, Русија се држеше доследно и непопустливо во однос на планот за поделба на Македонија и за неутрализирање на македонскиот фактор. Во таа смисла, високите врвови на руската политика отсечно се спротивставија на многуте алтернативни предлози и анализи на поголемиот дел од своите дипломати на теренот кои, заради одвраќање на војната или заради свое разбирање на македонското прашање, предлагале автономија на Македонија. На тие дипломати, меѓу кои и угледниот Извољски (кој во декември 1912 година предложил автономија на Македонија како алтернатива на дележот што се случувал на Лондонската амбасадорска конференција), самиот император им одбрусил со синтагмата: ’Недозволлива работа’, подвлекува Поповски.

Истовремено, тој посочува дека Царска Русија, одејќи бескомпромисно по зацртаниот правец, всушност, ги следела своите државни интереси. Таа со поделбата на Македонија на трите балкански држави, сметала дека, меѓу другото, конечно ќе се отстрани секоја можност за освојување на Балканот од страна на Австрија или на Италија.

„Другите евроспки сили, барем до 1908-1909 год., поделбата на Македонија не ја земале како сериозна варијанта. Тоа посебно се однесува на Англија. Меѓутоа подоцна, кога европскиот воен судир станал извесен, таа идеја им станала близка. Во таа насока, се сметало дека трите балкански држави можат да приврзат 500 илјади војници на противничкиот блок што било респективен мотив да ја поддржат руската политика за создавање сојуз на балканските држави и да ги помогнат нејзините напори во усогласувањето на српско-бугарските позиции околу делбата на Македонија“, заклучува д-р Владо Поповски.

Руската дипломатија барала уништување на ВМРО



По усогласувањето на политиките на трите европски сили и на самата Турција во однос на Македонија и на Македонците, руската дипломатија го дефинирала својот став и кон Внатрешната македонска револуционерна организација. Во таа насока, на 1 јули 1903 година, при сознание за скорешно подигнување на македонско востание а по солунските и други атентати низ Македонија, влијателниот Капнист во своето писмо до Министерството за надворешни работи на Русија предложил драстични мерки подвлекувајќи дека излезот од маѓепсаниот круг околу Македонија и македонското прашање „се состои во конечно растројство и уништување, во трите вилаети, на Револуционерната организација.

Капнист истовремено во писмото пишува дека таквиот разгром на ВМРО, каков што предлагал, бил правен и дотогаш и проценил дека револуционерното движење ќе издржело уште 2 до 3 месеци, напоменувајќи притоа дека упорноста и силата на Револуционерната Организација ги надминале сите очекувања.

Руските архив покажуваат дека зад настојувањата на трите балкански држави за уништување на Македонската револуционерна организација стоела и самата Русија. По поразот на Илинденското востание па натаму, борбата против македонскиот фактор, (против ВМРО), било дело на здружен интерес и ангажман на балканските држави и на ангажманот и благословот на Русија. Има податок дека од 1904 година до 1907 година биле убиени 2.700 кадри на револуционерната организација.

Да се забрани употребата на името Македонија


Грофот Ламсдорф се договорил со Австро-Унгарија да не се употребува терминот Македонија, кој асоцирал на политичка единица, туку наместо Македонија да се употребува терминот „трите турски вилаети“

Руската дипломатија барала да не се дозволи да се употребува името Македонија, туку името „трите вилаети“ - Солунски, Битолски и Скопски. „Грофот Ламздорф, на 7 февруари 1903 година, му испратил тајна телеграма на кнезот Урусов во Париз со која му наложил да го запознае министерот за надворешни работи на Франција Делкасе, дека со Голуховски (министер за надворешни работи на Австро-Унгарија) се спогодиле, веќе, да не се употребува терминот Македонија, кој асоцирал на политичка единица, туку наместо Македонија да се употребува терминот „трите турски вилаети“, а наместо терминот Македонци да се употребува терминот „христијанско население на трите турски вилаети“, бидејќи Македонците, според Ламздорф, не суштествувале како одделна националност“, објаснува Поповски, повикувајќи се на руските архиви. Под притсок на руската дипломатија султанот, наоѓајки и сопствени интереси издал заповед со која категорично им се забранувало во претставките и соопштенијата поврзани со работата на царските вилаети на Румелија (во која спаѓала и Македонија) да се употребува името Македонија.

http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=44D30AA4A69844418DA79D7A913F7E36
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Не мора да одиме толку далеку во историјава, доволно е да се вратиме 13 години, во 2001. Да, може низ историјата Русија не ни помагала може дури и ни одмагала whatever, ама другите пак, семоќните Американци од една страна викаа „кои се тие копита бе шо пукаат на вашата војска“ и нашиве се испорадуваа шо ги нарекле thugs.

А од друга страна им праеле дотур на оружје, ги пренесувале со сво хеликоптери ранетите „thugs“ на лечење у косово, им праеле планови каде и кога да напаѓаат...

Епа момци и девојки, мене ми е тоа доволно за да „навивам“ за Русија.

Најлошото е што и покрај сите информации што излегоа за 2001ва, барем 80% од Македонците слепо им веруваат на ЕУ и Америка...
 
Последно уредено од модератор:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
For Russian lovers

ЗАД ПОДЕЛБАТА НА МАКЕДОНИЈА СТОЕЛА ЦАРСКА РУСИЈА

Руската дипломатија ја предопредели судбината на Македонија, вели д-р Владо Поповски

Наспроти македонските стремежи за создавање на сопствена држава, Царска Русија планирала и настојувала Македонија и нејзиниот народ да ги подели или да ги приклучи кон една балканска држава. Тие настојувања се јавиле уште од крајот на 18 век и траеле се' до поделбата меѓу Србија, Бугарија и Грција. Таа никогаш не ги земала предвид ниту македонските интереси, ниту стремежите на македонските субјекти. Напротив, нејзе и бил трн во око македонското револуционерно движење. Таквиот нејзин однос кон македонското прашање остави најдлабоки траги предопределувајќи ја судбината на Македонија и на македонскиот народ. Ова се сознанијата до кои може да се дојде врз основа на најновите докуменити од руските архиви.

Според Поповски, од документите можело да се вид дека Русија, задржувајќи го курсот од договорот со Австро-Унгарија од 1897 година за делба на Македонија во полза на трите балкански држави, не покажала попустливост кон македонското ослободително движење и не се повела, ниту по веќе афирмираните македонски интереси и субјекти, ниту по мислењата и сугестиите на дел од своите дипломати од средното ниво кои не биле запознаени со ставовите на највисоките врвови, вклучително и со позицијата на императорот, а кои предлагале автономија за Македонија.
За жал тоа беше епилогот, меѓутоа не држи вода дека руската дипломатија не се залагала за независна Македонија.

„Грофот Шувалов моли да се донесат сите мерки за смирување на Македонија. Заради тоа, би било пожелно таму да се испратат опитни агенти, да им се објасни на Македонците од името на Императорот, дека Неговото Величество се грижи за нивната судбина еднакво како и за другите Словени и дека ќе им биде дадена иста помош, како на Бугарите, сега веќе ослободени. Решавањето на македонското прашање за нас се покажува многу тешко и избрзано.“
(Документи од тајните архиви на руското царско правителство, Софија, 1893 година, стр. 11-12)

Меѓутоа, поради стратешкото сојузништво со Хабзбургшката монархија, руската интересна сфера се ограничила само на источниот дел на Балканот - Бугарија.
Затоа, како приоритет во руските планови за создавање на нова словенска држава под руско влијание се појавува единствено Бугарија, за сметка на Македонија.

Русија се откажа од солуцијата создавање автономна македонска државност и се определила за голема бугарска држава од Бугарија и Тракија и со вклучување и на Македонија.

Како и да е, особено после втората светска војна, на која и претходеле и неколкуте одлуки на Комитерната од 1920 година па навака во полза на Македонија, Русија постепено ја корегирала својата политика кон Македонците.
 
Последно уредено од модератор:

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.665
Поени од реакции
11.816
Русија правела што правела ама некои од тие што ги помагала на Балканот (Бугарија) и свртеа грб сега.

Така да ако решат да прават нешто на Балканот ќе мора да ни помогнат пошто засега друг сојузник (каков таков) овде и нема да најдат освен можеби Србија.
 
Последно уредено од модератор:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Дечки ајде да не се учиме поново како се дискутира на тема кога сите имате над илјада поста на форумов. Немам намера да ве корегирам постојано, ќе ви поделам казни и мирна глава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom