Колку Македонците од дијаспората инвестираат во Македонија?

Дали сметате дека македонската дијаспора е "себична" кога станува збор за инвестирање во Македонија?


  • Вкупно гласачи
    89
F

FARANG

Гостин
Аххххххххххххххх тааа чудесна конференција лол... Лудо и незаборавно хахаха


Курт Гајгер, Рајфајзен банк - Стратешките инвеститори мораат да почнат да финансираат и да ја зголемат капиталната база, но проблемот за банките е дека за секој заем денес, во услови на криза им треба големо покритие.

Само банките кои оперираат во регионот имаат пазарна вредност во просек од 50% од она што навистина вредат... па затоа се потребни повеќе пари во финансискиот сектор. Од друга страна, претприемачите ја изгубија довербата во банките, а банките пак имаат предизвик денес да најдат добри проекти.
Банките имаат предизвик да најдат добри проекти... а Македонија е мала економија, а предизвик за фондовите и финансискиот сектор е како да се идентификуваат целите и да се направи инвестиција.

Малите претприемачи, како овие во Македонија, не се ликвидни доволно и им е потребна голема поддршка и алтернативни опции. (ТОА Е ПРОБЛЕМОТ. ОВА НЕ ВАЖИ ЗА ДИЈАСПОРАТА АМА ВАЖИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО МКД) Овде гледам голема можност и шанса за да се финансираат средните претпријатија (дијаспора!) преку финансискиот сектор. (ова треба да се среди)


Покрај ЕБДР потребни се комерцијални банки што ќе функционираат во МКД. Нив ги нема.



Котора: Да се инвестира во индсутрија за преработка на храна

Филип Котора, член на бордот на директори на Охридска банка, Сосиете женерал аналитички ја отслика македонската бизнис околина. СВОТ анализата на македонскиот бизнис покажува атрактивна бизнис околина со ефтина работна сила, ниски данци и стабилен девизен курс. Меѓутоа проблемите се немасовност на производството и не можат да ги задоволат потребите на големите пазари, (за ова е потребно капитал и странски пазари - ДИЈАСПОРА!) компаниите не инвестираат во зголемување на нивниот капитал. Постои неефикасно трошење на капиталот (мак менталитет, стави во џеб денес што можеш заборави на инвестиции за утре), веруваме дека надворешните инвеститори ќе може да ги отстранат овие недостатоци. Според нашата анализа, 30% од проектите што поднеле барање за кредит е бидејќи немале доволно капитал. Постои голема неликвидност и недоволно капитал на пазарот, истакна тој. ДИЈАСПОРА! Има и капитал и имот да стави како гаранција во ликвиден дел на светот. Ако е проблем стан во Скопје сигурно не е кука во Сиднеј или стан во Германија или Лондон. Дај ми ја таа опција!

Денес сите знаат дека е многу тешко да се убедат инвеститори, да се позајмат пари за да се развие бизнисот, и овој проблем не е само во Македонија. Не е точно. Имај добар проект на запад се наогаат инвеститори, во МКД е проблем.
Кога компаниите бараат кредит, како осигурување за заемот даваат бидејќи имаат мал капитал, што не е случај на другите пазари. (ДИЈАСПОРА! Капитал или може не во МКД најди начин (лесно е тоа) како тој капитал да биде искористен како покритие!)
Нагласи дека банката поддржува корпоративно кредитирање, кое расте 25% годишно и покрај кризата.

Котора предложи инвеститорите да ја искористат можноста за вложување во индустријата за преработка за храна, на тој начин да го зголемат капиталот бидејќи не е развиен овој сектор.

„Со тимски дух и тимска работа на претпријатијата и инвеститорите и владата ќе се зголемат границите на економски раст и развој“, истакна Котора. Тој нагласи дека ќе се релоцира главната канцеларија на банката од Охрид во Скопје.

ОВОЈ ДЕЛ Е ВРВ

Австриските банки сакаат да влезат во Македонија, но нема интерес од
македонскиот банкарски сектор


Курт Гајгер, од Рафајзен банк, на прашање на поранешниот гувернер на Народната банка, Љубе Трпевски, зошто нема австриски банки во земјава и покрај тоа што нашиот банкарски сектор важи за стабилен, одговори дека австриските и италијанските банки кога порано биле заинтересирани за влез на македонскиот пазар, немало интерес од страна на големите македонски банки, додавајќи дека македонскиот пазар е мал и дека Македонија е мала земја. (Ова ти се вика неќеме да влезат виситински банки затоа што тогаш ќе не потиснат и нема да можеме да крадеме со лихварски фори. Пошто политиката во мкд во голем дел е финансирана и водена луге во банкарскиот сектор сеуште во МКД нема вистински банки ниту иницијативи за да се раздвижи индустријата. Ова се решава лесно ако се сака ама ете никој неќе да го реши).


Дијаспората е најдобриот контакт за компаниите кои сакаат да излезат на странски пазари

Емил Христов, основач на ЕМСА Солар, САД, и член на Македонија 2025 ја раскажа својата бизнис приказна.

„Во 2009 година кога ја создадов компанијата ја започнав со двајца луѓе. ЕМСА Солар ја воведовме на пазарот во 2010 година, кога започнавме да работиме и во Македонија. Ние не размислуваме во граници, тоа ни овозможи да растеме на пазарот слободно.“, изјави тој. Во процесот се заинтересирав многу повеќе да работам со македонски вендори, и нив да ги најмам, па работев со респектабилни македонски ИТ компании, а искуството покажа дека работите не се секогаш перфектни, иако повеќето работи беа позитивни. Но има несогласување, дупка во тоа што ние во САД очекуваме и она што го прават македонските компании тука. Ако сакате да работите надвор од македонија мора да ги најдете линковите кои ќе ви овозможат да го направите тоа.

Второто искуство е со новата компанија Косевев техоноџис, која ја започнувам, за која одлучивме да создадеме софтвер во Македонија. Се беше во ред, се до очекувањата кои ги имавме на крајот, кои не се совпаднаа со тоа што сметавме дека ќе произлезе. Проблемот во комуникацијата беше главен, бидејќи имаше недоразбирања, а тоа е најголемиот проблем со кој се соочувам досега. Сакам да заклучам со тоа како може повеќе да партиципираат бизнисите во македонија со оние надвор... кога зборуваме нешто со , не треба да остане само на зборување. Дијаспората е најверојатно најдобриот контакт за компаниите кои сакаат да излезат на странски пазари, заклучи Христов. Милјон пати им е кажано...

Понатака имаш 10 души што истот го кажуваат со примерти пред повторно „академците“ да почнат со глупости место практично да се решаваат проблемите.... И во тој момент следи Васил Наумов човекот кој уствари треба дај координира дијаспората со 20тина вработени во МКД.

Поврзување на македонската бизнис заедница со дијаспората преку бизнис адресар


Васил Наумов, директор на Агенција за иселеништво на РМ ја претстави работата на Агенцијата и нејзините напори за реитегрирање на дијаспората во македонската економија.
(на ова може само да се изнасмеам, подобро и да не коментираме) Тој напомена дека агенцијата создаде бизнис адресар во кој се внесени сите бизниси на македонските иселеници, се со цел да можеме да ја поврземе македонската бизнис заедница. Лаже, такво нешто не постои, ова е агенција за пиење кафе и пракање партиски кадри на заслужено клати врата зимај плата

Васил Наумов, директор на Агенција за иселеништво на РМ:

„Потценети се инвестициите на македонските иселеници во Македонија. Преку презентирањето на ваквите бизнис стории, односно преку нивните приказни треба да ги поттикниме и другите странски инвестиции во земјава.“




Енди Пејков: Американците ги користат своите средства за да започнат бизнис.
Не чекаат инвестиции!


Енди Пејков, основач на Нијагара Ботлинг и член на бордот на Македонија 2025 во своето излагање истакна дека Американците ги користат своите средства за да започнат бизнис и дека тие не чекаат инвестиции.

Ја стартував компанијата од ништо, мојот татко имаше заштеда од 6.000 долари. Сега имаме над 1.000 вработени. Огромна пречка која во Македонија треба да се надмине е промената на менталитетот. Во оваа смисла, Македонија имаше можност да ја надмиене пречката од премин од социјализмот и капитализмот и да стане лидер на балканот“, истакна Пејков.

Пејков наведе неколку сектори во кои гледа добри инвестиции во Македонија. Истакна дека енергетскиот сектор, односно обновливата енергија од вода е многу перспективен сектор за инвестиици во Македонија. Виното е исто така перспективен сектор, па Пејков нагласи дека треба да се искористат капацитетите на винарството и да се извезува. Производсттвото на шишиња и амбалажа е исто така добар бизнис за стартување, како и производството на полесна пластика, каде може да се искористат нови технологии. Има многу сектори во кои треба да се инвестира во Македонија, вели Пејков. Во однос на земјоделските производи, треба да се работи на извоз во ЕУ, преку големите супермаркети, како Карфур.
Пејков истакна дека Скопје и Охрид треба да се промовираат како туристички дестинации преку кои Македонија ќе стане препознатлива во светот.




 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Прво нека се постави прашањето зошто македонците од Македонија што се финансиски способни не инвестираат во својата земја.

Па после ќе збориме за нашата дијаспора. Самиот факт дека сите наши политичари, финансиски големци, имаат фирми, сметки, капитал во странство укажува дека нема ни една причина зошто да се инвестира.

Се додека не се воведе ред и закон , нема да има инвестиции и напредок. Само од нашите си патиме коишто ги донесуваат законите и ги водат правилата. Не е ни петко, ни трајко,ниту тито крив.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
СПОРЕД ПОДАТОЦИТЕ НА НАРОДНА БАНКА ЗА 2013

73,6 МИЛИОНИ ЕВРА ПОМАЛКУ ОД ПЕЧАЛБАРИТЕ

Според податоците на народната банка на Македонија, македонските печалбари се помалку праќаат пари дома во Македонија...


http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=D212083723BF6349B84731F1D3C31428
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
СПОРЕД ПОДАТОЦИТЕ НА НАРОДНА БАНКА ЗА 2013

73,6 МИЛИОНИ ЕВРА ПОМАЛКУ ОД ПЕЧАЛБАРИТЕ

Според податоците на народната банка на Македонија, македонските печалбари се помалку праќаат пари дома во Македонија...


http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=D212083723BF6349B84731F1D3C31428
Тоа кажува една работа, почнуваат трајно да се иселуваат од Македонија
 
Член од
5 февруари 2014
Мислења
138
Поени од реакции
60
Тоа кажува една работа, почнуваат трајно да се иселуваат од Македонија
Така е сите се селат странство од социјални причини повеке,а за темава колку македонците од дијаспората инвестираат јас мислам ич они штом се селат од тука бараат спас од тука а не да инвестираат.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Така е сите се селат странство од социјални причини повеке,а за темава колку македонците од дијаспората инвестираат јас мислам ич они штом се селат од тука бараат спас од тука а не да инвестираат.
па инвестициите ако може така да се наречат се во суштина пуштање на пари на своите за да живеат и да купат некој стан или куќа во случај да се вратат
 

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
256
На Утрински весник излезе статистика дека оваа година имало помалку од лани, и помалку од рекордната 2012.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Или дека помалку заработуваат на Запад.
Одма тоа негативното кај Македончето, демек лошо им било па помалку пари праќаат. Врз база на што го направи заклучокот?
Еве една работа, сите што се иселени се млади, што им праќаат на своите стари во Македонија. Поради фактите на животот, дел од младите добиваат деца во странство (каде е поскапо за дадилка) и одлучуваат да ги земат своите таму. Втора работа, постарите починуваат и младите нема на кои да им праќаат пари. Овие две работи се доволни за да приливот на пари се намали.
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Македонче не е кадарно за бизнис.Без навреда али имаме најбесполезна дијаспора у свет.Идат таму,наоѓаат работа и толку,цел живот за плата работат,доволно им е.Напредок,развој,бизнис,иновации,фирми отварање ма бутур,еден у 100.000-ди.Што ќе инвестираат у МК,заштедата?:icon_lol:
 
Член од
16 март 2014
Мислења
118
Поени од реакции
174
Македонче не е кадарно за бизнис.Без навреда али имаме најбесполезна дијаспора у свет.Идат таму,наоѓаат работа и толку,цел живот за плата работат,доволно им е.Напредок,развој,бизнис,иновации,фирми отварање ма бутур,еден у 100.000-ди.Што ќе инвестираат у МК,заштедата?:icon_lol:
Има има и тоа многу повеќе отколку што мислиш. Ама не знаеме да ги привлечеме.
 
F

FARANG

Гостин
Македонче не е кадарно за бизнис.Без навреда али имаме најбесполезна дијаспора у свет.Идат таму,наоѓаат работа и толку,цел живот за плата работат,доволно им е.Напредок,развој,бизнис,иновации,фирми отварање ма бутур,еден у 100.000-ди.Што ќе инвестираат у МК,заштедата?:icon_lol:

Toa e do mentalitetot pred se steknat vo MKD. Sto ocekuvas od fabricki rabotnici sto izrasnale vo socijalizmot? Toj znae fabrika, doma i sigurna plata. Toa go interesira. Od investicija razbira nedviznina... Ima cel kup sto imaat MILJONI vo nedviznina na zapad sto MOZE da gi vlozat samo treba da im se pokaze kako, sto - da im se dade nasoka. Toa drzavata ne go pravi. Tie sto razbiraat biznis i razrabotile biznis ne gi interesira tolku vlozuvanje od patriotski pricni. Sakaat profit. Ni toa ne znae drzavata kako da im go pokaze. Vika niski danoci, eftina rabotna raka a od druga strana samo za reket slusame... Eftina rabotna raka i poniski danoci ima i na drugi mesta na svetot ako veke vlozuvam vo MKD treba da mi pokazes deka e ekonomski izdrzano a toa do sega nikoj ne ni probal da go obajsni... Dijasporata ni e dobra, ne cinat tie vo MKD, zatoa i drzavata ni e takva...
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Македонче не е кадарно за бизнис.Без навреда али имаме најбесполезна дијаспора у свет.Идат таму,наоѓаат работа и толку,цел живот за плата работат,доволно им е.Напредок,развој,бизнис,иновации,фирми отварање ма бутур,еден у 100.000-ди.Што ќе инвестираат у МК,заштедата?:icon_lol:
Никој не ни е должен нас да не вади од калта тука. Не сакаат сите да се замараат со приватни бизниси. Едноставно, има луѓе кои сакаат да ги штедат парите и да им ги остават на децата или да ги испукаат на некое патување. Нема ништо безполезно во тоа.
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Кажи им го тоа на албанците,турците,грците,евреите и остали народи што имаат малце акал у главата.Глуп и себичен народ сме биле и како такви и ќе исчезнеме
 

Kajgana Shop

На врв Bottom