Колку Македонците од дијаспората инвестираат во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата lo6ko piratot
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сметате дека македонската дијаспора е "себична" кога станува збор за инвестирање во Македонија?

  • Вкупно гласачи
    90

lo6ko piratot

безобразно реален
Член од
2 април 2009
Мислења
441
Поени од реакции
57
На кој начин македонската дијаспора инвестира во Македонија и дали сметате дека тоа е доволно и дека толкави се нивните можности или пак сметате дека можат да инвестираат многу повеќе?
 
Или се слабо успешни или се слабо заинтересирани за татковината. Ретко да слушнам некој нашинец од страна да направи голема инвестиција во татковината.
 
За да се инвестира во државата не е потребно да се има само пари, туку и врски! Зашто постојат и ред други сопки кои ќе ти ги постават домашните монополи за да те забават или уништат во старт, затоа ако инвеститотрот не некоја голема корпорација која ќе може да ги амортизира овие удари едноставно е безсмислено да си го пикаш носот онаму каде што не треба!
 
за поединечни бизниси можеби и си во право и таквите бизниси се реткост, ама во целост не се сложувам со твоето мислење. кога можат да инвестираат странци, зошто да неможе да се зголемат и инвестициите од нашите иселеници.
проблемот е нешто друго...

јас лично сметам дека повеќе се работи за неинформираност, неамбициозност, неукост, за нив мал профит и слично
 
Еве едно искуство околу оваа тема од... неодамна:
- Македонец по потекло, си има ресторан во една доста напредна земја, каде неговиот бизнис се заснова врз некои уникатни идеи. Така работи веќе 25-30 години и размислува во меѓувреме да дојде тука и да отвори 3-4 ресторани, од кои 2 ќе бидат во Скопје.
Две недели оди на појадок/ручек/вечера во различни ресторани низ Скопје и ја гледа услугата на кое ниво е, лично самиот тој. Чита дневни весници, + и истражува на интернет. Регистрира фирма (на име на пријател).
И таман се решава да купи локал... Рекетари... Политика... Климата е неповолна тука, си собира парталите и не се враќа повеќе.
 
Да сум јас од дијаспората никогаш не би инвестирал во МК.Зошто??Види постот над мене.
 
Еве едно искуство околу оваа тема од... неодамна:
- Македонец по потекло, си има ресторан во една доста напредна земја, каде неговиот бизнис се заснова врз некои уникатни идеи. Така работи веќе 25-30 години и размислува во меѓувреме да дојде тука и да отвори 3-4 ресторани, од кои 2 ќе бидат во Скопје.
Две недели оди на појадок/ручек/вечера во различни ресторани низ Скопје и ја гледа услугата на кое ниво е, лично самиот тој. Чита дневни весници, + и истражува на интернет. Регистрира фирма (на име на пријател).
И таман се решава да купи локал... Рекетари... Политика... Климата е неповолна тука, си собира парталите и не се враќа повеќе.

има решение и за рекетарите, камера се снима а во моментот кога ке се почувствува загрозен нека го пријави случајот во амбасадата од земјата која доаѓа (во која се води како државјанин) па да видиш каква песна ќе пеат и рекетарите и политичарите, а дал господ и агенции за обезбедување на имот и лица
 
Гласав НЕ.
Можеби не прават директни бизнис инвестиции поради неповолната бизнис клима во земјава но факт е дека со парите што тие ги праќаат на семејството во земјава Македонија дваесетина години живее, односно не оди "под стечај". Тие ги носат свежите евра во земјава, преку бизнис или подарок - ирелевантно.
Компири одамна не извезуваме.
 
Точно е тоа дека тие внесуваат значителен дел на финансиски средства во државава, ама што вреди сето тоа кога со тие пари не е отворено нитуедно работно место. Тие пари се за еднократна употреба и затоа се еднакви на нула (според мене). Со истите пари што ги оставаат на своите блиски би можеле еве да речеме да купат акции од некоја македонска фирма. Со тие пари фирмата би можела да го обнови или зголеми своето производство што би донело до отварање на нови работни места. Од тоа работно место пак ке зема некој плата, и тие пари пак ке се трошат пак овде. Само што сега се намалила невработеноста, со тоа и на државата и се намалуваат трошоците кои претходно морала да ги направи за исплата на социјално за невработени или што ти ја знам и се отвара автоматски простор за вложување во инфраструктура и ред други работи.
 
Во глобала дијаспората не е во можност да отвора големи фирми или фабрики кај нас туку само мали или средни фирми. Дијаспората од 1990 натака беше многу заинтересирана за инвестирајне во Македонија и тогаш и државата одма ти даваше дозволи итн. но тие што стварно вложиле во најголем дел беа изиграни, дали од локални моќници или од други причини битно им пропаднаа инвестициите со што се прати јасна порака дека не е сигурно да инвестираш во Македонија. Зошто, покрај сите поволности што ги нуди Македонија, странските инвестиции со години се на најниско ниво во споредба со соседите? Епа, кај нас ако си немаш договор со власта, постој ризик све да изгубиш. Тука е проблемот а не до себичната дијаспора.
 
Доста се добредојдени и парите што секое лето,зима кога си доаѓаат ги трошат тука, на градење куки,шетање по роднини, и други основи.Без тие пари мислам дека би биле во поголема криза.
 
за поединечни бизниси можеби и си во право и таквите бизниси се реткост, ама во целост не се сложувам со твоето мислење. кога можат да инвестираат странци, зошто да неможе да се зголемат и инвестициите од нашите иселеници.
проблемот е нешто друго...

јас лично сметам дека повеќе се работи за неинформираност, неамбициозност, неукост, за нив мал профит и слично
А тие странци како ги прават врските? Сигурно ја заборави финансиската стимулација на одредени структури кои нив ги ставаат во привилегирана положба!
 
има решение и за рекетарите, камера се снима а во моментот кога ке се почувствува загрозен нека го пријави случајот во амбасадата од земјата која доаѓа (во која се води како државјанин) па да видиш каква песна ќе пеат и рекетарите и политичарите, а дал господ и агенции за обезбедување на имот и лица
Па агенциите за обезбедување рекетираат
 
И јас да сум некој големец во дијаспората и да вртам голема пара не би инвестирала во Македонија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom