Полуматура

  • Креатор на темата Креатор на темата kajganauser
  • Време на започнување Време на започнување
Темава е отворена за оние што некогаш биле полуматуранти, и за оние кои сега ќе бидат.
-Како изгледавте за полуматура, дали се каете во врска со направениот избор и што имате да порачате на оние кои сега брзо ќе бидат полуматуранти?
-Оние кои го чекаат тој ден нетрпеливо, дали имаат направено избор во врска со нивниот изглед?
Ако го ставаш гзот на профилна на форум глеам дека еден ден ќе имаш шо да се каеш од полуматурава.
Вака, полуматура е еднаш во животот, гледајте добро да се начукате и забавувате. Ако имате проблеми за внесување алкохол ( во објектот каде што ќе славите) можете да го замотате и претставите како поклон за парнерот/парнерката. Ако си девојче облечи штикли ( ПА ВЕЌЕ ИМАШ 14 ГОДИНИ), нашминкај се и натокми се, како што и доликува на една жена. Машките ссекако треба да носат стандард облека, одело и кондура, јебига не сте веќе дечица. По малата прослава секако упатете се во најблиската дискотека каде што се забавувате до раните утрински часови.
Дечко она носи штикли уше од 12 ти најде да и солиш памет :D
 
^
Бравос.
Одличен совет.
Од вакви си патиме.
Глеј реално, си патиме од “начукајте се на 14 години веќе големи сте“
Женските морале на штикли машките у кондури и одело
после журката у диско до рани утрински часови

сериозно?
каде бе со тој совет?
треба да изживеат уште скоро цела четвртина од нивниот живот за да стигнат до години коа ќе смеат да пијат алкохол, а не да се пијанчат и да идат у диско на штикли у одела

уживајте дур сте деца, не брзајте да пораснете
облечете се како сакате а не како ви наметнува општеството
и шо е најбитно не слушајте другите што зборат - имајте ваше мислење и мозок
 
Бела кошула, бели панталони, бели кондури. Буквално бев како снешко, уште морков ми фалеше на носот.
Иначе купив две вотки и два коњака од тие малите по 50 денара шо се, се направив летва и ме однесоа дома у 2 саат и толку беше за мене полуматурата :D

Иначе, дупла тема ти е ова, еве ја оригиналната
 
Носев розева кошулка. Бели панталонки. Изгледав толку геј и невино. :X3:
Не дека сега не си. :)

Иначе полуматурата ... ех колку далеку беше тоа. Носев нешто слично на Andrew и воопшто не се каам воопшто за тоа што го носев бидејќи сепак носев нешто пристојно и културно за мои години и за таму каде што припаѓав тоа време. Добро е што ме потсети на нешто вакво кое било премногу одамна.
 
Ехеее Јас на четвртматура пиев овие на полуматура ама се заостанати.
 
Да бе, на 14 нека се направат дрва, нека повраќаат цела вечер. Нека им останат убави спомени ..ако воопшто ќе се сеќаваат после.
Нека облечат минич.
Нека опнат тоа 15'ка штикла, шо се занасаш таму.
Битно убаво да си поминат.

П.С А чекај, знаеш дека тоа "^" беше наменето за членот погоре @Amaterasu ама ти побрзо пиша од мене изгледа.
 
Да бе, на 14 нека се направат дрва, нека повраќаат цела вечер. Нека им останат убави спомени ..ако воопшто ќе се сеќаваат после.
Нека облечат минич.
Нека опнат тоа 15'ка штикла, шо се занасаш таму.
Битно убаво да си поминат.

П.С А чекај, знаеш дека тоа "^" беше наменето за членот погоре @Amaterasu ама ти побрзо пиша од мене изгледа.
Ок ондак не сме се сфатиле - на иста страна сме :D
 
Јас не се каам за облеката таква била модата, туку за изборот на партнерката :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom