Се гледа кој сака да запали и на кој му одговара такво крваво сценарио. Само Руски медиуми излегуваат со сензационалистички наслови како „УБИЕН РУСИН“ или „демонстратнтите ја нападнаа претседателската палата“ итн..
Бетер од овие кај нас Алсат се со намерното подигање тензии. Алал им вера.
Секој центар на моќ си ги влече конците онака како им одговара, дали било од однос на медиумите кон настаните, или праќање агенти, инфилтрација на демонстранти и квази опозиционери, ама кога веќе пишуваш за известувањата на Русите, пиши и за известувањата на западниве медиуми, Снн, итн и ќе увидиш дека Руското медиумско филување во однос на овие гореспоменатите изгледа како фичо наспрти Ферари.
А, еве ако вистина дека има убиен Русин, како сакаш медиумиве да известат, според тебе? Зарем не треба Русија да си ги заштитува своите граѓани? Или тоа треба да го заметат под тепих, за овие нацистиве и радикаливе да исполнуваат задачи од друг центар на моќ?
Да не се разбереме погрешно, ниту сум про-Руски, нит про-западно ориентиран, само сакам да се гледа малце пореално на работите. Јанукович го сакаа да замине, замина. Што уште сакаат?