UEFA Лига на шампиони 2013/14

Статус
Затворена за нови мислења.

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.838
Поени од реакции
17.788
Абе друже како сакаш кажи го Ливерпул и Лион знаеме какви беа таа сезона,бетер од Милан оваа што се.Помизерен Милан од сезонава јас немам гледано ама пак,одигра нешто со Атлетико,што значи колку и да е слаб Лига на шампиони игра и не викам дека послабо ќе сте изигирале,не се знае со кого и како ќе падневте ваму можда многу послабо ќе одигравте можда појако си зависи све од групата..


Јас никогаш не сум пљукал по италијанска екипа која направила успех во ЛШ,тоа нека е како прво.Второ на кој начин игра Милан во Сериа А? :D Сакаш да ми кажеш дека не местеа за трета позиција лани и ни ја поклонија?Немој да ме смееш другар,знаеме како доат работите во Италија,затоа и нема да го коментирам тоа овде не е темата за таков муабет.. Ти реков за Балотели,ако не си ме разбрал ќе повторам,тоа има судии кој го судат и судии кој не го судат,според мене немаше пенал,ама според мене немало и многу пенали кој било судени на штета на Милан последниве години,па никогаш не сум се бунел,така да.. Life goes on.
епа баш дека life goes on .... не си плукал ама ете со постот погоре баш тоа го направи прашај кој сакаш фан на др италијанси клуб ќе го потврди. Милан неигра во серија а тоа е начинот. местено не местено во клучните утакмици кога беше најбитно милан доби судиска помош и тоа е тоа ама тука дека одговара life goes on велиш. Биди реален друже тоа е тоа. Според мене и тебе можи да немали многу пенали ама имало отпоќе кои не биле. Заборај да не го претвораме ова во Фио вс Милан глупо е :) имај добра вечер и се надевам дека ќе го тепате атлетико барем 0-1 :)
 
P

pepito*

Гостин
Морав да ти одговорам, многу ја потценуваш Барселона. Моменталната форма на Иниеста е неговата најдобра форма. Ланска сезона му беше сезона на животот, така да муабетот дека во последните две сезони оди само надолу воопшто не ти држи вода.
После,Чави не е толку зарѓан колку што се зборува низ светот, некни со Сити тој го направи голот на Пике што беше поништен поради непостоечки офсајд и цело време ја имаше под контрола утакмицата. Тој во Барселона игра буквално како фудбалски диригент, ако не може тој да ја задржи топката и да ја направи la pausa, тогаш е Барселона во проблеми. Човекот е сеуште класа, но едноставно не може да игра секоја утакмица што сигурно го забележа Мартино и ќе го чува за најважното сезонава. Фабрегас оди во нагорна линија, игра се подобро и на сите им остави одличен впечаток сезонава ( статистика има страшна ). Конечно се вклопи во играта и покажува игра која само се очекува од него.
За одбраната во право си дека ни треба нов стопер, тоа мислам и цел свет го знае, ама Бартра не е за омаловажување. Мислам дека повеќето го имаат гледано само во полуфиналето против вас, кога тој беше буквално фрлен во оган без пред тоа да има играно ни на понебитните утакмици. Сега е многу различна ситуацијата.
Ланскиот полуфинален двомеч е веќе историја, не треба многу да се преценувате заради тој резултат. Во најлош можен момент дојде тоа, играчи надвор од форма, Меси полуповреден, одбрана воошто неискоординирана, ништо не ни одеше. Не сакам да барам изговори, само ја кажувам реалната ситуација.

Сега за разликите меѓу Баерн од Пеп и Барса од Пеп. Филозофијата е иста, ама огромна е предноста што може да игра со високи играчи кои знаат со топка, мнозинството во Баерн е преку 1.80 и претежно сите знаат да играат во воздух, имаат многу квалитетен широк состав, што Пеп реално го немаше особено во последната сезона и многу разноврсни играчи ( и ова го немаше во Барса ).Средината само ќе ја земам за пример, а исто е на секоја позиција. Во средина Баерн има Крос тип на играч - точни километарски пасови и најдобар шутер надвор од 16 според мене; Швајнштајгер - овој е нешто слично со мала разлика што повеќе знае да задржи топка; Тиаго - точни кратки пасови ( не дека долгиве ги згрешава ), многу експлозивен, such skills, many technic; Лам - прерасна во ДМФ за почит, страшно интелигентен, стартовите му ги обожавам особено; Мартинез - овој бокс ту бокс играч мислам дека Пеп ќе го игра во одбрана повеќе, ама колку да го спомнам колку различни мидфилдери имате.
Во Барса беа и се претежно исти Чави, Иниеста, Бускетс, Фабрегас, Тијаго беа сите исти. Колку и да сакаше тој не можеше да прави некои драстични промени и мораше да игра на начинот на кој што играше, додуша малку е и тој крив го продаде Јаја кој беше многу поразличен и остана само со Кеита.

Ќе бидете фаворити со било кој да се падните понатаму, ама немојте да потценувате само заради тоа што сте најдобри, во ЛШ секогаш се може да се случи и мислам дека особено вие фановите на Баерн од Минхен најдобро тоа го знаете. (y)
 
Член од
19 февруари 2014
Мислења
130
Поени од реакции
18
Што се случува бе што е ова ЛШ , Секој домашен тим добива Црвен картон а секој гостин победува !!
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Многу е глупа споредбата меѓу Баерн сега и Барса у времето на Пеп...

Многу различен начин на игра,иако основата е иста...Али поседот во Баерн не го донесе Пеп него Ван Гал.

Барселона од 2011 беше маестрална,јас лично бев воодушевен...Но во споредба со денешиот Баерн тоа беше поинаков фудбал...Плус има една страшна разлика,а тоа е Лионел Меси...Меси тогаш беше таква форма,да кога сакаше даваше голови...Секогаш кога немаше да оди преку акции,Меси со индивидуален потег можеше да реши...Баерн неможе да се ослони на толку доминантен индивидуалец зашто го нема...

Да не зборам дека играчи како Милер,Манџо,Мартинез не би добиле место во таа Барса затоа што тоа беше поинаков концепт.

Овој Баерн со Пеп е далеку од завршен продукт,и крајниот резултат допрва ќе го видиме.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.748
Поени од реакции
22.961
Поглупо правило од "парламентарни избори" во спорт немало,ниту ќе има.Ја вака правев,ја онака а господ знае што чуда прават штом толку се загреани да постанат претседатели.Ова во Шпанија повеќе на политика мириса отколку спорт.

Подобра одлука од тоа да легендите да го водат клубот немало ниту ќе има.Некои пробаа,некои пробуваат сега,но тренд е очигледно.Нормално не секоја будала се става на важна функција.Си треба умешност и знаење.
Во Шпанија(т.е. во Каталонија), функцијата претседател на ФК Барселона е повеќе од спортска и повеќе од тоа што името кажува. Веќе 113 години, ФК Барселона не е само гордост на Каталонците, туку и нивно средство за борба за независност и самостојност. Во годините наназад, многупати во историјата им биле забранувани јавните собири, митинзи и протести, па збирно место на борбата за независност на Каталонија претставува стадионот Камп Ноу. Преку клубот се води битка, престиж, затоа Ел Класико е повеќе од обичен натпревар и повеќе од фудбалско дерби.
Можеби не треба, но политиката и национализмот имаат голема улога во спортот, иако знаеме што е секогаш во прв план(бизнисот). ;)
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.706
Поени од реакции
88.723
@blanco кои ти се оние двајца под Љоренте...? :icon_mrgr:
 
Последно уредено:

tufekciev

Барсa <3
Член од
6 февруари 2009
Мислења
2.242
Поени од реакции
802
Кај Барса никад не се знае ништо..... од кај знаеш дали му се игра на Меси или не :D
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.748
Поени од реакции
22.961
Нормално е да е нервозен Озил, имаат слаби резултати, пад во формата, а најголем пад во формата има баш он.
Одма почнаа паралелите Шпанија вс Англија, како тоа во ПЛ е многу потешко отколку Ла Лига, треба да си многу поспремен во Англија, отколку во Шпанија. Не знам колку е точно тоа, ама факт е дека и Арсенал и (посебно)Озил имаат пад во формата.
Сепак не верувам дека има лоши односи Озил со сите играчи во Арсенал, веројатно се работи за моментална нервоза во жарот на играта.
 

Down

Aloysius Devadander Abercrombie
Член од
4 мај 2012
Мислења
4.120
Поени од реакции
7.091
Нормално е да е нервозен Озил, имаат слаби резултати, пад во формата, а најголем пад во формата има баш он.
Одма почнаа паралелите Шпанија вс Англија, како тоа во ПЛ е многу потешко отколку Ла Лига, треба да си многу поспремен во Англија, отколку во Шпанија. Не знам колку е точно тоа, ама факт е дека и Арсенал и (посебно)Озил имаат пад во формата.
Сепак не верувам дека има лоши односи Озил со сите играчи во Арсенал, веројатно се работи за моментална нервоза во жарот на играта.
Па нормално е да е потешко у ПЛ зашто таму тимовите тренираат и одбрана. Зашто Атлетико се први? Ваљда пошо барем еден ден у неделата имаат дефанзивен тренинг.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom