Не може Марти да е убиецот. Погледнете му го изразот кога ги гледа киднапираните деца, тоа е израз на човек што е згрозен и гневен на такво зло, татко што е загрижен за истата судбина на сопствените деца.
Според мене Жолтиот Крал не е една личност. Тоа е секта, ако еден е убиен, друг се крунисува. Како што кажа и овој Реџи, тркалото се врти, тој ќе се реинкарнира односно друг ќе го замени. Очигледно е дека ги таргетираат децата од школото на тој проповедачот. Можеби е некој таен спонзор, не мора да го имаме веќе видено до сега. Има уште 3 епизоди до крајот, секој може да е.
Anywayz знаете како изгледа татко и на Меги со брада?
Плус кога зборуваше со Марти дека децата се многу збеснати, цел свет се концентрира на секс, девојчиња носат црно порано било подобро бла бла... Епа сега ќерка му на Марти е таква, ако нешто и се случи во следните епизоди, има нов осомничен
