N
NikolaMKD91
Гостин
















Прилепчанката Паце е најубавата пенизонерка во Македонија!
Титулата "Хурем" ја доби 65-годишната Паце Милонас од Прилеп. ( види фотос )
Во Кавадарци вчера се избираше најубава пензионерка на територијата на нашата земја. Во конкуренција на неколку стотици пензионери, кои вчера го прославуваа празникот Свети Трифун, титулата "Хурем" ја доби 65-годишната Паце Милонас од Прилеп.
Како што јавува Дневник, победничката е пресреќна за наградата која е доказ дека жените се убави и во третата доба.
- Многу убаво се чувствувам. Ова ми е драга награда бидејќи докажува дека жените може да бидат убави и во третата доба. И досега сум добивала многу награди за различни работи, сум била избрана и за најдобра и највесела игроорка. Многу јадам зеленчук и овошје, не јадам многу месо, ги постам сите пости. Исто така, многу пешачам. Не е тајна дека користам и козметика, но сепак мислам дека природната убавина е најважна, можеби генот тука има најмногу направено – вели пензионерката за весникот.