Далеку од тоа дека е лош филм, но вие го направивте да биде култен. Како Gravity би го ставил во друштво на One Flew Over the Cuckoo's Nest, Lawrence of Arabia, The Shawshank Redemption, Godfather и слични?
Gravity не е оскаровски филм. Тоа е моето субјективно мислење.
Според мене најдобрите филмови се веќе направени и не очекувам многу понатака. Зошто би го споредил Gravity со тие филмови што ги наброја? Заради тоа што сите се оскаровци? Ако одиме по таа логика, види ги филмовите кои ги собраа оскарите последниве години, The King's Speech и The Artist. Би ги вметнал и нив во рангот на Кум, Зелената милја и слични? Времето е најдобар показател за тоа колку вреди филмот и ако разговараме за Gravity дали го постигна тој статус на култ, ќе треба да се вратиме на темава за едно десет години. Времето го создава култот, за кој сум сигурен дека нема биде епитет кај Кингс Спич, Бенџамин Батон, Мајкл Клејтон или Милк и сите останати минливи филмчиња кои се закитија со оскар.
Доволен пример за ова е членот кој му даде 7.5 на Гладијатор за кој сум сигурен дека ако го гледал пред 5-10 години ќе го сметал за ремек дело, но искуството кое го стекнал со тек на време не му дава да пројде низ некои недостатоци кои ги има филмот.
Така и ние сега, ајде да речам филмоманите, кога сме виделе купишта и купишта срања и големи, прекрасни филмови како тие што ги наброја, нормално дека ќе ни треба многу повеќе од обично за да се задоволиме. Кај мене Gravity го постигна тоа, за мене е револуционерен и посебен наспрема сите конкуренти оваа година и иако не се сложувам дека оскаровски филм сам по себе е одличен филм (затоа што за мене веќе не се никаков показател) овој е најблиску до она што го постигна како ефект There will be blood пред неколку години.
На крајот на краиштата, ако треба да ги споредам сите нови филмови кои се номинираат за оскар со филмовите кои стојат на врвот на филмската индустрија, тогаш ќе бидам тажен до крајот на животот.