DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
стајте некој од оскариве. Пример 12 години роб или капетанот филипс.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Многу беше тежок квизот :icon_lol:
Иначе не дека е лош филмот...али дека заслужува да биди спомнат со најдобрите филмови годинава ??? Или дека бил револуцинерно добар ?!?! Сценаријото беше тиња....Должина на филмот-тиња ....Глумата ништо посебно не се истакнува, али за тоа пак е сценаријото криво.... Едина добра работа во него се специјалните ефекти, што пак, на Хобитот може само вода да му носат...така да, ни еден оскар не заслужува...

I don't even...
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.939
Поени од реакции
4.432
„Гравити“ награден за најдобра режија на БАФТА. Исто зема награди и за најдобар звук и уште нешто беше.

ЕДИТ:
Подетално имате на кајгана.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.197
Многу беше тежок квизот :icon_lol:
Иначе не дека е лош филмот...али дека заслужува да биди спомнат со најдобрите филмови годинава ??? Или дека бил револуцинерно добар ?!?! Сценаријото беше тиња....Должина на филмот-тиња ....Глумата ништо посебно не се истакнува, али за тоа пак е сценаријото криво.... Едина добра работа во него се специјалните ефекти, што пак, на Хобитот може само вода да му носат...така да, ни еден оскар не заслужува...
Абе кога од еден Gravity направивте култен да биде тоа се кажува до кое ниво е Холивуд со оскариве. Заеби и симболики и се кога филмот е досаден, ова доаѓа од чоек на кој му се допадна Аmour (2012) или 2001: A Space Odyssey. :D Значи немам ништо против артистички филмови и такви ценам, но еден аматерски и ефтин Europa Reports беше далеку поинтересен од Gravity!
Навистина единствено нешто што го вади филмов е глумата на Сандра и визуелните ефекти. Толку.
На речиси секои 15 минути имало некое ново? Па у Пијанист се дешаваше нешто побрзо!
Да го испробам мулти-цитатот па си реков ајде овде затоа што ми текна едно прашање - Што според вас требаше да се случи за филмот да не биде досаден?
њот, кога ќе се мења името на темата, доста беше хејтање за гравити, давај нешто друго
Кога ќе излезе Волкот на убава снимка планирам да го ставам на дискусија затоа што ми изгледа како да има најмногу материјал за дебатирање.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
ако гравити беше досаден незнам што во волкот видовте толку интересно.Гравити е ремек дело, волкот просек.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.110
Поени од реакции
9.050
Да знаев што треба да се додаде или измени во Gravity за да не биде досаден ќе бев режисер. :P

Едноставно приказната не ме инволвира ниту пак филмот направи да се поврзам со ликот на Сандра. Баш ми беше сеедно дали она или Клуни ќе преживеат... Еве за споредба во The Green Mile битна ми беше судбината на сите до еден ликови, дури и негативците. Во Gravity кога Сандра глумеше емо со кинезот едвај чекав да заврши додека во Green Mile се убив од плачење на сцената со егзекуцијата. Не знам што да ви кажам поконкретно, онака целиот "feel" на филмот ми беше досаден. Предолги сцени кои не успеаа да допрат до мене.

Далеку од тоа дека е лош филм, но вие го направивте да биде култен. Како Gravity би го ставил во друштво на One Flew Over the Cuckoo's Nest, Lawrence of Arabia, The Shawshank Redemption, Godfather и слични?

Gravity не е оскаровски филм. Тоа е моето субјективно мислење.
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.711
Поени од реакции
12.710
Да го испробам мулти-цитатот па си реков ајде овде затоа што ми текна едно прашање - Што според вас требаше да се случи за филмот да не биде досаден?

Кога ќе излезе Волкот на убава снимка планирам да го ставам на дискусија затоа што ми изгледа како да има најмногу материјал за дебатирање.
Значи неколку пати реков дека е далеку од лош филмот. Најверојатно максимум извадоа од таа идеја и тоа сценаријо. Тоа не значи дека заслужува Оскар. Исто како што рече @Tegla, толку хајп се крена околу филмот, што култен ќе го направите ( ако не и веќе ), а најискрено не гледам како во било која категорија се истакнува пред некој друг филм од годинава. Пр. сценаријо-според мене ЛОШО...глумата-ОК, али веќе видено...клишеата како уште 90мин за живот, Русите се криви, Американски херој што се жртвува за младиот неискусен „гуштер“, спасување во последен миг...

Да ги исфрлеа овие клишеа, да ја направеа Булдог да умре а не чудесно да се спаси, далеку повеќе ќе дадеа на реалност, што усвари и им беше идејата.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.197
Далеку од тоа дека е лош филм, но вие го направивте да биде култен. Како Gravity би го ставил во друштво на One Flew Over the Cuckoo's Nest, Lawrence of Arabia, The Shawshank Redemption, Godfather и слични?

Gravity не е оскаровски филм. Тоа е моето субјективно мислење.
Според мене најдобрите филмови се веќе направени и не очекувам многу понатака. Зошто би го споредил Gravity со тие филмови што ги наброја? Заради тоа што сите се оскаровци? Ако одиме по таа логика, види ги филмовите кои ги собраа оскарите последниве години, The King's Speech и The Artist. Би ги вметнал и нив во рангот на Кум, Зелената милја и слични? Времето е најдобар показател за тоа колку вреди филмот и ако разговараме за Gravity дали го постигна тој статус на култ, ќе треба да се вратиме на темава за едно десет години. Времето го создава култот, за кој сум сигурен дека нема биде епитет кај Кингс Спич, Бенџамин Батон, Мајкл Клејтон или Милк и сите останати минливи филмчиња кои се закитија со оскар.

Доволен пример за ова е членот кој му даде 7.5 на Гладијатор за кој сум сигурен дека ако го гледал пред 5-10 години ќе го сметал за ремек дело, но искуството кое го стекнал со тек на време не му дава да пројде низ некои недостатоци кои ги има филмот.
Така и ние сега, ајде да речам филмоманите, кога сме виделе купишта и купишта срања и големи, прекрасни филмови како тие што ги наброја, нормално дека ќе ни треба многу повеќе од обично за да се задоволиме. Кај мене Gravity го постигна тоа, за мене е револуционерен и посебен наспрема сите конкуренти оваа година и иако не се сложувам дека оскаровски филм сам по себе е одличен филм (затоа што за мене веќе не се никаков показател) овој е најблиску до она што го постигна како ефект There will be blood пред неколку години.
На крајот на краиштата, ако треба да ги споредам сите нови филмови кои се номинираат за оскар со филмовите кои стојат на врвот на филмската индустрија, тогаш ќе бидам тажен до крајот на животот.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.110
Поени од реакции
9.050
Се сложувам во глобала но не си во право кога велиш дека веќе најдобрите филмови се направени и новиве неможат да се носат со нив. Еве немора да го споредуваме со топ 10 филмови но ајде да го споредиме со некои од поновите победници.

Еве ти пример од поновите оскаровски филмови кои сосема го заслужуваат оскарот: Million Dollar Baby, No Country for Old Men, Slumdog Millionaire и Gladiator.
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240
Јас сакам научна фантастика али филмов е научна фантастика во научна фантастика во научна фантастика :eek:
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Не знам зошто мислев дека филмов е нешто ко Обливион, но испадна дека е тешки глупости. Џабе парите, ефектите ко причата е многу површна. Нискобуџетни филмови имаат појака прича. Многу едноставен филм.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Гравитацијава е лошо скриптиран, досаден филм, ама за Волкот од улицата ѕид е ремек дело, а за Американска зврљетина е акција и пол.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom