Скопје - има ли вишок на станови?

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.759
Поени од реакции
9.882
Има голем вишок на станови,а покрај тоа цената сеуште не паѓа..ко од злато да се.Газдите сакаат од една зграда милионери да станат,епа нека сисаат.
Реалната цена треба да е од 400-800 евра макс. зависи на која локација и во која општина.Се над тоа е дебилизам.Посебно нониве згради на Сулејман со квадрат од 2000-3000 евра,циркуси.
 
Член од
22 август 2012
Мислења
239
Поени од реакции
170
За 10.000 можеш да најдеш двособен стан во Скопје.

За глумење таксист казната е 500 евра плус одземање на возилото.
Sepak stan e, a veke ako imas kuka v stip :)
baska i ne taksist, nikade ne e zabraneto da se grupirate da odete na rabota zaedno
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.956

Сигурен ли си?Ај пробај некое време така да групираш луѓе,и да одите заедно на работа,па пиши ни тука како ќе си поминеш..
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612

И? Забрането е? Абе дури ни во Северна Кореја не е забрането тоа, што зборувате? И ај те молам кажи како мислиш дека ке си помине?

Па уште и тоа да ни е забрането поарно сами да се решиме пред да ја решиме владава. Кој може да ми каже на мене јас како да стигнам на работа. Ке се возам со колегата заедно. И тоа да ми е забрането...човече божји, па што е и уште почудно, тоа некои нормално си го сфаќаат како да не е голема трагедија.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.085
Поени од реакции
11.481
Забрането е?

Забрането е, еве ти напис од лани

Само изминатата недела запленети се девет возила кои вршеле нелегален превоз на патници, лани пак заклучно со првиот квартал од оваа година, вкупно 220 возила биле одземени при контрола на Инспекторатот од Министерството за транспорт и врски, а со асистенција на полицијата.“

А наскоро треба да донесат нов, уште построг закон.
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
568
Поени од реакции
294
Прашање ...Зошто во Скопјево цените на становите се толку многу напумпани како да живееме незнам каде.. дали изведувачите имаат реални толку трошоци или така им одговара? која би била најрелна цена на квадрат со тоа и изведувачот да има профит и цената да биде понормална?
зашто несфатливо ми е некако со просечна плата од 400е рата од кредит за стан да те фати 500...
ПС: не сум упатен како одат работите само ги следам цените и огласите затоа што барам нешто прифатливо накај н.л
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Забрането е, еве ти напис од лани

Само изминатата недела запленети се девет возила кои вршеле нелегален превоз на патници, лани пак заклучно со првиот квартал од оваа година, вкупно 220 возила биле одземени при контрола на Инспекторатот од Министерството за транспорт и врски, а со асистенција на полицијата.“

А наскоро треба да донесат нов, уште построг закон.
Ова е сосем друго.....Ова е на пример јас да земам со мојата кола да возам патници и да им наплаќам за тоа, т.е да изигравам нелегален таксист. Јас од тоа ќе заработувам а нема да плаќам даноци што е всушност работа на црно и нелојална конкуренција на таксистите, им го земам лебот.

Во претходните коментари зборуваме дали може ние двајца колеги од работа да одиме со моето возило на работа или не. Лудило е ова да не е можно.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.085
Поени од реакции
11.481
Во претходните коментари зборуваме дали може ние двајца колеги од работа да одиме со моето возило на работа или не.

За двајца не би требало да ти прават проблем, ама ако секој ден те гледаат цајканите со 4-5 души во кола тогаш си го јадел стапот.
 
Член од
23 јануари 2014
Мислења
64
Поени од реакции
79
За нешто да е скапо треба да е ретко. А пошо становите освен на одредени локации не се ретка стока треба да паѓа цената.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.956
И? Забрането е? Абе дури ни во Северна Кореја не е забрането тоа, што зборувате? И ај те молам кажи како мислиш дека ке си помине?

Па уште и тоа да ни е забрането поарно сами да се решиме пред да ја решиме владава. Кој може да ми каже на мене јас како да стигнам на работа. Ке се возам со колегата заедно. И тоа да ми е забрането...човече божји, па што е и уште почудно, тоа некои нормално си го сфаќаат како да не е голема трагедија.
Да ти кажам право,ни мене не ми се веруваше,ама таа е.Распрашај се малку кај тие што се поупатени,што патуваат секојдневно на иста релација,па види што ќе ти кажат и дали ќе им веруваш..

Има многу луѓе што секојдневно патуваат Велес-Скопје и назад.
Најголемиот дел од тие се возеа со дивите таксисти,пошто тие ги носат до работа,не мора да фаќа друг превоз или да оди пешки 2 саати.Кога почнаа да ги маваат дивите таксисти,останаа без таа опција,па доста од нив се организирале да патуваат заедно.

Меѓу тие беше и една другарка.

По некое време ги запира инспекција(со полиција),и му викаат на колегата што вози,ова да ти биде последен пат.Дечкото им објаснува дека се колеги,дека се договориле заедно да патуваат,дека така им се исплаќа повеќе,овие му викаат-не може така,автобусите од што ќе живеат?!?
Почнале да се расправаат,и на крај му рекле --не не интересира,ако те фатиме уште еднаш,ќе ти ја земеме колата.
После тоа,целата група од приказната си патува со автобус.

Инаку,најголемиот проблем тука е што,ако сакаат, можат да ти ја земат колата без никаков проблем.
Ни суд,ни муд,ни кур,ни ташак.
Си прават записник,таму пишуваат дека си вршел нелегален превоз на патници,трајно ти ја одземаат колата и,како шлаг,ти бараат да им платиш 500 евра казна.
Целата оваа работа е направена во стилот--крив си,додека не докажеш дека си невин.
Можеш ти да ги тужиш,ама на суд ќе добиеш кога врбата ќе роди грозје,така да,ако решат да те ебат,ќе те ебат.
 
Господ да чува и да брани, и клето и сакато треба да ја напушти оваа ако може да се нарече "држава".

Сакам да пишувам и повеќе за ова колку е нелогичен законов и недоречен, ама сам ќе се побијам себеси, и јас сакам во неправедна држава зборот закон да има тежина...така да се надевам само дека ќе заврши лудилово во државава што поскоро...
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Сигурен ли си?Ај пробај некое време така да групираш луѓе,и да одите заедно на работа,па пиши ни тука како ќе си поминеш..
Забрането е, еве ти напис од лани

Само изминатата недела запленети се девет возила кои вршеле нелегален превоз на патници, лани пак заклучно со првиот квартал од оваа година, вкупно 220 возила биле одземени при контрола на Инспекторатот од Министерството за транспорт и врски, а со асистенција на полицијата.“

А наскоро треба да донесат нов, уште построг закон.
За двајца не би требало да ти прават проблем, ама ако секој ден те гледаат цајканите со 4-5 души во кола тогаш си го јадел стапот.
Ај ве молам без шпекулации. За двајца не правеле проблем, за тројца правеле, за шест души не правеле, за 12 правеле. Линк со законот за ова?
Под болдот јас подразбирам дека човек кој не работи во Скопје, туку е занимава исклучиво со ваков превоз, превозува патници кои работат во Скопје и им зема пари за тоа. Дали мене ми брани некој, јас со кола да однесам уште 4 колеги на работа во Скопје, од Велес/Тетово/Свирипичино?
И каков е тој построг закон кој треба наскоро да го донесат.
--- надополнето: 15 февруари 2014 во 11:28 ---
Да ти кажам право,ни мене не ми се веруваше,ама таа е.Распрашај се малку кај тие што се поупатени,што патуваат секојдневно на иста релација,па види што ќе ти кажат и дали ќе им веруваш..

Има многу луѓе што секојдневно патуваат Велес-Скопје и назад.
Најголемиот дел од тие се возеа со дивите таксисти,пошто тие ги носат до работа,не мора да фаќа друг превоз или да оди пешки 2 саати.Кога почнаа да ги маваат дивите таксисти,останаа без таа опција,па доста од нив се организирале да патуваат заедно.

Меѓу тие беше и една другарка.

По некое време ги запира инспекција(со полиција),и му викаат на колегата што вози,ова да ти биде последен пат.Дечкото им објаснува дека се колеги,дека се договориле заедно да патуваат,дека така им се исплаќа повеќе,овие му викаат-не може така,автобусите од што ќе живеат?!?
Почнале да се расправаат,и на крај му рекле --не не интересира,ако те фатиме уште еднаш,ќе ти ја земеме колата.
После тоа,целата група од приказната си патува со автобус.

Инаку,најголемиот проблем тука е што,ако сакаат, можат да ти ја земат колата без никаков проблем.
Ни суд,ни муд,ни кур,ни ташак.
Си прават записник,таму пишуваат дека си вршел нелегален превоз на патници,трајно ти ја одземаат колата и,како шлаг,ти бараат да им платиш 500 евра казна.
Целата оваа работа е направена во стилот--крив си,додека не докажеш дека си невин.
Можеш ти да ги тужиш,ама на суд ќе добиеш кога врбата ќе роди грозје,така да,ако решат да те ебат,ќе те ебат.

Па бензинските пумпи од што ќе живеат? Тетово-Скопје има недотиг од автобуси, фул се сите, за враќање на нозе сме редовно.

Еве јас ако одам сама на работа со кола, дали мене ќе ми ја одземат колата бидејќи нелегално се превезувам самата себе на работа? Не ми е јасна логикава во сето ова. Па баш попаметно е луѓе да се групираат во кола - помалку сообраќај ќе има и почист воздух.
 
Последно уредено од модератор:

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.085
Поени од реакции
11.481
Линк со законот за ова?
Под болдот јас подразбирам дека човек кој не работи во Скопје, туку е занимава исклучиво со ваков превоз, превозува патници кои работат во Скопје и им зема пари за тоа. Дали мене ми брани некој, јас со кола да однесам уште 4 колеги на работа во Скопје, од Велес/Тетово/Свирипичино?
Забегуваме од темата ама еве линк http://www.kss.mk/files/zakon_za_prevoz_vo_patniot_soobrakaj.pdf
Не сум правник ама во член 89 и член 99 ги пишува казнените одредби.
На цајканот што ќе те сопре со полна кола тешко дека ќе му докажеш дека не ги возиш колегите за пари туку од љубов.
А ако кажеш дека службено ги возиш (пошто ти се колеги, нели) ќе ти побара патен налог, што и онака го немаш.

Тетово-Скопје има недотиг од автобуси, фул се сите, за враќање на нозе сме редовно.
Затоа со новите измени во законот ќе овозможат на секои 10 минути да има автобуси за Тетово, Куманово и Велес, мислем дека сега е на 20 минути.

Не ми е јасна логикава во сето ова.
Логика во Македонија :D
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Забегуваме од темата ама еве линк http://www.kss.mk/files/zakon_za_prevoz_vo_patniot_soobrakaj.pdf
Не сум правник ама во член 89 и член 99 ги пишува казнените одредби.
На цајканот што ќе те сопре со полна кола тешко дека ќе му докажеш дека не ги возиш колегите за пари туку од љубов.
А ако кажеш дека службено ги возиш (пошто ти се колеги, нели) ќе ти побара патен налог, што и онака го немаш.
А сите да носат потврда од работата дека се вработени во иста фирма?
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
https://prevoz.org/
Eve vi internetna strana od Slovenija kade sto lugeto si objavuvaat i nudat prevozi za po cela Slovenija. Delenje na troskovi. Od ekonomski i ekoloski aspekt top rabota. Veke 5 godini funkcionira. Nikakov problem so gandari,zakoni i slicno. Ima i za megunarodni ponudi.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom