- Член од
- 17 ноември 2012
- Мислења
- 4.549
- Поени од реакции
- 5.305
Јас ваков имав, и тоа мислам оригинал ми беше, ама незнам кај го затурив... 

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Според мене овој е најдобриот досега:За ваков дрес од Алекса менувам пари кола куќа... се шо имам. Му се наоѓа на некој по дома?
Според мене овој е најдобриот досега:
![]()
Исто така сезоната 2004/2005 и 2005/06 беа најдобри дресовите:
![]()
![]()
Реал биле заинтересирани за Видал, а Газета Дело Спорт, пишува дека за тоа ќе требаат 50 милиони евра, а Погба е проценет 70 милиони, според истиот весник
Ако Погба вреди 70 милиони, Видал вреди дупло повеќе. (башка, што Видал под никој случај не го напушта Торино, зошто останувањето на Видал е услов на Конте за останување во Јуве). Така беше минатото лето, така ќе биде и следното. На Погба можат да прават пари,ама не на Видал!
Видал е столбот на Јуве. Како што Меси е во Барса, Роналдо во Реал, Видал е во Јувентус. Продолжувањето на договорот и НЕ ставањето на откупна клаузула во него, сметам дека е доволен показател дека Јуве нема да го продава Видал. Марота нокти во ѕид стави за да го продолжи договорот на Видал и сметам дека не се ни помислува на негова продажба.Батали такви услови (се сеќаваш дека и Погба му е дел од тој услов на Конте) , кога ќе дојдат на врата арапиве тешко можи да се одолева на такви понуди. Имај во предвид дека се е бизнис. Конте не е толку тврдоглав и доволно е паметен да ја процени ситуацијата. Марота ќе исцеди колку можи повеќе (далеку над она 50М, ако Бејл е вреден 100ка тогаш Видал оди на 1Б
) Ај не миљарда ама доволна сума за да се покријат неколку позиции со топ играчи по мерак на Конте
.
Видал е столбот на Јуве. Како што Меси е во Барса, Роналдо во Реал, Видал е во Јувентус. Продолжувањето на договорот и НЕ ставањето на откупна клаузула во него, сметам дека е доволен показател дека Јуве нема да го продава Видал. Марота нокти во ѕид стави за да го продолжи договорот на Видал и сметам дека не се ни помислува на негова продажба.
Реал своевремено испраќаше богати понуди и за Дел Пиеро, па Јуве не се дрзна да го продаде. Некои играчи едноставно немаат цена, бидејќи ако нема еден столб како Видал во тимот на Јуве, многу е лесно се да се растури како кула од карти. Погба мислам и очекувам дека после СП ќе го продолжат договорот со откупна клаузула, и очекувам дека Погба може уште летово да го промени клубот, ама за Видал не сакам да верувам.
Ваква опција би била подобра и од онаа на Моџи со ЗиданПогба да блесне на СП ќе биди одлично, автоматски Марота ќе извади 60тина милиони за него. Имам пишано еднаш, да можат да му го земат Верати и 40 милиони за мене е повеќе од доволно.
Видал е столбот на Јуве. Како што Меси е во Барса, Роналдо во Реал, Видал е во Јувентус. Продолжувањето на договорот и НЕ ставањето на откупна клаузула во него, сметам дека е доволен показател дека Јуве нема да го продава Видал. Марота нокти во ѕид стави за да го продолжи договорот на Видал и сметам дека не се ни помислува на негова продажба.
Реал своевремено испраќаше богати понуди и за Дел Пиеро, па Јуве не се дрзна да го продаде. Некои играчи едноставно немаат цена, бидејќи ако нема еден столб како Видал во тимот на Јуве, многу е лесно се да се растури како кула од карти. Погба мислам и очекувам дека после СП ќе го продолжат договорот со откупна клаузула, и очекувам дека Погба може уште летово да го промени клубот, ама за Видал не сакам да верувам.
Ок, ако Видал би изразил желба да го облече дресот на Реал Мадрид, тогаш не смее да му застане никој на патот. Макар, што не верувам дека онака ноншалантно би побарал трансфер.Само сакам да укажам дека сериозно ќе си ја направат математиката во случај на добра понуда. Видал и самиот има изјавено дека би сакал некогаш во иднина да игра за Реал ама Јуве му е пред се. Така да бизнис си е бизнис.
А Погба од друга страна сметам дека е печен за луд трансфер. Дали ќе се чека уште некоја година па типот да експлодира или ќе искешираат после светското треба да се види. Мислам дека може да се влечат неколку години и да се искешира потаму, ептен е млад и има шо да пружи за Јуве во следните неколку години а сеуште да држи луда цена. Прашањето е дали во тој момент ќе имаме добра реинвестиција на парите (Ламела, Насри, Агуеро, Суарез, Верати whatever, got my point). Тој е еден играч а веројатно ќе ни треба постепено поправање на повеќе позиции за да бидиме поконкурентни во ЛШ. Исто така битно е дали и колку веруваат Конте и остали дека можи да се развива. Лани и сезонава беше топ, некако слаб психички ми делува и ме интересира кога ќе биди моментот кога ќе почни да забушава и да тргни во надолна линија. Тогаш ќе биди веќе касно и ќе си се стационира околу некои 30тина мил. Оваа математика сепак му ја препуштам на Марота и Конте. Моја проценка и мислење од оваа точка, најпаметно ќе биди за две години. Пирло ќе се пензионира или полека ќе си ја фати клупата а ние ќе мора да ја пребродиме таа транзиција некако до тогаш. А од друга страна Погба со неговата ФРАНЦИЈА дома треба да биди во топ форма и да биди во пикот за продажба. Значи Лето 2016.
Ја имам неколку пати следено Чилеанската репрезентација, и мора да признаам дека Исла таму е како друг играч него ли овој во Јуве. Дали во Јуве чувствува некој притисок, дали едноставно не може да се вклопи во средината, сепак има нешто. За Чиле игра перфектно, доаѓа во Јуве и станува изгубен руски пилот на Германска територија.Во контекст на муабетов. Читав дека единствена причина зошто лешинарот со број 33 сеуште се врти во клубот е некоја слична математика. Неговите настапи за нас се мизерни и повеќе од мизерни. Цената му е драстично падната во однос на набавната и единствено чудо шо можи да му ја крени цената е негов фантастичен настап на светското на лето. Имено, Чиле го сметам за еден од поголемите конкуренти за да дотуркаат далеку. Имаат здрава репрезентација каде овај можи без проблем да се шлепа. Во случај на некое 1/4 финале (па зошто не и 1/2) цел тим можат да си ги набијат цените и да се оттарасиме од исла муерте.
Се надевам дека последново сценарио нема да важи за Артуро![]()