Vartolu
The Infamous Mobb
Конте знае како да се однесува со „проблематични“ играчи. Имам претчуство дека Освалдо ќе распали во Јувентус, па сега ќе видиме како ќе се одвива неговата кариера во Јуве.Моџи има право за тоа кој ќе го држи под контрола Освалдо ... Џиџи, Конте, Пирло и Џорџо, најреспектираните играчи во тимот![]()
Tука најважна е улогата на тренерот и како ќе се постави во однос на Освалдо, а не се сомневам дека Конте го знае тоа многу убаво, и затоа постави услов за негово ангажирање. Од друга страна позитивен факт е тоа што Освалдо се откажал од голем дел од својата плата само за да го облече дресот на Јуве, што реално е многу ретко на денешницава, и е потег за почит. И самиот Освалдо изјави дека имал понуди од повеќе клубови, ама кога стигнала понудата од Јуве, не размислувал ниту за момент
