Избор на најубава пензионерка

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
Кавадарци ќе ги собере, нема што јас да ги собирам. Ти може да отидеш и да си одбереш партнерка, ако ти е дојдено до тоа. Ќе има избор ко за тебе :love:
 
penzionerka-izdajnik-ne-.jpg
 
Аииии...... се, се очекував ама ова не. Туку ај нека се дружат, па и ние да се насмееме :pos: :pos: :pos:

А за она со слободното возење по автобусите :facepalm: ..... ај подобро нека му ја дадат целата недела бесплатно возење.....
 
Не знам што се чудите и мајтапите
Младите се во странство и сега пензионерите се „ главни “
Тие гласат и одлучуваат кој ќе победи на избори, Единствено тие имаат редовен приход.Нив им се дава по 666 денари покачување на пензија ( згрешив 600 денари ), за да гласат . Им се дава без пари превоз во ЈСП и многу други погодности
Еве сега и избор на МИС - Пензионерка
Штета што нема вакви натпревари и во други земји инаку и таму ќе учествувавме за избор на МИС - Универзум - Пензионерка. Верувам ќе победевме...
Игри без граници...
Што вели @Branchez Није нормалан ко не полуди
 
Кога да се очекува предизобрна кампања и преставување на кандидатките ?

И дали може да гласаат од Пустец?

Најубавата пензионерка во Македонија ќе се бира во петок во Кавадарци, во рамките на прославата на празникот на лозарите Свети Трифун, која ја организираат кавадаречките пензионери.

Забава до солзи ветуваат пензионерите од највинскиот град во државата. Пензионерскиот икс фактор ќе издвои нај пејач или пејачка меѓу лицата од третата доба, под услов прв пат да застанува пред микрофон, но и најдобри играорци од двата пола. Ќе бидат презентирани и билките на баба Рада “преку нејзиниот прв братучед од Чемерско”, ќе се бира билкар на денот. Оној што ќе погоди најмногу билки, добива награда.

:pos: секако може и од Зимбабве кај пензионерите нема граници, више ја отекоа таа баба Рада...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom