- Член од
- 15 април 2012
- Мислења
- 1.341
- Поени од реакции
- 2.210
Дали има една поплака од некој што не е американец? Каква вештачка нација , страшно.
Нема. Ниту една. А, онаа слика погоре со скршената врата од страна на Американецот ради што не сакајќи се заглавил во тоалетот (сите иначе се сместени по двајца во соба) е чист дебилизам. Стварно треба да немаш ниту трошка мозок за да го направиш она, да го сликаш, да го објавиш на твитер и сите американски медиуми да се пофалат со тоа. Американците се однесуваат како разгалени деца.
Воопшто не го ни почитуваат домаќинот, Русија. Првиот бран слики (две-три) ми беа симпатично смешни, за да после 2 часа вклучам интернет и сето тоа да еруптира мислиш сред Авганистан се одржува ова. Гледав и еден пренос на NBC (од првиот ден, пред отворањето, имаше некои настани) - едноставно, мислам дека Гебелс не им е рамен, ееееј!!!
Може Русија си има свои проблеми, но Американците ги преминаа сите можни граници. Лесно забораваат дека сите можни Олимписки Игри што ги направиле досега биле направени со проблеми, вклучувајќи и терористички напад (Атланта 1996). Истата Атланта беше длабоко комерцијализирана, па ИОК се покаја отпосле што им ги даде Игрите. А, да не зборуваме за скандалот со купувањето (буквално) на Олимписките Игри во Солт Лејк Сити на кои што Американците парадираа со национализам. Ах...