@
That Someone Special
Тој процесор не можеш да го клокаш со зголемување на множител, заклучен е за нагоре. Најди таму каде се подесува главната магистрала и клокај преку неа ( HT link ).
Брзината на HT ( 2000 "Mhz" ) = 200 ( да ја наречеме основна фреквенција ) x 5 множител x 2 dual rate = 2000.
Брзина на процесорот = 200 ( основна фреквенција ) x cpu multi ( у твојов случај 11.5 ) = 2300 Mhz
Кога би ја подигнал основната фреквенција на 250 да речеме ќе добиеш 2875 Mhz на процесорот. Но со истото тоа се подигнува и брзината на HT на 2500, а тоа предизвикува нестабилност на таа платформа. Трикот е да ја држиш таа вредност што поблиску до 2000. У овој случај ( кога би се дигнала основната фреквенција на 250 ) тогаш ќе го намалиш множителот од 5 на 4 и ќе добиеш 250 x 4 x 2 = 2000 . Уште една фреквенција што се мења со ова е френквенцијата на RAM меморијата. На таа платформа фреквенцијата на RAM меморијата е еднаква на брзината на процесорот поделена со integer ( делено со цел број без децимали ). Пример: Ако процесорот работи на 2400 Mhz , тогаш може да работи на 200 ( DDR 400 Mhz ) со делител 12, 400 ( DDR 800 Mhz ) со делител 6 и сл. Ако ја дигнеш фреквенцијата на процесорот на 2800 Mhz, а не го намалиш делителот за RAM-от, тогаш ќе се зголеми и неговата фреквенција. Пример ако процесорот бил на 2400 Mhz фабрички, а рамот на 400 ( DDR 800 Mhz ), го дигнеш на 2800 Mhz и ако не го намалиш делителот за RAM тогаш RAM меморијата ќе работи на 2800 / 6 = 466.6 ( DDR 933.3 Mhz ) што најверојатно ќе предизвика нестабилност. Тие ти се мање више математиките за клокање на таа платформа. Обрати пажња на нив и на стандарните работи при клокање ( температура, тестирање на стабилност со најнизок можен напон за дадена фреквенција и такви ствари ). Од искуство - со клокање тој процесор знае да грее, така да пази на темературите пошто си со stock кулер, кој претпоставувам не е баш хм... нов.
Со клокање на тој стар процесор нема да добиеш ништо осетно у модерни програми и игри, ама ако ти е од мерак - GL HF.