Overclocking

  • Креатор на темата STOLE_MKD
  • Време на започнување
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Првиот резултат е за рендер на CPU, процесирачка моќ = 9.96.

Вториот резултат е за GPU, openGL перформанси = 74.34.
--- надополнето: 18 август 2012 во 13:17 ---
GTX 680@1280/6700 (Boost)
Ти ги следам постоите и на IT форумот, знам за што се работи :D. Само под друго име сум таму и член од скоро. Сте изнапишале катаљарда ствари, сега само читам страници.
Иначе за PC-то и графичката, ѕвер, што друго да кажам. Бар знам кај да се обратам ако нешто се склопува во иднина :P. Keep up the good work (y)
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Any suggestion за до 5 GHz? :)
Ivy Bridge е осетлив на напон на меморија, па немој да одиш преку 1.65 на меморијата и никако кревање напон на мем. контролерот.Пробај крени малку напон на процесор, а исто и бусот можеш малку да го дигнеш.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.158
Поени од реакции
5.933
Да ја живнеме темава:

Any suggestion за до 5 GHz? :)
Ја всушност би ти препорачал да намалиш малце. Со таа графичка дури и на 6 GHz да отидеш нема да видиш никаков бенефит. 4.4, 4.5 или 4.6 евентуално би ти биле најдобри опции. Башка гледам дека ти уствари си ја кренал bus фреквенцијата на 105 MHz, што баш и не е препорачливо. Најдобро е таа да си стои на 100 и да го мењаш само множителот. А пошто веќе множителот ти е на 45, смали ја bus фреквенцијата на 100ка и немаш гајле.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Меморија 1.5, мемориски контролер не треба да се чепка.

Направи скриншот од BIOS - USB стави во пс, и F12 од табовите во UEFI, да видам сетинзи.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
304
Поени од реакции
150
@That Someone Special :)
Тој процесор не можеш да го клокаш со зголемување на множител, заклучен е за нагоре. Најди таму каде се подесува главната магистрала и клокај преку неа ( HT link ).
Брзината на HT ( 2000 "Mhz" ) = 200 ( да ја наречеме основна фреквенција ) x 5 множител x 2 dual rate = 2000.
Брзина на процесорот = 200 ( основна фреквенција ) x cpu multi ( у твојов случај 11.5 ) = 2300 Mhz
Кога би ја подигнал основната фреквенција на 250 да речеме ќе добиеш 2875 Mhz на процесорот. Но со истото тоа се подигнува и брзината на HT на 2500, а тоа предизвикува нестабилност на таа платформа. Трикот е да ја држиш таа вредност што поблиску до 2000. У овој случај ( кога би се дигнала основната фреквенција на 250 ) тогаш ќе го намалиш множителот од 5 на 4 и ќе добиеш 250 x 4 x 2 = 2000 . Уште една фреквенција што се мења со ова е френквенцијата на RAM меморијата. На таа платформа фреквенцијата на RAM меморијата е еднаква на брзината на процесорот поделена со integer ( делено со цел број без децимали ). Пример: Ако процесорот работи на 2400 Mhz , тогаш може да работи на 200 ( DDR 400 Mhz ) со делител 12, 400 ( DDR 800 Mhz ) со делител 6 и сл. Ако ја дигнеш фреквенцијата на процесорот на 2800 Mhz, а не го намалиш делителот за RAM-от, тогаш ќе се зголеми и неговата фреквенција. Пример ако процесорот бил на 2400 Mhz фабрички, а рамот на 400 ( DDR 800 Mhz ), го дигнеш на 2800 Mhz и ако не го намалиш делителот за RAM тогаш RAM меморијата ќе работи на 2800 / 6 = 466.6 ( DDR 933.3 Mhz ) што најверојатно ќе предизвика нестабилност. Тие ти се мање више математиките за клокање на таа платформа. Обрати пажња на нив и на стандарните работи при клокање ( температура, тестирање на стабилност со најнизок можен напон за дадена фреквенција и такви ствари ). Од искуство - со клокање тој процесор знае да грее, така да пази на темературите пошто си со stock кулер, кој претпоставувам не е баш хм... нов.
Со клокање на тој стар процесор нема да добиеш ништо осетно у модерни програми и игри, ама ако ти е од мерак - GL HF.
 
Член од
4 декември 2013
Мислења
198
Поени од реакции
70
Пријателе, ова е виша математика за мене :eek: Многу е покомплицирано од клокање на графичка, всушност колку што сватив со оверклок на процесор, се оверклокува и рамот и сега треба да пронајдам начин да го намалам множителот на фреквенцијата така? o_O
А и да, процесоров е стар од 2007-2008 па од тогаш само тој на компјутеров ме служи до сега. Едина причина ми е што имам тесно грло со HD6770 GDDR5 графичка и реков дури е зима и има ниски температури да го клокнам па можеби би добил некој фрејмрејт во некој од последниве гејминг наслови.

П.С на лето планирам да го заменам со некој од новиве Intel Celeron G процесори или некој од AMD FX и исто нова матична и нов рам што следи па затоа да испробам некој експерименти сега за сега :D
 
Член од
23 март 2011
Мислења
304
Поени од реакции
150
Со оверклок баш на таа платформа, да, се клока и рамот. Стај го RAM-от на најниска фреквенција / најголем делител за почеток ( зависи како е претставена опцијата у BIOS-от на плочата што ја имаш, негде има да бираш делител, негде има да бираш фреквенција ), дигај по малце од 200, тестирај, пази да не идеш далеку од 2000 на HT-то и тоа е тоа мање више. Ќе се снајдеш.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Не оверклокувајте процесори, кои и вака и така се веќе спори. Направете си апгрејд, све друго е само тешење, и ризикување за "експлозија" на напајање, или матична.
 
Член од
14 септември 2012
Мислења
94
Поени од реакции
12
Имам интегрирана графичка Intel 4 Chipset Family 830MB на TOSHIBA L355.Е сега имам неколку прашања...
1.Дали можам да ја клокнам графичката и колку GB.
2.Дали може да цркне PC-то.
3.Дали препорачувате да ја клокнам.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Имам интегрирана графичка Intel 4 Chipset Family 830MB на TOSHIBA L355.Е сега имам неколку прашања...
1.Дали можам да ја клокнам графичката и колку GB.
2.Дали може да цркне PC-то.
3.Дали препорачувате да ја клокнам.
1. НЕ

2. НЕ

3. НЕ
 

Kajgana Shop

На врв Bottom