На прво место суверено и нерикосновено си стои (т.е. стоеше)
ФИЗИКА ! Кога си го враќам филмот сега назад во средно, како не сме останувале на полагање по тој предмет, стварно не ми е јасно. Учевме едвај само за тест, и пак не научувавме како што треба, по 20-30 пати не' фаќаше неспремни професорката во текот на годината, и пак на крај сите со 3ки и 4ки завршуваа во свидетелство. Ни mystery files од NG не би го решиле овој феномен.
На второ место би го ставил
германски. Многу ми е криво што не го изгланцав и него како англискиот, ама тоа е .. Јазик не се учи во школо, а мерак за курс по германски никогаш немав баш. Многу слично на физика, сите учеа само за двата теста и двете писмени во текот на годината, на професорката на глава и' се качувавме на часовите (какви стоки сме биле ццццц
), ама нели она добра и мирна душа - пак на нас кои што малце повеќе ни фаќаше коката и бевме меѓу ''повоспитаните'' ни спушташе 5ки за крај на година. Да не' оценуваа реално по тој предмет, требаше само едно девојче да има 3ка, пар души знаеа да бекнат нешто за 2ка, и 25+ души на полагање.
И на трето место би го ставил
логика. АУФ! Кој го сретнал во средно, си знае. Арно се знаеше проф. со моите родители многу убаво и секогаш им пренесуваше кога ќе ме испраша и на кои лекции да се спремам. Мнооооогу никаков предмет ..
И на факс сега, од сите 7 поминати семестри, најмногу мака си видов од
фин. сметководство во прва година
. Виша сила ми помогна мислам тогаш да фатам една ќељава 6ка. Сите други предмети потешки, и полесни нормално - но сепак совладливи. Ама овој предмет ми беше драма, како изгубена овца бев. Арно на прва го земав и го куртулив без многу тегавење.