Фан Клуб: Пелистер

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Добив три дојави од едно чоече од умс на партијата
Првата- Општината барала спонзор за клубот, ама немало јак спонзор кој сака да го земи.
Втората- Во Стрежево имало поќе тендери од РЕК :cenzura:. Само сме се лажеле со тендерите, немале никаква врска.
Tретата- Не требало да се секираме за стадионот, туку само за тополите шо ги исекоја и ќе ги нема во новиот стадион :(


Е ТАКА ДА СИ ЗНАЈТЕ :D

Едит: Ете уште една дојава од лазаро, значи 4 :D
 
Член од
13 март 2010
Мислења
378
Поени од реакции
480
Стадионот влегвал во новиот проект на владата сеуште не објавен Македонија 2020 дојави од штабо :D
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.068
Поени од реакции
7.858
Епа таман два пати до тогаш ќе испадниме и ќе влезиме во прва лига.

Мој став е дека подобро би било да се среди клубот од колку стадион, власта не прај шо не прај стадион ама и ќе си речиш за кој клуб да гради стадион кога не се знај дали утре втора лига ќе биди или ќе се влечка во прва.

А пцујам зато шо прат поени на гола политика и нормално дека сакам да имаме стадион ама пак си го поставувам погорното прашање.
 
Член од
2 август 2011
Мислења
1.172
Поени од реакции
1.431
Пријатно сум изнанаден од луѓето кои што ги задолживме да изготват проектна документација, затоа што првичниот договор беше првите идеи да ги имаме во март, април, но тие веќе се тука. Замислете за една слика од GOOGL ART исенчана со молив или црвено пенкало градоначалникот очекувал неколку месеци. Ама ич криво не ми е сто лаже него што не прави будали а ние сите сме херои овде на форум никој не искоментира нисто на ФБ страната. Само ги оставивме ретардираните вмро овчина да ставаат лајк.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.075
Поени од реакции
7.680
Епа таман два пати до тогаш ќе испадниме и ќе влезиме во прва лига.

Мој став е дека подобро би било да се среди клубот од колку стадион, власта не прај шо не прај стадион ама и ќе си речиш за кој клуб да гради стадион кога не се знај дали утре втора лига ќе биди или ќе се влечка во прва.

А пцујам зато шо прат поени на гола политика и нормално дека сакам да имаме стадион ама пак си го поставувам погорното прашање.
Prime немој да ме разочарваш :unsure:

За клуб на се напрај треба многу многу муви да лапаме може да направиме тим со добри финасии ама за клуб треба прво инфраструктура(главен стадион, и помошни игралишта) па работа со младински школи и професионални тренери да работата со децата па нормални сулови што значи тренерки топки како и соблекувални исхрана итн..па после следува правење на прва екипа , но најпрво мора секој клуб и тим да има инфраструктура абе едно село во грција или бугарија имаат подбри услови(терени и рефектори) од нашиот стадион не може ти да бараш играч и услеси да тренираат трчаат на Тумбе кафе или со малата сала од спортската треба терени и башка шо инфраструктурата останува години после десет петанесет дваесет години а успесите на првиот тим се минлива категорија и брзо ќе се заборават а стадионот ќе остани и за нашите деца !

Значи мора прво стадион и помошни а после се друго !
--- надополнето: 4 февруари 2014 во 01:24 ---
п.с. јове на фб половината одамна сме блокирани на двојче на страната
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.068
Поени од реакции
7.858
Се вртиме во круг, сепак е најважно да имаш јака структура за подолгорочен план.
Значи со стадионот велиме ете сега ако го напрај ќе остани на млади генерации(да речиме би напрајле ќеф со еднаш два пати ако би ни донесле младинска репрезентација) но од друга страна со тој стадион ние како клуб ништо не постигнуваме. Пример сега Пелистер нема кај да тренира само тој еден и единствен терен е, а утре треба утакмици да игра на истиот. И нов стадион да изградат да речиме за брзо пак само тој ќе биди и тренинзи и се(сигурно двојче, партијата и архитектите немат абер од помошни терени, пропратни услови и слично)
Значи уште еднаш ќе речам стадионот како единка не е решение на проблемот со спортот во Битола. Тоа е само гола политика и владејачката структура само си заработва поени за то.
Неколку пати сум спомнал дека можи и не се тие криви за состојбата кога не дошол некој асолен приватник со план и желба за работа. Никаде не се видело успешно да функционира државен клуб а посебно во вакво сиромашно општество како нашето.
Нигде не се појавува клучното прашање според мене а то е дека нема чоек шо би сакал да вложи... и самиот Монгол на играчите на прозивката му рекол дека имало интерес кај власта да се предај клубот, АМА НЕМА НА КОЈ!
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.277
Поени од реакции
5.129
500 000 евра за стадионот и реконстукција на салата :eek:
Овие пари изгледа ќе се само да се нацрта проектот, но и не да се реализира.
Како шо се гледа на проектот не се 4 трибини како шо требаше, 2 големи и 2 помали зад гол, туку се 3 дури и трибина ни скратија ејјј :D Абе ова комедија е шо го кажват..
Со тие пари можите само цименто, блокој да купите и ламарини ако го покривате до негде :D После свирите на гајда...
 

Deksi

Локал патриот
Член од
16 март 2010
Мислења
787
Поени од реакции
911
Prime - Пелистерка се заинтересирани за клубот, тие и го организираја натпреварот со Јавор во Охрид. Да градоначалникот му рекол на Монголот нека го земи кој сака ама од друга страна преговара и не го дава...

Сакам да прашам од овде вака од позагреаните за Фк Пелистер дали има некој со професионален апарат? Ако има таков нека пиши во порака :))
 

ZelenoBel

Нова Битола
Член од
30 април 2013
Мислења
1.509
Поени од реакции
7.181
така некој ќе го земи клубот НЕМА КАДЕ па во Пелистер ќе дава пари ...ха... ТОЈ ШО САКА ДА ДАВА ПАРИ сака да излези ЌАР , не зијан...така да сите си барат некој услови,а тие услови се ПРЕМНОГУ зато и вака си стонираме..... а за стадионот неќам да коментирам доста е едно вакво :tapp:
 
Член од
28 септември 2011
Мислења
714
Поени од реакции
981
500 000 evra se za sportot vo bitola na godisno nivo (maka mi e da baram link da vi postira ) e sega kako ke gi deli doktorot dali za fk pelister , dali za fk bair so saka ke praj a toj planira od tie rokordni pari da go napraj stadionot so odma e cista manipulacija i ebavanje na zdrav pamet ... i niedna ne e prifatliva ideja od onie ako se seriozni da prat treba da sprecvame kako so se mozi
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.465
Поени од реакции
5.513
Не се разбирам во градежништво но како можи нацртот на проектот да чини 150 000 а изградбата 500 000?
 
Член од
2 август 2011
Мислења
1.172
Поени од реакции
1.431
Не се разбирам во градежништво но како можи нацртот на проектот да чини 150 000 а изградбата 500 000?
Тоа ти е математика, со 500 000 евра може само неколку тоалети во стадион да се направат.
 
Член од
17 ноември 2011
Мислења
887
Поени од реакции
360
Шубо тргна цела работа од почетокот на сезоната се кренавме на 1 место и горе долу организациски се подподобривме и на крајот толку траеше 3 месеци :pos: типично македонски рецепт :LOL:.Ништо не знат да сочуват и да напредуват на никое поле од спортот се со лажење и ред други работи.Вардар претстави нова управа,нови спортски директори и менаџери и 4 нови играчи се официјално со сите нишани како шо доликува...овие торковците кај нас еден прес помочан неможат да напрат и то ако напрат вкафич го прат :facepalm: за греој се:cenzura:.Ем шо ја ебаја работата ептен ја ебаја на сите можни начини,па гледам изумре и новата веб страна која до пред 2 месеци си работеше како шо треба се објавуваа и тн.Сега и таа ја нема,играчите си заминаја ,нови не се зедоја,клубот не е уште предаден ,ништо не е средено и тек тук некој поединци барат стадион?!o_O Чек бе малце да видиме колку е сато???Каков стадион какви црни камења,сите тие проекти и нацрт планови се само колку да се види демек ете (пред избори) работиме нешто,одма на орбис и тера му рекоја да ги објави исто и на нет медиумите ширум државата...И шо на крајот демек стадион ќе се прај?Ај ок,само кажете од каде пари ;)
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Не се нервирајте, ќе ви помини... па избори се ближат мајке му, ќе ја проголтате и оваа кнедла? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom