- Член од
- 28 мај 2008
- Мислења
- 3.231
- Поени од реакции
- 4.104
Јас самиот, подучен од сопственото искуство, си го реков себеси истото уште пред да заминам од Македонија: од наши што можам понастрана. (Сега леандра ќе се јави, ќе речи нели вака ме маткаш по кафање да одиме, ама за неа правам исклучокЗа бегање подалеку од македонци мислам дека донекаде си у право али не се сите исти.и некои од оние постарите иселеници не се ниш подобро од тазе дојдениве.имав некоја сваќа што не ја ни познавав у живо у лондон(живеела таму 10ина години),и тетка и и рекла на мајка ми да се додадеме демек на фб,и со типкава еднаш зборев и то најосновни работи,како си ,што си,кај си,и после месец-два приметив дека ме избришала.а то за качување на глава зависи од самиот човек,некои се без осет.али и некои македонци по странство се толку себични што нема ни да ти кажат ни некоја најосновна информација.значи проблемот е и во едните и во другите и секогаш зависи од самиот човек.

Незнам оти, ама сојот ни е таков, наместо да си помогниме, гледаме на секој начин да си наштетиме, или ако можи да просперираме на туѓ грб. Ова се случуваше 4 години дури студирав во Скопје. Кодошење, клеветење, оговарање на сите страни... па некој/а нашол прашања за тест или задачи решени и ги крие никому не ги дава, за да тој/таа извади десетка, а другите да не му го нарушат просекот. До таму одеше што ради тој успех, колегата или колешката добила повисока оценка, па ривалства се правеа, луѓе се замразуваа само ради што некој извадил подобра оценка. Па лицемерства на сите страни за да ти објасни некој задачи, после тоа се разбира не го познаваш. Просто запрепастен сум ко ќе помислам ретрсопективно и од овој агол, какви се’ личности имаше... Најмногу лицемерие и завист имаше од колешките, за жал. Ние колегите меѓу нас пак, колку-толку не се замаравме... повеќе гледавме за викенд кај да се собериме и да се начукаме, а тоа дека се полагало кој го е**.
Од тогаш си реков, од наши луѓе понастрана само. И онака никаков ќар во тие четири години не видов, само завист, лицемерие, оговарања, спрепки поставување (било лично или на други)... За среќа, тука нема ниедна особина од тоа што го имаше во Македонија. На почеток не ми се веруваше, а и сеуште незнам која е причината што толку многу негативности има меѓу нас Македонциве... дали сиромаштијата и на социјален план не има отепано, не знам.
