Ауфвидерзен Македонијо!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bojco
  • Време на започнување Време на започнување
Многу е лесно да се сонува и да се прават планови за во иднина додека некој друг ги плаќа сметките. После иди лошото, посебно кога тие сништа и планови не испаѓаат баш како што сме замислиле. Ако некој само и проба да ви ја прикаже и другата страна од паричката одма со етикети љубоморен , искомплексиран и да не набројувам.
А ако ја пратиш темата ке заприметиш дека редовно тие со завршен факултет или со за уште малце недозаврешн обично покажуваат очигледни знаци на искомплексираност.

За жал во Македонија е така, ако видиш дека јас не го правам муабетот за кај нас ќе ме сватиш. Лошото е што македонците го имаат истиот менталитет и надвор од државата. Затоа и не не бива како нација..

Тие што се упорни,вредни одма се гледа на страна каков успех постигнале. Завршен факултет, убави плати...Само на форумов има неколку дечки што треба пример да бидат за сите. Ама останатите 90 % за жал се исти, ќе си работи ситна работичка колку да има за јадење и пиење останатото нека си тече како што ќе му кажат.

Зборам конкретно за Австралија, овде ги има сите нации... Одма се гледа кој е работлив, кој не е...
 
Не би имал ич против да имав диплома од London School of Economics. :icon_lol:
valvoline google it
Da, ama i vo gepot valda ke treba da brknes, i toa troa podlaboko.

Fees for 2014 entry

Home UK/EU fees

For 2014 entry, the LSE tuition fee for new UK and European Union (EU) undergraduates will be £9,000 per year.
 
Да ама знаеш ли што значи да имаш диплома од тој факс? Тоа што ти не разбираш некои работи, незначи дека е тоа така ти како што мислиш.
Факс и те како значи на Запад.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
А кога затеравте во тој правец со ССС во ЕУ што би можел да работам?
 
Gledas znaci sam si prizna deka za ovde diplomata ne vredi nisto.
Drzavata i vladata se sami krivi za ova sto se desava, sakale ovde bespari fakulet i posle fitilj. Podhitno da se vovede 100% naplatlivi fakulteti ili najmalku 10.000 evra godisno po student. Platete si i posle sreken pat ili uste odma posle sredno pakirajte si gi kuferite pa studirajte tamu na svapski trosok.

А што очекуваш ти? Сите да се помириме со фактот дека знаењето од одредена област нема да ни помогне овде, да не се одлучуваме за студирање, и одма после средно да сме се фателе за работа.. тоа што ќе најдеме - тоа, небитно колку ќе биде вреднуван нашиот труд и не следејќи ги нашите амбиции, како што си направил ти, а потоа се некој виновен ќе наоѓаме за тоа и ќе си се лажеме самите себеси дека образованието и знаењето не вреди никаде.

И очигледно е дека немаш стапнато на факултет, пошто не знаеш колку скриени трошоци има покрај јавно истакнатата партиципација за факултетите. Да знаеше, немаше вака да пишуваш. (y)
 
Знаеш дека му реплицираш на автомеханичар?
 
За жал во Македонија е така, ако видиш дека јас не го правам муабетот за кај нас ќе ме сватиш. Лошото е што македонците го имаат истиот менталитет и надвор од државата. Затоа и не не бива како нација..

Тие што се упорни,вредни одма се гледа на страна каков успех постигнале. Завршен факултет, убави плати...Само на форумов има неколку дечки што треба пример да бидат за сите. Ама останатите 90 % за жал се исти, ќе си работи ситна работичка колку да има за јадење и пиење останатото нека си тече како што ќе му кажат.

Зборам конкретно за Австралија, овде ги има сите нации... Одма се гледа кој е работлив, кој не е...

Друго е работата. Нека учат, нека имаат сонови , желби и надежи. Но нека бидат спремни дека животот е суров и дека плановите што си го кројат тука незначи и дека ке им се остварат ако не тука тогаш сигурно надвор. Нека не влегуваат во филмови дека ете сега имам диплома и или ке работам за плата таква и таква или кој му ебе матер на сите и не работам.
Никој ништо не гарантира во животот ако сам не си се потрудиш да се остварат соновите, па дури ни тогаш ништо не е сигурно. Дипломата закачена на ѕид нема сама да ги реши сите проблеми и уште помалце е гаранција дека еден ден ке успееш во животот. Се додека го сонуваат тој филм не им бега едно големо разочарување во животот.
 
Точно дека дипломата нема да помогне само ако стои закачена на ѕид (иако и во неа се вложува доста труд) ама па некој да кажува дека образованието и стекнатото знаење не вредат никаде?o_O

Замисли на што би личел светот кога не би се вреднувал вложениот труд кон надоградување на знаења, и кога сите би почнале да се занимаваат со нелегална продажба на поволни автомобили и слични работи, како на пример валволин. Со еден збор: Пропаст!
 
Значи ве читам и едниве и другиве и гледам дека се расправате за џабе.

Двете страни сте по малку во право меѓутоа и двете страни ја промашувате поентата помалку. Значи заеби идење на факс за да најдеш „добра работа“ тоа е ЕПТЕН погрешен став најверојатно наследен од времето на комунизмот кога тоа ни го збореа. Ваљда ова ќе биде последната генерација што така ќе размислува и полека ќе почнеме да се развиваме малку и како нација. На факултет се иде за да МУ ДАДЕШ на некој друг (како повеќето овде што барате) ДОБРА РАБОТА. Денес со „добра работа“ ќе живееш малку подобро од просекот (зависно во која држава). Со „добра работа“ нема никогаш да си повеќе од средна класа. За тие што сега почнуваат во странство добра работа е добар почеток ама се надевам дека со тек на време ќе го сменат мислењето и дека ќе се преорентираат на водење добар бизнис па макар и немал допирна точка со она што го студирале. Ќарот на државата со безплатно образование е тоа што тие што завршиле подоцна треба да ствараат работа за други. Проблемот кај нас е што таа алка во приказната од факултетски образован кадар до бизнисмен фали. Нема соодветна обука на работа, нема соодветни финасиски институции, нема подршка. Место тоа пари се фрлаат на покачување пензии, социјалци, субвенции во земјоделство, споменици... Затоа ќе продолжиме и да си тапкаме во место и ќе се крстиме во странски инвестиции, нема друг избор мора кога нема кој да повлече а и нема услови за тоа да се направи од внатре.

Со валволин не се слагам за повеќето работи кога е во прашање странство и како ни е нас надвор ама една работа и те како е во право. Дипломите не работат, лугето работат. Дали е со средно или факс НЕМА ВРСКА. Јас ретко гледам кој каде има завршено на кој универзитет кога запослувам луге. Побитно ми е дали човекот може да ми донесе бизнис, да ми донесе ПАРИ во бизнисот (дали ми е економски исплатлив како инвестиција), потоа дали може да ја заврши работата за која аплицирал (значи дали има соодветно искуство кое е докажано), па дали поминато професионална обука во последниве 2-3 год (значи не факс, еве на финансии сакам да има завршено ОМЕГА тренинг или нешто слично на тоа, во IT гледам денес се вреднуваат дипломи од MICROSOFT, CISCO, за сметководство да знае MYOB или некој друг софтвер на пример) и тек тогаш гледам дали има или нема завршено факс (нормално се радувам ако има завршено на ист ко мојот ). Тука прочитав статија за некоја си што завршила на некој њујоршки универзитет па праќала емаилови на министер и што ти знам јас... Мислам сериозно од такви ликови ми се гади, ако е толку учена нека си најде работа се знае како се бара работа секаде а не да плаче по весници и да праќа емаилови бе. Тоа не е во ред. Порадо би работел со некој како валво него со некој таков. Ако ништо друго бар знам дека колку што може валво ќе работи и не се срами со тоа што он е. Таквите што мислат дека од господ се одбрани затоа што завршиле на 27иот ранкиран, да дури 27миот (два пати го спомна она тоа) универзитет на светот речиси никогаш не се добри работници затоа што мислат дека вредат повеќе од тоа што се - углавно pain in the ass затоа што и покрај дипломата морам да ги тренирам барем 3-4 месеци за да може и основни работи да свршат.

Има и такви дипломи што вредат не за тоа што си научил него за други работи. Ко што напиша gade ни јас би немал ништо против диплома (мада јас би сакал MBA) од London Business School, Melbourne Business School, Harvard Business School, INSEAD или може најдобро од Hong Kong UST. Не е само образованието во прашање, контактите, пристапот до одредени центри на моќ и многу други работи и те како вредат тие пари (дури и евтино е). Денес проблем е времето...
 
Премногу се генерализира. Познавам доста луѓе во странство. Познавам луѓе од економски факултет од СКопје шо во време на студии се заебавале, журка овде журка онде, па не само што работаат по струка надвор туку и се одлично ситуирани. Значи не важи правилото дека економскиот не ти користи никаде. Од друга страна познавам некои истотака наши млади луѓе од електро и медицина што глава не кренале од книги, со просеци и не знам какви чуда и сеуште работат по супермаркети. Која е причината за таквата ситувција не би можел да кажам, но многу е битно и тоа колку човек знае да се испика, и дали има погоден момент. Сепак вреди барем да се проба надвор знаејќи какви се платите.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Зошто образованието во МКД го направија шалтерско затоа се смени односот кон значењето на факултетско образование. Разликата помеѓу високо образована личност и средно образована во принцип треба да е голема. Образованието е алатка да се дооформиш и специјализираш во некоја област. Економијата ја земавте за пример, економијата има мин 50 гранки. Тука спаѓаат и неколку стотици подгранки. Во економски науки спаѓа Осигурувањето, Транспорт, Сметководство и Ревизија, Меѓународни Односи и регулативи, Царина и царински процедури, Маркетинг (кој самиот се дели на стотина делови), Монетарна економија (НБРМ), Даночни системи, Бизнис планови и консултанство, Е-бизнис, Финансии (крвотокот на секоја фирма), Берза и берзански работи, Економика на претпријатија или микроекономија, Макроекономија и уште многу други поделби. Незнам за каква економија зборувате овде, али ако со економски не се вработиш после факултет било каде во овие гранки тогаш незнам што да речам. Факултетот е општо знаење за областа која ја студираш, практичниот дел е многу битен. Нагоре степените на образование треба да бидат во насока на лично надградување кое ќе ти користи во работата. Факултетот е само една одскочна даска во дефинирање на себе си. На 18 години неможе да знаеш што сакаш, јас го тврдам тоа. Подоцна или ја засакуваш струката или се префрлаш. На 18 год може да знаеш само дали ти оди математика или не и каде има повеќе или помалку математика.

Најбитен дел е работата. Со работа ќе научиш се она што си го читал да го примениш. Плус Македонија е одлична земја каде освен она од книгата што можеш да го примениш, ќе ги научиш и сите дупки во законот, криминално однесување, присилна наплата, до детал ќе го проучиш правниот систем, ујп, документи и ред други работи. После кога би видел во странство уствари за што се нервираат во работата ти доаѓа екранот од глава да си го траснеш. После Македонија се е убиствено лесно за работење. Гола вода што би рекле нашите.

Стојам на ставот дека денес не треба никој да се остави без високо образование. За себе пред се, за погледите, за можностите и амбициите.
--- надополнето: 24 јануари 2014 во 07:27 ---
На силванева у Германија, на миленко у Америка и ќе дојде после некој искомплексиран валволинец (со осмо) и ќе пишува бајки по форуми.
На Илинка Митрева ако се сеќавате од СДСМ за надворешни што беше и се надвор од тогаш. Од таа гарнитура на сите до еден надвор се испратени. Тие што имаа синови кога беше војната, абе први ги изнесоа надвор. Овие се помлади, али и нивните деца ќе работат надвор. Боневата бугарка тешка, јака патриотка на вилици.
 
Разлика меѓу високо образована личност и некој средно има меѓутоа ако прано повеќе се бараа високо образовани денес се повеќе се бараат технички лица и занаетчии - стручнаци. Разлика во финансиската заработка е се помала. Еден водоинсталатер во Австралија заработува како инжинер. Ѕидар овде наплаќа 1 - 1,20 долари од цигла за да ти изгради куќа. Веќе нема сервис да ти дојде дома кој не урачува цела дневница па макар тоа било и само за саат два. Од финансиска гледна точка може и без факултет да имаш пристоен живот под услов да се усовришиш и усмериш во некоја сервисна област.
 
Не правам муабет со подбив туку гледам дека незнаеш некои работи... Ај пошто не одговори на прашањето.. Број 1 во сите земји се финансиските институции. Најголем обрт на средства прават без разлика дали е сиромашна или богата земјата. За да бидеш дел од нив Образованието е само една скала, се останато оди во + за тебе.

Без завршена диплома ОВА ГО ЗБОРАМ ЗА НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА, не ја споредувајте Македонија со цел свет ! , нема шанси да бидеш во средниот или пак високиот менаџмент на компанијата...

Сега џабе ќе ви докажувам на вас тука кога сте се фатиле за една работа и мислите дека тоа е точно. И во Македонија дипломата игра голема улога само не е толку изразена како надвор... Кај нас број 1 фактор е партијата,врските, па после образованието и квалификацијата..

Тоа дека факултетот не е гаранција ќе си го сватиш на своја кожа ако излезеш од Македонија и живееш на страна, јас неможам да те убедувам како работи капитализмот...

Значи ете ќе ти кажам за во економски развиените земји, факултетот ако не е некој од нај престижните, ретко игра улога, најчесто ти треба дипломата затоа што во многу држави неможи да си инжинер или менаџер ако немаш соодветно образование(ова е законски одредено) Исто така да се докажи дека ти си упатен во некоја област ,но дипломата не покажува колку си ти квалификуван да работиш конкретна позицијa. Најчесто дипломата ти ја рачунаат како плус, односно ако немаш диплома наместо 3 години искуство ти бараат 5.
Да те прашам кажими барем 5 Fortune 500 компании каде што си бил на интервју и сте зборувале за на факултет? зборувам за senior позиција , не интершип. Само ако одиш интершип или работиш нешто научна дејност тогаш да ти треба дипломата.

Што повеќе искуство тоа подобро, во економски развиените држави се почнува со пракса/работа од 3 та година , така да кога ќе излезиш од факултет имаш диплома и две години искуство, и без проблем земаш junior позиција која е солидно платена.

Така да откако ќе поминиш на 10 тина интервјуа (Австралија мислам дека замина по тоа што те читав) ќе зборуваме потоа колку ги интересирало што си правел на факултет.
Да не зборуваме дека за да се вработиш во Fortune 500 компанија или која и да е со поголем капитал и некоја интернационална , минуваш 2-3 тестови и 3-4 интервјуа. За некои од нив ќе се спремаш повеќе отколку за дипломска.

Веќе се повторувам на погоре напишаното од FARANG
 
Мислам дека треба да му ги препрочиташ мислењата на членот одново. Тој не де пофали дека има мерцедес од 20к, туку дека тие кои заминаѓе викаат нема пари а возат тамов мерцедес.

ok... може имаш право дека е сакал да каже сосем спротивното на тава шо јас бех помислил ама јас одговарам врз база на тава шо читам и он мн убаво беше напишал баш как шо јас бех разбрал.
ama uspat vidi mi go mercedeso so go kupi ovaa godina od 20000eu i mobilnio so gorila glas e od najnovite modeli e,i uspat pitat a ti znaes li so e toa gorila glas bratuced?
зборчето шо е подцртано може е грешка напишано ама менува значењето на цела реченица. наместо да кажува една, кажува сосем трета работа. зашо корисникот у прашање едноставно не ми има кажано дека грешка сум разбрал и нема пробано да каже как правилно би требало да стое? може оти имам право со тава шо мислам...? как и да е, јас сум спремен да се извинам ако е дојдело до некакво недоразбирање ама пред тава, црнио нека си признае на грешката и нека науче да не се брза ко треба да дава некаков одговор ;) и да: зашо не одговоре дека е и шо работа работе? има ли нешто лошо у тава?

И јас исто прочитав. Незнам Провенцано што сфатил :)

Провенцано тебе у Италија не ти одат коцките пред скоро те читав во Драга Кајгана:

Али да не ти навлагам во дискусијата би дала само заклучок. Се зависи очигледно од тоа како се снашол некој во странство. Ако е добро снајден ќе се фали и тоа на штипјанецов погоре и јас го гледам секој ден. И мене апсолутно не ми е чудно што напиша дечкото кога е сосема во право го опиша менталитетот на „староседелците“ и на форумов ги има такви.

Арно ама овие што не се снашле тоа ти е боже сачувај. Читај и плачи.

драга leandra, додека одаах на работа ме виде некојпат да се курчам тука по форумо да кажувам как добро се живее со една плата од 1100е, дека возам Ferrari и некои слични да не кажам сељачки работи? мада само ке ти кажам оти со та работа шо работаах, на други места дават мн помалку плата. и са веќе ак треба да се фалам на „големо„ ке ти кажам дека имам работено како обезбедување у единствениот магазин на Amazon тука у Италија и зимаах по 1400 - 1500е. факто поради кој веќе не работам тама е безбедносната политика шо менаџерите ја имат кон тие шо се одговорни за безбедноста на магазинот. ако не успеа да разбереш доволно добро, изрази желба и ке ти објаснам подобро.
колку толку јас се имам пробиено и си имам отворено некаков пат са за са. А за тава как ми се наместени коцките, верувај дека се добро и покрај тава шо у моменто не одам на работа. ако убаво успеах поентата на твојо пост, сакаш да кажеш дека се немам снајдено? или у случај грешка да сум разбрал исправи ме.

Sega mi e jasno zasto ripa celo vreme Provencano :facepalm:.Nego go brecnal mercedeso od 20k i telefono od 500 eu, a jas tuka nemam godina kako sum i kola ustvari nemam pa mora da se vozam so U-bani :ROFLMAO:.Dobro e razbrame se...

научи поарно да пишуваш и се изразуваш па може ке продолжеме со дискусијата
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom