Зошто образованието во МКД го направија шалтерско затоа се смени односот кон значењето на факултетско образование. Разликата помеѓу високо образована личност и средно образована во принцип треба да е голема. Образованието е алатка да се дооформиш и специјализираш во некоја област. Економијата ја земавте за пример, економијата има мин 50 гранки. Тука спаѓаат и неколку стотици подгранки. Во економски науки спаѓа Осигурувањето, Транспорт, Сметководство и Ревизија, Меѓународни Односи и регулативи, Царина и царински процедури, Маркетинг (кој самиот се дели на стотина делови), Монетарна економија (НБРМ), Даночни системи, Бизнис планови и консултанство, Е-бизнис, Финансии (крвотокот на секоја фирма), Берза и берзански работи, Економика на претпријатија или микроекономија, Макроекономија и уште многу други поделби. Незнам за каква економија зборувате овде, али ако со економски не се вработиш после факултет било каде во овие гранки тогаш незнам што да речам. Факултетот е општо знаење за областа која ја студираш, практичниот дел е многу битен. Нагоре степените на образование треба да бидат во насока на лично надградување кое ќе ти користи во работата. Факултетот е само една одскочна даска во дефинирање на себе си. На 18 години неможе да знаеш што сакаш, јас го тврдам тоа. Подоцна или ја засакуваш струката или се префрлаш. На 18 год може да знаеш само дали ти оди математика или не и каде има повеќе или помалку математика.
Најбитен дел е работата. Со работа ќе научиш се она што си го читал да го примениш. Плус Македонија е одлична земја каде освен она од книгата што можеш да го примениш, ќе ги научиш и сите дупки во законот, криминално однесување, присилна наплата, до детал ќе го проучиш правниот систем, ујп, документи и ред други работи. После кога би видел во странство уствари за што се нервираат во работата ти доаѓа екранот од глава да си го траснеш. После Македонија се е убиствено лесно за работење. Гола вода што би рекле нашите.
Стојам на ставот дека денес не треба никој да се остави без високо образование. За себе пред се, за погледите, за можностите и амбициите.
--- надополнето: 24 јануари 2014 во 07:27 ---
На Илинка Митрева ако се сеќавате од СДСМ за надворешни што беше и се надвор од тогаш. Од таа гарнитура на сите до еден надвор се испратени. Тие што имаа синови кога беше војната, абе први ги изнесоа надвор. Овие се помлади, али и нивните деца ќе работат надвор. Боневата бугарка тешка, јака патриотка на вилици.