Добра била опцијата игнор, баш кликнав прикажи ја игнорираната содржина, и се покаав...нека си седи.
Него, и јас сум оптимист за Мата и уште верувам дека ќе остане, бар до лето, не сакам да си оди и сакам да остане во клубот и да се БОРИ за своето место.
Го поштуем многу Мата, ептен поштуем сФе што напраил за нас, ама чекај малце, дали добрите сезони лани мора да му гарантираат стартно место во тимот. Се повреди пред почетокот на сезоната, пропушти добар дел од подготовките, не дека немаше минутажа, ама се гледаше дека не е тој Мата. Тоа е дел заслуга и до тактиката на Мурињо, ама Мурињо сигурно нема да ја менува својата философија на фудбал поради еден играч. Играчот треба да се прилагоди на тактиката, а не обратно. Тактиката бара многу трчање, покривање доста во одбрана и на офанзивните играчи, што Мата не беше во можност да го прави толку добро како Оскар. Не дека Бразилецот е брилијантен, ама сезонава беше покорисен од Мата.
Дури и кога Мата добиваше малце поголема минутажа не ја искористуваше како треба, освен по некој блесок (против Арсенал во купот и против Тотенхем ако не се лажам, на тие ми текнува во моментов). Ако он сака да добие стартно место во први 11 без напорна работа и борба, мало морген.
Мата уште се нема изјаснето, барем јавно, дали сака да остане и да си оди. Клубот сигурно нема да го продава ако сака да остане, имајте малце логика. А логиката вели дека ако играчот сака да си оди, не е разумно да го оставиш од повеќе причини (се нарушува хехмијата, имаш играч кој е незадоволен, зима плата, а од друга страна во моментов можеш да му земеш солидна сума). Да претпоставиме дека сака да си оди- нема да го продадат сега, нема да игра или ептен малце ќе игра до лето, веројатно нема да игра на СП, и тогаш ќе можат да му земат бар 40% помалце него сега.
Ако сака да остане, веќе е друга работа. ќе имаме 5 играчи за тие три позиции, мислам дека ќе добие минутажа, но ќе мора и напорно да работи. Ако го направи тоа, ако почне подобро да игра, не се сомневам дека на лето ќе добие нешто побогат договор од сегашните 70 илјади фунти неделно (кои реално се мизерни за играч како него).
Уф, се остаив, ај сега одам да учам ВП.
