Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
All Is Lost 2013 720p WEB DL H264 PublicHD
филмов! :cuc::cuc:
еден актер на едно место (брод/чамец/море) и само 10тина збора монолог!
--- надополнето: Jan 23, 2014 3:01 AM ---
asd
 
Rush, добар...предобар. Бев скептик за филмов пошто во живот немам гледано трка со формули ама стварно одлично сработен филм, како само го погодиле глумецот за Ники Лауда алал нека им е, како да е роден само за оваа глума, браво. (y)
 
Сакав да го прекинат филмот без да му подаваат рака, без разлика дали халуцинирал или не. Вака филмот многу повеќе алудира дека е спасен отколку да оставел сами да одлучиме што му се случило. Треба да си ептен голем оптимист за да претпоставуваш дека ќе се спасел ако го прекина филмот веднаш откако му се запали цел чамец.
Ептен Бед Лак Брајан ќе испадне ако не се спаси, а 3 пати поминаа бродови и не го видоа. Оганот од чамецот беше доста голем и големо светло направи, па можно е да го имаат видено порадо тоа.
А хинт+ дека е халуцинација е тоа што ги виде дури откако потона повеќе, а зашто тие носеа фенер со нив и светеа наоколу, тој би ги видел уште пред да почне да потонува. Ова доста цврст хинт ми е, па затоа мислам дека е халуцинација. А баш сакам да се спаси, 3 пати го сјебаа :D
btw ставај ги спојлерите во
Код:
 [spoiler]тексттекст
 
Сакав да го прекинат филмот без да му подаваат рака, без разлика дали халуцинирал или не. Вака филмот многу повеќе алудира дека е спасен отколку да оставел сами да одлучиме што му се случило. Треба да си ептен голем оптимист за да претпоставуваш дека ќе се спасел ако го прекина филмот веднаш откако му се запали цел чамец.
Ептен Бед Лак Брајан ќе испадне ако не се спаси, а 3 пати поминаа бродови и не го видоа. Оганот од чамецот беше доста голем и големо светло направи, па можно е да го имаат видено порадо тоа.
А хинт+ дека е халуцинација е тоа што ги виде дури откако потона повеќе, а зашто тие носеа фенер со нив и светеа наоколу, тој би ги видел уште пред да почне да потонува. Ова доста цврст хинт ми е, па затоа мислам дека е халуцинација. А баш сакам да се спаси, 3 пати го сјебаа :D
btw ставај ги спојлерите во
Код:
 [spoiler]тексттекст
Знам ама од мобилен ме мрзи да го пишувам овој дел за спојлер :)
 
Zedd, фала што ми го расипа филмот со спојлери. Ги избришав мислењата. Свесни сте дека во 2014 ни на најголем душман не смееш да му расипеш филм раскажувајќи го крајот.
Не сме од вчера на форум... Лошо. (n) (n)
 
Zedd, фала што ми го расипа филмот со спојлери. Ги избришав мислењата. Свесни сте дека во 2014 ни на најголем душман не смееш да му расипеш филм раскажувајќи го крајот.
Не сме од вчера на форум... Лошо. (n) (n)
Пишав дека е спојлер уште на вториот збор, не требало да продолжиш да читаш не можам од моб да го ставам тоа за криење на текстот. Sorry
 
Кога двајца кајганџии се расправаат преку спојлери за некој филм. :icon_mrgr:

kolega.gif
 
And suddenly...I felt no underwear..

The-Wolf-of-Wall-Street-Trailer7a.jpg




Постои ли некој што не ја ставил сликава на фејсбук ? :tapp: :tapp:
Разочарувачки е колку девојчиња се диват на ликов на спонзорушава во филмот (спојлер алерт во случај да не заклучивте од сликава)
 
Што научивме од Gravity, Captain Phillips и The Wolf of wall street (спојлери за филмовиве)

Волкот:

-Приказна за тоа како лесно да направиш многу пари на американски начин и како уште полесно да ги “поебеш” на македонски начин.

-Работен наслов на филмот бил “Американски ТАТ”, но го смениле кога дознале дека во Македонија се подготвува сличен филм за вистинскиот ТАТ.

-Само во Америка можеш да направиш криминал, да ги отцинкаш пријателите, да заглавиш затвор и после да станеш успешен писател и добро да заработуваш држејки мотивациски говори. Кај нас можеш само да ги отцинкаш пријателите и....и толку...нема после...

-По проекцијата на филмот, Американско-македонското здружение на финансиски експерти “Easy money” организирало симпозиум на тема “ТАТ или Stratton Oakmont- кој прв почна”

-Од причина што во деведесетите во Америка и немаше многу рокенрол, “секс, драгс енд рокенрол” во случајов е заменето со “секс, драгс енд мани”

-По проекциите на филмот The Wall Street Wolf, значајно се зголемил бројот на познати скопски шемаџии кои аплицирале за американска виза.

Филипс:

– Кога некој ќе ви каже дека работа на брод е само уживање во сонце, светски мориња и туристички дестинации кажете му “Да, само ако капетан на бродот не ти е Мусе Сомалиецот”.

-Најверојатно Мусе и компанија добиле дојава дека Стојанче Ангелов не бил на смена па решиле да го нападнат бродот.

-Ако си морнар, кога шефот на палуба ќе ти каже поправи го стегачот на шмркот број 7 зошто пирати од таму ќе се качат на бродот, ти подобро прекини го нивото на Кенди Креш Сага и поправи го стегачот.

-Кога си пират кој штотоку заземал брод, никако немој да одиш бос по темници низ бродот зошто морнариштана лоши имаат специјални шишиња кои ќе ги искршат и ти лом ќе се направиш по стопалата.

- Дојавата до пиратите дека Ноне е на бродот била лажњак. Само мамка за пирати.

-Американските снајперисти (на филм) можат да погодат и комарец во лево око.


Гравитацијата:

-Имало режисер на светов кој (на филм) ќе го убие Џорџ Клуни, без разлика на притисоците и жалбите од светските здруженија на “Осамени и очајни домаќинки обожавателки на филмски седокоси мидлејџ шармери”.

-Нема ефект да ја праќаш жена ти во вселената. Таа и покрај катастрофата и дожд од астроиди и смртно опасни летачки делови од спејс стејшн, и покрај откачувањето од станицата ќе најде начин да се врати. Макар морала да лета со кинеска капсула иако никогаш не учела кинески.

-Американците треба да го отпуштат обезбедувањето во НАСА. Не само Кинезите, туку и Русите им ги ископирале вселенските летала од А до Ш.

-Русин ни во вселената не оди без вотка.
 
филмов! :cuc::cuc:
еден актер на едно место (брод/чамец/море) и само 10тина збора монолог!
Многу сакам вакви филмови со преживување, Редфорд би го гледал во улогава уште 100 саата, час по глума, мајстор, јак филм, All Is Excellent
 
Штотуку го изглеав Filth, добро филмче, комедија со трансформација у тешка драма на крајот, Trainspotting шмек, мноогу луди сцени, ама главното ми беше за James McAvoy, ненормално одглуми, играше сличен лик како Лео во Волкот само многу повпечатливо, не знам зошто го немаше по номинацииве(n)
 
Иако не напишав такво нешто во темата за филмски желби во 2014, одлучив секој месец од годинава да го посветам на еден режисер и да направам еден маратон со неговите филмови. Јануари ми беше за Кристофер Нолан. Не знам зошто го одбрав него, може затоа што гледав во Moviespotting дека многумина го репризираат The Prestige. Ама задоволен сум што го одбрав него, зошто едно од ветувањата во темата за желбите ми беше дека во 2014 ќеги гледам (за прв пат) сите филмови за суперхерои, па така со гледањето на трилогијата за темниот витез на Нолан убив две муви со еден удар. Значи - во изминативе неколку дена ги репризирав Memento, The Prestige и Inception, а за прв пат ги изгледав и Following, Insomnia, Batman Begins, The Dark Knight и The Dark Knight Rises. Вака изгледа топ листата на неговите филмови (иако ми беше многу тешко да ги рангирам првите 4, сите се подеднакво добри):

1. The Prestige
2. Memento
3. The Dark Knight
4. Inception
5. Batman Begins
6. Insomnia
7. The Dark Knight Rises
8. Following

ОК, знам дека по Memento ептен се искомерцијализира и во филмовите се гледа дури и неговата борба помеѓу уметноста и она другото - она што го прават парите. Но и покрај тоа што е режисер на блокбастери, Нолан останува интересен и по Memento. Ми се допаѓаше развојот на нелинеарниот тек на приказната: од Following, преку Memento и The Prestige, па се до Inception. Како да се труди да биде се покомплексно и покомплексно раскажано. Интересно е што и Нолан, како и многумина други режисери, си има свои „омилени актери“ кои обично ги фура низ филмовите: Мајкл Кејн му е миленикот број 1 (ќе го има и во Interstellar од 2014), но и Кристијан Бејл, Џозеф Гордон Левит (или како и да се чита Levitt) , Том Харди и други. Нолановите „клишеа“ се движат од почетоците на филмовите кои обично се флешбек сцени од крајот на дејството и во кои првиот кадар е главно фокусиран на рацете на главниот лик, преку гро-плановите во кои позадината е замаглена, до нелинеарните или паралелни приказни со кои не води кон кулминативна точка, кои обично вклучуваат романтичарски извајан лик кој се бори за одмазда на мртвата љубена (или љубен), и во кои главните ликови обично имаат некое пореметување од психолошки карактер. Она што мене најмогу ми смета е што на сметка на приказната кај него трпат карактерите. По мое мислење - сите до еден се недоволно извајани. Не знам за вас, но за мене и покрај огромните суми пари вложени во неговите филмови и спектакуларните визуелни ефекти кои ги прават дури и повеќе од обични блокбастери (освен првите два: Following и Memento) Нолан е еден од подобрите режисери на денешницата. Едвај го чекам Interstellar во кој освен Мајкл Кејн ќе ги видиме и Метју Мекконахи, Џесика Частеин, Кејси Афлек ииии..... Анетоооооооооооооооо!
За фановите на Radiohead (гледам многу ве има на форумов) пред да почнете да го хејтате, внимавајте - прочитав дека и Нолан е еден од вас. ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom